Нема совет, ќе потрае. Избегнувај да јадеш тоа што ти прави бетер, по малку каснувај, леб, леб, битно да не си гладна. За течност немам совет, зашто јас сум 16та недела и тек сега малку видов подобрување, но течност уште ми смета.
Zdravo bremena sum 9ta nedela,no maticnata uste me nema pusteno da pravam krvna slika.. drugo sto treba da se napravi
I jas sum 6ta nedela bremena.. za srceva zakazame tocno na 7ma. Ama mi e cudno sto nemam nikakvi simtomii ni gradi nishto..
Јас крвна слика направив во 12 недела, исто и брисеви. Така да сеуште е рано да правиш од сега, и да излезе некоја инфекција мислам дека не даваат терапија пред 12 недела
Немам ни јас, немав ни со првото дете ептен лесна бременост имав, со второто имав симптоми после 7-8 недела и повеќе грчеви во стомак. Со оваа бременост уште немам никакви симптоми.
И јас исто... 6 недела почнувам од утре, само од време на време знае да ми биде гадно како да сакам да повратам, а уствари неможам.. повеќе ми е од што мислам на тоа цело време Сакам да прашам дали од Утрогестан (орално) некоја од вас има јаки вртоглавици, зашеметеност како пијанство и слабост во телото.. Го земам само навечер по еднаш, двапати досега, вчера мислев дека на болница ќе завршам.. огромна слабост почувствував, фала богу што сопругот беше до мене
Здраво женички Јас едвај преживеав овие последни две три недели. Не можам да готвам никако а сум постојано мртва гладна и од што ми е празен желудникот повеќе ми се лоши и не се чувствувам добро. Ама ми се гади од секоја храна што испаѓа од мојата кујна, доколку не е во пакетче никако не можам да ја јадам. За месо па воопшто не правам муабет, а најдобро поминувам со тајландска храна, за нејзе немам проблем. За на лекар бев на лекар, преглед во осмата недела и со докторката правевме муабет и јас сакав нели тестови за испитување за од даунов синдром и слично овде што ве читам вас. Таа ми рече дека всушност бидејќи сум била млада тестот ќе бил 53% точен и 47% неточен. И доколку покажел аномалии ќе морало да ми прават испитување преку водата во која е бебето и тоа било процедува во поодмината бременост и било ризично. Така да освен ехото во 22рата недела кое е за мерење на главата, рбетот, внатрешните органи и нема да има некој дополнителни испитувања. Е сега дали тоа е ехото што го читам како скрининг? Мене воопшто ништо не ми е јасно, јас само читам за некој испитувања и тестови но на лекар кога ќе отидам како да не постојат тие опции или пак еве јас сум збунета па може зборуваме за истите. Инаку дури сега почнав да земам апчиња за фолна. Исто така ми зедоа крв но тоа било за испитување на мене, јас дали сум имала некој болести во моментот бидејќи гинекологот прв пат го гледам. Може ли некој да ми ги разјасни овие работи како одат тие испитувања и што би требало да очекувам на прегледите? Ах и срцева реакција имаше ама не го пушти звукот за да слушнам најверојатно следен пат треба да си побарам. А искрено баш се радував дека ќе слушнам срцева реакција.
Иста бев и јас од 6 до 8 недела, не можев храна да готвам ни мирисам. Среќа не повраќав. Или купував готова, или ако може некој ми носеше готвена. Темпирај јади бар по малку на 2-3 часа, за да не дозволиш наеднаш да огладнеш и да ти се слоши. Оти тој глад тешко се контролираше, наеднаш дупка во стомак За тестот, веројатно зборуваш за нифти, за испитување аномалии преку крв. Ако имаш можност и финансии, направи го за мирна глава. Јас имам 33 години и направив за да не го мислам. За другите прашања не можам да коментирам, немам стигнато до тој дел
Како може НИПТ тест да биде 53% точен ради годините, ист е за сите возрасти и со точност од 99%. Доколку имате можност убаво е да го направите бидејќи не се гледа се на ехо. А генетски аномалии може да има и кај млади и кај постари.
Јас вагинално го зимав и бев многу поспана ама ептен плус многу лоша миризба имав од него. Се уплашив да не е некоја инфекција, но гин. ми објасни дека е од самите лекови. Моментално сум 10та недела и ми ги тргнаа од употреба. Јас сум па само добра со домашна храна, не повраќам, ама последнава недела ме убива болка во желудникот и пробувам да јадам многу повеќе овошје и зеленчук. Ќе очекуваш најдобри резултати нормално. Прв пат слушам за Нифти тестот да биде толку малку процентуално, обично е 99% точен. Консултирај се убаво со неа, покрај овој тест имаш и Приска тест кој е поефтин ама не се гледа се на него. Прв пат го слушам ова ако има срцева реакција да не се пушти звук. Мене како легнувам одма звукот сам по себе гин. го пушта. Ако не ти одговара оди си и на друго мислење, малку не професионално ми изгледа од страна на твојот гин. ама сепак ти најубаво си знаеш.
10+6 недела, едвај чекам да дојде 12та. Знае некој од кога гледаат на ехо преку стомак? До кога е најризично? Прва бременост ми е и имам понекогаш како грчеви ама не многу силни ама сепак ме загрижуваат. Еднаш прокрварив во 8+6 и ми дадоа утрогестан ама од тогаш не.
За ехото кај секого различно, кај мене од 9та недела беше преку стомак. Во однос на грчевите исто е индивидуално ама поголем дел од нас ги имаат за време на прв и почетокот на втор триместар, јас лично на почетокот на 4 ти месец имав многу грчеви и тогаш почнав со магнезиум. Не се плаши се тоа е нормално, матката се шири како бебе расте Сега овој период е многу битно да внесуваш течности особено вода, гледај да биде од 1,5 до 2 л на ден, затоа што и дехидрацијата знае да прави грчеви. Само позитивни мисли и со лесно ❤️
Искрено јас верувам дека жената разбира но сум во друга држава и пред 3 месеци дојдов, сега почнав да го учам јазикот и таа прво нешто ме праша зошто не сум го знаела јазикот. Мм беше со мене кој перфектно го зборува јазикот и искрено чекавме да слушнеме срцева реакција и се чувствувам од нејзина страна ко малку и да е дискриминатор. За некоја недела се враќаме Мк па ќе одам кај мојот гинеколог на преглед за секој случај. Плус тоа јас знам од претходни прегледи дека мојата матка нема правилна форма и имам пцос и ништо од тоа не беше спомнато. Не толку за пцос колку за формата на матката бидејќи мене ми беше кажано дека ризикот за спонтани и за предвремено родени деца ми е голем. Ќе одам сега за 3 недели повторно и ќе видам како ќе поминам а тешко е овде да најдеш гинеколог а не пак да смениш.
Koga se zakazuva prvo eho? Dali prvo se odi na 5 nedela za da se vidi gestacisko kese ili prvo eho e za srceva akcija na 6+ nedela?
Најдобро јави се на гинеколог, ќе ти каже кога да одиш. Јас кога се јавив им кажав дека имам позитивен тест, ме закажаа во 6та недела. Некои доктори закажуваат во 8ма недела прв преглед, за да се види срцева акција
Женички да ве прасам дли можете да спиете навечер и дали кога ќе легните на една страна пример ве стегаат градите како со нож некој да ве боде