Mene Lazarevski mi preporaca prvite 3 meseci da ne se farbam. Mozes kolor sampon vo dm da zemes ako e situacijata bas losa Ocetot ne gledam zosto bi bil steten...
бев кај матицниот, има точка ама уште е рано за се друго, за10 дена ке одиме во Скопје па ке се знае поконкретно, а за фарбањето... незнам, се мислам незнам зошто би било штетно?
И јас мислам дека не би било штетно, ама искрено откако докторот ми рече, шубе ми беше. Дали нешто навлегува сепак под кожата (иако верувам дека количините се премали), сепак не гледам зошто да се рескира. Сега сум 5ти месец и уште се немам фарбано, освен со колор шампон. За среќа и немам бели влакна. Се друго се прикрива...
До 3 месеци не се препорачува, а после тоа може. Јас се фарбам цело време, а знам и многу бремени што се фарбаат и нема никаков проблем. Дотерувајте се, средувајте се, трудница треба да изгледа убаво
синоќа за прв пат повратив... вчера цел ден ми беше лошо,ништо не ми се јадеше, вечерта качив и температура 38, и кога ме стегна стомах, вие, вие, станав и повратив, и после цела вечер се вртев во креветот, немам ич спиено, се надевам нема често да ми се случува...
јас пак имам мачнини на сабајле, кога ке станам во 6.30 да го разбудам синчето да оде на училиште ми е многу лошо. прво некогаш си се добро исповракам, па после се средувам, некогаш не повракам, ама ми е секој ден тешко на сабајле, вака не ми беше со првата бременост насабајле, некогаш ми беше тешко но тоа беше ретко,, ама со оваа втората ми е полошо, дури и гледам некоја лесна храна да јадам,..
Феминки ке ве замолам за совет а мала, и сепак голема помош за мене, посебно од вас поискусните. Правев тест излезе позитивен, одма утредента отидов на гинеколог и г избрав за матичен, ми направи ехо, но не ми кажа ништо конкретно. ни 5 минути внимание не ми обрати, ми кажа повторно да дојдам утредента кога ќе ми биде полна бешиката но затоа што никако не ми се свигаше односот на гинекологот веднаш решив да го сменам затоа што е чувствителна работа и ми треба некој стручен и некој кој ќе ми обрне внимание, затоа и не отидов утредента туку се јавив веднаш да закажам во промедика зошто се одлучив таму да ми биде матичен. Е сега ме мачи и би сакала да ве запрашам ш то мислите дали да почекам до прегледот на 20ти ми закажаа бидејки нема ништо порано слободен термин или да одам порано ? т.е дали мислите дали е ризично да почекам до 20 ти да одам на друго место итно или да не паничам и да почекам 10 дена? ФАЛА ВИ МНОГУ. Инаку последната менструација ми беше на 02.09.
Тестовите за брменост се точни, јас тоа можам од искуство да кажам. Јас направив тест за бременост и беше позитивен. После една недела направив тест за бременост преку анализа на крвта и верувала или не беше негативен,иако сите ми велеа дека е многу поточно преку анализа на крвта. Мислам да почекаш 10 дена и немој воопшто да паничиш.
девојки хелп.. сега сум 5 недела и 3 дена, денес бев на гинеколог и ми рече се е ок.. ама пред малку кога бев во тоалет кога се избришав на хартијата имаше нешто како светло кафено.. како пред добивање.. многу се исплашив.. незнам што е.. ве молам за помош
не се паничи, стом си бремен а не е тоа добивање, ти сама процени, ако ти е нешто лошо до вечер или утре, отиди на доктор, па макар и на брза помош, ке те видат,, али мислам дека е се ок, баш како што и докторот што ти кажал.. и јас мислам дека треба да почекаш, не се паничи, и јас правев 2 теста излегоиа негативни, третиот што го направив беше позитивен, пошекав уште 2 недели, и отидов на доктор за да утврдат дека сум бремена, и се гледаше само точка, така да без нервоза, ке почекаш, за да може да се види нешто на ехо...
