Штом има сакус не се секирај, ќе го видиш ембринот следен пат и срце ќе чуеш. Исто бев и јас, убедена точно кој ден ми беше овулацијата ама пак испадна недела дена покасно на мерки. Па еве сме броиме ситно пред пораѓај
Јас 5+4 планирам да одам на прв преглед и да ми потврдат бременост, се надевам е доволно за да се види нешто. Е што до тогаш? Нормално секојдневие или треба да внимавам на нешто? Прва бременост па сум малку исплашена, извинете Инаку немам проверено преку крв, вчера позитевен тест, денес пак позитивен (мислам дека секој ден ќе се тестирам ) Дали пропуштам нешто? Ве молам упатете ме малку. Благодарам
Најчесто прво ехо закажуваат 2 недели после задоцнет циклус, меѓутоа секоја има различна овулација па понекогаш можат и порано да потврдат бременост. Не се плаши ако на првиот преглед не се слушне срцето, на почеток е доволно само да установат срцева акција па малце покасно околу 7-8 недела и ќе се слуша. Периодов со топлото може да бидеш малце повнимателна, повеќе вода внесувај, а веќе од 6та недела па натаму се појавуваат и мачнини Самото тело ќе ти покажува знаци, само опуштено и со лесно
Јас би ти препорачала да не одиш толку рано, бидејќи јас исто бев и само си направив повеќе стрес и нервоза бидејќи не се виде буквално ништо па само повеќе бев во мисла и морав да одам 3 недели по ред. 5 нед и 2 дена немаше ништо 6 нед и 2 дена сакус и жолчно ќесе 7 нед и 2 дена плод со срцева скција со големина на 6 нед и 2 дена (покасна овулација) Немора да значи дека ќе биде исто, нормално дека секоја од нас има различно искуство, но јас би почекала. Во меѓувреме позитивни мисли, радувај се на убавиот период што следи. Внимавај да не креваш ништо тешко и доколку вежбаш може да направиш пауза, почни со фолна ако сеуште не си почнала со среќа