Kaj mene ginekologot sto mi vodi bremenost od prv den na menstruacija, a inf doktorot vika deka sum 1 den pokasno
Според последна менструација се пресметува а тоа е др дали плодот е понапред некој ден/недела итн, зависи како се развива.
Кај мене бебе скоро поголем дел од бременоста според растот беше недела понапред, ама јас секогаш си се водев според последниот циклус и трансферот. на крај се породив ден пред да влезам во 36та, здраво и право
Девојки да ве прашам тие што сте поискусни, во која недела правевте PRISCA скрининг и први микробиолошки брисеви? Имам закажано на 25ти август, тогаш ќе бидам 12+4. Докторот и сестрата за тогаш ми закажаа, нели треба да бидат во 13 недела? Фала ви
12+4 е 13та недела, пошо 12 полни ги имаш и си веќе влезена во 13та. И јас имам скрининг на 12+4. Се прави од 12-14 недела скрининг.
Јас и овде да прашам, дали постои замена за Xonvea во Мк, а да не е Calmesan пошо тој не е стриктно за против повраќање? И ако има дали оди без рецепт?
Devojki jas sum pocetok na 7ma nedela. Dali e normalno da imam bolki nalik na menstrualni. Do sega nemav nisto sega poslednive dva dena mi se pojavija bolki
Во текот на целата бременост а највеќе во прв триместар се нормални менструални тегоби. Напиј се магнезиум.
Од понеделник вечерта имам кафен исцедок, започна прво само на пребришување но сега имам и на улошката. Инаку сум 7+5 денес. Бев и во понеделникот и вчера на гинеколог и со бебето е се во ред. Но докторот претпоставува дека има хематом од 5мм и најверојатно од тоа е кафениот исцедок. Од почеток на бременоста сум со Пролутекс секој ден , и сега ми додаде и Ciklogest една недела да ставам. Ми кажаа контрола за 2 недели дури. Колку време сте имале ваков исцедок и дали е нешто опасно? На колку дена одевте на преглед? Инаку претходно пиев аспирин преку еден ден, а сега не пијам од понеделникот. Матичната уште од почетокот на бременоста смета дека не треба клексан и аспирин. Имам мутации на МТХФР и МТР. Инаку бременост со Ивф и претходно на секое инвитро сум примала клексани и аспирин. А сега ем бремена ем без ништо. Правев хемостаза и димери и се во ред сега за сега. Пијам метил фалат и метил б12. Дали го прекинавте аспиринот дури има крварење па потоа продолжувате или скроз се исклучува.?
Јас и претходната бременост и сега имав многу често кафеав исцедок првите недели до негде 14-15 недела. Се додека е кафеав и не е во големи количини, а си покриена со прогестеронска поддршка, не би требало да е ништо загрижувачки. Најчесто доколку не е хематом, се дочистува матката, а може да биде предизвикано и од антикоагулантната терапија и зголемена циркулација во матката, па пукаат полесно капилари. Јас би ти кажала и да не одиш толку често на преглед, бидејќи и од вагиналното ехо може да се раздразни и да предизвика дополнително кафеав исцедок. Мене ќе ми се појавеше два три дена, па ќе се смири, па ако бев малце поактивна (посебно со оваа бременост каде што имам и тодлер за гледање и нема баш лежење), пак ќе се појавеше и после одеднаш скроз прекина. Еве сега терам 22ра недела и се си е уредно и како што треба. Доколку можеш одмарај повеќе, ама не се залегнувај скроз, сепак му треба на телото циркулација. Аспиринот најчесто го прекинуваат дур не се стопира крварењето, некогаш и скроз го исклучуваат. Ќе биде се во ред не се грижи
Дали има некој искуство со NIPTY пренатален во Биотек, но со пакет за породување во Систина? Дали е ок тестот?