Можеш и б6, 3 пати по едно. Јас имав мачнини до 23-24 недела. Мене и од мастики и од вода ми се лошеше, од се.
Здраво дали си забележала дека повеќе ти се спие од нив? Мене ми ги дадоа, минимално ми помагаат ако пијам по 4, ама многу ме преспиваат ко дрогирана сум од нив.
Трудници јас пак на голема мака сум прелошо ми е само лежам и повраќам ми се гади премногу од мириси секакви, пишете што најмногу помага ми кажаа некои членки кока кола бадеми мастики сода и лимон ама ништо од тоа не помага. Неможам да издржам од што ми е лошо. Слабо јадам не сум отидена во тоалет по голема со денови 5 или 6
Јас пијам по 2 3 макс, едно пред спиење и другите во текот на денот ако гледам дека ми е лошо...мене ми се спие и без нив...ама со оглед дека имаат толку многу б6 нормално е да успиваат.
Јас користев на Еуцерин масло цела бременост, презадоволна сум немам ниедна стрија, Го користев од 8ма недела се додека не се породам, при крај појачав и со Риластил. Исто преку ден се мачкав со путерот на хип, а навечер маслото.
Дали можеш да ставиш слика од сите производи што ги спомена? Јас само што дознав дека сум бремена и сакам одма да почнам да се мачкам
Со првата бременост,мачкав редовно Еуцерин маслото и кокосово масло.Не ми се појави ,ниту една стрија.
Во првата бременост Еуцерин мачкав до крај само тоа масло, пре задоволна бев, сега мислам го нема повеќе во продажба. Сега за втора бременост си го купив ова од Дм и супер ми се погоди.
Женички помагајте,немам гадење не повраќам во бременоста али проблем со желудникот катастрофа ,што и да каснам ме стега желудникот ме боли ,дали има некоја што се соочува со ваков проблем како мојот.
Здраво женски, дали некоја имала грозница на почетокот на бременост? Јас имам и наавечер и во текот на денот и не знам дали е тоа нормално или треба да се загрижам?
Мене знае да ме стресе од време на време, баш вчера се покривав со јорган и ќебе Јас како што имам читано нормално било... Инаку, кога би требало да се оди на прв гинеколошки преглед? Според моите пресметки моментално сум 5та недела.
Да, кај мене имаше слаба срцева реакција на првиот преглед. Ќе си видиш точкичка, и за некоја недела здравје - малку по малку ќе почне да се оформува. Многу е убаво