Имам малку на задникот што ми се скроз избледени ама ми се појавени одамна мислам некаде во пубертет кога поинтензивно сум растела и телото ми се развивало. А имам и генетски предиспозиции - мајка ми во бременост целата добила стрии и на стомак и на гради и на рацете. Точно е дека не секогаш можеме да избегаме од генетиката, ама наше е да пробаме.
Дали некоја членка има искуство со каснење на плодот или несовпаѓање на датумите баш со ништо, ни со последна менструација, ни со датум на позитивен тест, ни со едно и друго ехо во рана бременост а притоа да има срцева акција и се да било океј на крај и да се изедначиле термините? Знам за жени кои имале покасна овулација, нередовни циклуси и сл па кај нив е понормално тоа каснење, меѓутоа јас имав редовни менструации на 30-31 ден, си го знам датумот на овулација, позитивен тест имав уште пред добивање ама и бетата на почетокот беше назад со бројките иако се дуплираше правилно, па имаше сакус во 6та недела ама тогаш прв пат го поместивме датумот за некој ден бидејќи големината не соодвествуваше со последната менстуација, па имав крварење ама плодот си беше супер, пред 1 недела според мерките соодвествуваше за 7+0, после една недела наместо да биде 8+0 плодот мереше 7+4, срцева акција има, докторот воопшто не беше загрижен меѓутоа мене глава шашма ми се направи...Ако има некој да сподели искуство, искрено јас секој момент го очекувам најлошото а двајца доктори воопшто не се загрижени
Јас само ќе ти кажам да се опуштиш, се ќе биде во ред. Кај многу така се случува една недела напред или назад да е плодот, да не се совпага со неделите. Штом и докторите ти кажуваат дека се е добро уживај и гали меше. Најважно има срцева акција, правилно се дуплира, на ехо се гледа веќе плод, немаш простор за паника.
Се согласувам со anggell. Во првата бременост ми беше така и фала Богу сѐ беше во ред, здраво право надносено бебе. Еве и вторава е сѐ во ред, ама изгледа помало иако точно знам кога се случило “оплодувањето” мислам дека и не можат да се толку прецизни сега пошо зависно како ќе го фатат на ехо, малечко е. Уживај си, се ќе биде во ред same goes to me
Јас исто имам долги циклуси на 31, ама почесто на 32 дена добивав. Со многу рани овулации, кои беа брзо по завршување на менструацијата, сите бремености ми се така настанати. Добив позитивен тест за бременост многу рано, некои 8-9 дена пред ден на добивање. Не следев бета, правев само тестови за да ја следам линијата додека се јавам на гинеколог, оти требаше да ми доцни за да пријавам позитивен тест. Бебето беше цела недела подоцна со развој низ цела бременост, како да е добиено со доцна овулација а фатено на тест прерано. Не најдов логика, ама во медицината 2 и 2 не се секогаш 4. Иако цело време го водеа подоцна, развојно не заостануваше, се развиваше така како што го водеа од почеток и никој не се загрижи. 11 месеци веќе го гушкам. Ако е се во ред со бебето, пробај да се опуштиш и да уживаш во бременоста.
Здраво мамички-to-be, кратко прашање, кафето како ви влијае во првото тромесечие? Јас и онака не пиев кафе (само безкофеинско) но имам впечаток дека скроз ќе ме иритира. Деновиве некако ми се пројави желба за кафе, но ми е страв да не ми влијае лошо на желудник. Инаку, досега не повраќам (9н и 5д) ама ми се лоши некои утра.
