Добро утро мамички, бев вчера на преглед и бебко е точно колку што треба да биде 9та недела со срцева акција од 180 и 2цм посреќна не сум била во животот
Здраво мамички, ве молам да ми препорачате што пиете за мачнини во желудник, не можам да финкционирам од гадење и болки… Дури Среда имам закажано преглед на гинеколог..
Зошто би била загрижена? Во 13та недела плодот не е ни 100 грама. Дури и во подоцнежните недели може да не ти се познава стомак, зависно од конструкција, положбата на бебето итн. Додека на прегледите се е добро и бебето си напредува според неделите нема никаква причина за загриженост. И поголем/помал стомак не е никаков показател за тоа. Може да имаш голем стомак а бебето да е ситно или да заостанува, а може и да не ти се познава дека си бремена а бебето да е понапред според мерките.
Се сложувам, дека нема врскаа стомакот со тоа дали со бебето е се во ред. Има жени на кои до 7ми месец не им се знај стомак.. Има некоии само шо ќе дознаат и веќе им расти трудничкото меше.. Зависи, кај сите е различно!
Почнав од 2 месец мислам. Маслото од ДМ од Babylove и путерот за тело од Алверде ги користев јас. Задоволна сум.
И јас го користам ова бејби лов ама искреноо мене ми е пресува кожата мачкам сабајлее после туширање ии послее како излупена кожата ми е од сува.. Не знам искрено за поголемитее месеции, мислам дека нема да ми врши работа..
Пробај и со путеров комбинирај. И мене ми е сува и така на почеток имав лупење кога почнав само со маслото, после мачкав еден ден од едното, еден ден од другото и океј ми беше. Помрсен е путеров. Јас 2те ги комбинирав и супер поминав, само 2-3 малечки стрии добив лево странично малку под колкот, ама таму не ни мачкав убаво
Од 3ти месец почнав да се мачкам и по препорака на членки го користам маслото на Weleda, го има во зегин. Прочитав коментари дека бил скоро исти состав со babylove од dm кое е мн поефтино, па планирам да почнам да ги комбинирам зошто две шишиња месечно ги трошам од weleda, а скапички се
Да се пријавам по втор пат на темава позитивен тест во неделата, потврден понеделникот преку крв, чекам термин кај гинеколог во вторник. Се чувствувам ко да немам родено, ко сѐ да ми е ново овој пат матична ми е др Чочороска, да прашам да не некоја од вас ја следи временоста кај неа и искуство?
Девојки здраво со лесно на сите..Ве молам за совет 7 недела и 2 дена сум ,но од петокот почнав мн да кашлам без прекин матичната ми даде Оспен ,па ве молам за совет дали во толку рана бременост сте земале антибиотик и дали штети и дали можи и ова кашлицава може нешто да направи мн ми е страв
И јас имам пресува кожа особено во зима, кога ќе се истуширам ако не намачкам лосион како шугава се чешам, па и јас мислев дека сигурно ќе ми се појават стрии заради сувата кожа и дека терминот ми беше во зима. Ама реков ќе мачкам па како сака нека биде. Од 4 месец некаде почнав со Бејби Лав маслото и во него истурив малку течно масло витамин Е (на HealthAid е го имам купено негде по аптекиве). Пред да ставам масло мачкав тонер од centella asiatica купен во продавница за корејска козметика (centella asiatica помага да се задржи еластичноста на кожата). И ниту една стрија не ми се појави, а многу брзо после пораѓај и стомакот ми се врати во првобитна форма без да имам воопшто вишок кожа, буквално како што ми беше пред пораѓај. Пробај ја комбинацијава, ништо не губиш.