Здраво девојкии, трудна сум 11+2, последно бев на преглед на 31ви јули каде што и слупнавме срцева акција и се беше во ред, следен преглед ми е закажан на 11ти септември во 13та недела за скрининг за даунов синдром и нифти тест. На почетокот имав мачнини, ми се гадеше дури и од вода, па веќе две недели не чувствувам ниту гадење, ништо освен градите што ме болат уште од првиот ден, дали е чудно тоа што немам веќе никакви симптоми или е нормално? Ќе збудалам до следниот преглед, само тоа го мислам да не е нешто во ред. Прва бременост ми е и затоа малку сум исплашена. Ви благодарам
Не е чудно, до крај на бременост ќе менуваш, може и нови да ти се појават, може ништо да немаш, сè е нормално, уживај ако ги немаш.
Изгледа јас најрано го правев нифтито, во 9та недела Го заокружувам тука првото тромесечие, без гадење, без мачнини, без потешкотии Е заспана сум цело време и се надевам и тоа ќе ме пројде во второво, не сум навикната за олку многу спиење
Здраво женски, според последна менструација треба да бидам 5+5 г.н. направени 3 позитивни теста минатата недела. Денес на ехо ништо не можеше да се види и направив бета ХЦГ и излезе околу 950 ( ќе повторам за 48 часа). Дали некој имал слично искуство и дали евентуаално е премногу рано за да се види нешто на ехо?
Имаше едни таблетки за лижење, прополис мислам беа, тркни до аптека сами ќе ти кажат, само тие се дозволени.
По колку мг фолна пиете? Јас почнав со Солгар 400, па матичната ми даде и премама дуо, а гледам и таму има фолна 400. Да не е многу?