Мене во прв семестар мирисот на кафе воопшто не ми пријаше, ми се лошеше од него па го баталив скроз и еве 3,4 месеци како ич не пијам, се одвикнав и не ми ни бара телото. А претходно нерасонета одма до кафематот идев сега чат пат какао ќе си направам и ми е топ
Здраво девојки, последна менструација ми беше на 13 јануари, а минатата недела имав неколку позитивни тестови за бременост. Моментално сум околу 6 недела бремена. Моментално не сум во дома, па планирам првиот преглед да го направам кога би била околу 9 недела.(кога ќе се приберам). До сега немам никакво крварење, имам секојдневно гадење, подуеност и чувствителни гради, без болки (болка такс слаба чудна имав во текот на минатата недела но вече ја нема). Повремено имам мала количина бел исцедок без мирис, без чешање или печење. Имам примено хемотерапија пред околу една година (сега сум во ремисија), па малку повеќе се грижам и сакам да направам подетални прегледи за да бидам сигурна дека сè е во ред со плодот. Дали е во ред првиот преглед да биде околу 9 недела? И кои прегледи најчесто ги прават на прв преглед ? Исто такс ме интересира колку би чинеле истоте доколку ги направам на приватно доколку некој има искуство да ми каже. Ви благодарам однапред
Честитки душо, добредојде во тимот! Во ред е да го направиш првиот преглед во 9та недела, доколку немаш никакви проблеми во меѓувреме. Сите симптоми што си ги имаш моментално се нормални, одмарај си и уживкај си. На првиот преглед гледаат дали е во матката, дали има срцева акција, во 9та недела има изглед како мече. За приватен преглед зависи каде сакаш да одиш, ама мислам дека цените се окулу 5000ден секаде.
Девојки кажете чаре за затнат нос тапа ми е и на моменти ми течи дали смеајм да земам детски капки нешто да дишам неможам
Здраво, јас исто така имав затнат нос и матичната ми кажа да земам спреј за нос со морска сол. Со лесно!
Девојки и јас се приклучувам на клубот позитивен тест, последен циклус на 06.2 денес направив тест за бременост и истиот е позитивен малку побрзав од нетрпеливост бидејки се обидуваме некое време. Ке повторам и утре за сигурност па да ве прашам кога ви беше првиот преглед на лекар за потврда на бременост и дали да закажам за некој ден, бидејки имав биохемиска пред некое време некако мисла ми е не како што да постапам, и дали некој имал исто биохемиска и бил под терапија на аспирин и фолна дадена од Јани и дали бевте на некој дополнителни испитувања поради тоа и дали го исконтактиравте др.Јани за дополнителни терапии
Со лесно, се надевам дека сѐ ќе биде во ред и ќе си имаш мирна и лесна бременост. Јас последна менструација имав на 21 декември, позитивен тест на 18 јануари, а прв преглед кај гинеколог на 30 јануари, значи 5н + 5д од последно добиено. Обично така закажуваат - 2 недели по позитивен тест. А во меѓувреме, докторката ми рече да не вежбам, да не кревам тешко и да немам односи. Пренатални веќе пиев и само да ги продолжам. За мене е прва бременост, те охрабрувам да се чуеш со матичната, можеби ќе има некои дополнителни препораки. Со лесно уште еднаш!
Jas go imav istiot slucaj, uste od denot na pozitiven test si ja piev terapijata a najcesto posle 2 nedeli e prviot pregled pa kje ti kazat sto kako ponatamu dokolku treba da primas i kleksani. Ponatamu kje te prakjaat na transfusiologija za dimeri i hemostaza. Mnogu e vazno da imas doverba vo doktorot sto kje ja vodi bremenosta, slobodno prasuvaj si se sto te interesira, duri mozes vo bilo koe vreme od maticen da baras upati za gore na gak kaj postrucni lica. So lesno
Женички лесна бременост на сите. Пишувам уплашена за една тема, воедно сум за некој ден 7ма недела од бременоста и бев на прво ехо за срцева акција. Имаше срцева акција имаше жолчна ќесичка, нормален ембрион согласно неделите, но докторот ми спомена некои почетни промени кои биле околу самиот сакус кои подоцна можеле да значат аномалија на плод, да чекам да видам дали ќе имам спонтан. Воедно еден спонтан веќе имав пред 2 години, поради неоткриена тримбофилија. Дали на некоја и имаат кажано вакво нешто толку рано и дали е можно ова?
Здраво девојки, би сакала да прашам, после позитивен тест напрајв бета вредностите на 4н +6д -1153, на 5н.+ 0 - 3036, ме интерсира дали се во ред или високи за 5та недела ?
Девојки дали некоја има проблем со течење нос? Буквално не може 10 мин да поминат без да треба да секнам нос… чешма Читав на нет дека е еден од симптомите во бременост може дс биде течење нос, но ова е неподносливо сѐ се плашам дека се разболувам.