Мене последен циκлус ми беше на 1.9, па се виде точκа во втоρниκот, на 7.10, и тоа едвај... се уште е ρано, ама за една недела би тρебало да се види поубаво, мој совет оди паκ во понеделниκ, аκо повтоρно се испонаша лошо мени го, може стваρно е било ρано
Јас би ти кажала да одеш повторно кај него ( во случајот да не си веќе отидена) нека ти ја барем потврди бременоста да не плаќаш ехо на приватно. АМА ако не ти се допаѓа односот и немаш доверба во него, обавезно го менувај понатаму, бидејќи ти треба некој кој убаво ќе ти ја води бремемоста а не и за него да се нервираш. Само бирај внимателно, добро се распрашај за препораките, бидејќи има закон да не можеш да смениш повеќе од еден матично годишно. И јас да се приклучам тука Мене последната менструација ми беше на 09. 09 и после позитивниот тест се уште немам отидено на преглед. Некаде сум 4 недела + некој ден, ама знам дека е рано па ќе почекам, следна недела некаде ќе закажам. Ова ми е втора бременост, па се надевам, со Божја помош, ќе се дружиме.
Плоден овој септември изгледа доста, си се најдовме Инаку читав насекаде по форуми и на крај се одлучив за промедика, Д-р Надица Кекиќ, сегде читав само убави препораки, нигде не налетав на незадоволни од таму а и видов дека имаат склучено договор со фондот, така да и таму би била на плави картони. Се одлучив сепак да почекам за прегледот затоа што сепак е рано, па сега го чекаме 20ти и како што кажа ти, да даде Господ ќе се дружиме
јас настинав 2 дена кивам, носот ми е како домат срека немам инфекција на грло, па се надевам ке остане само на настинката... незнам што да пијам, освен топол чај со лимон, знам лекови несмеам, страв ми е да не ме фати грип а на преглед сум во петок, па ке знам конкретно и која недела сум (околу 4 или 5 мислам) и дали е се како што треба
Волшебна, вообичаено е трудниците на почетокот да настинат, падне им имунитетот како резултат на новонастанала состојба. Јас рееетко сум болна, ама со прва бременост, токму во тие недели кога се разболев, па температура, ужас бев. Секој мускул ме болеше колку бев настината, или грипосана. Гинеколог ми кажа слободно парацетамол на 6 саати, витамин ц 500мг и чаеви. Така да јас слободно би се напила парацетамол, ако ти е шубе јави се кај твојот доктор за совет. Едит: сега прочитав дека немаш тт, продолжи со чаевите и витамин ц во големи количини, напи се супа од кесичка таа подравкина со петел, таа ми е лекот секогаш за настинка. наравно домашни супи, ама оваа поради електролити во неа ми е уште поефикасна, витамини, топли чаеви со мед и ќе бидеш ко нова за ден-два и одмарај!
Јас и при секоја настинка воопшто не ни посегам по антибиотици од природен лек нема поубаво, убаво ти кажа butterfly чајчиња, супа, лимон, млеко со прегорен шеќер, банана некоја за енергија, а ако случајно не дај боже качиш и температура , може ќе се смеете ама мене лекот секогаш ми бил кока кола. Јас сеуште не сум настинала ама затоа постојано ме тресе, што е и нормално при волку промени што ни се случуваат . Само смирено, одмарај што повеќе, пиј и јади се што треба и ко нова .
слабо коментари на темава, како се новите трудници, кога ви се појавија првите симптоми, кога го качивте првиот килограм, кое ви е првото испитување...
Ја сум 14та недела и веќе влезена во второто тромесечие.Мачнини имав цело време,преку цел ден,уште од почетокот на бременоста ама чудно откако влегов во 13та недела некако ми се намалија и сега имам некогаш само сабајле кога ке станам... Киселините ми се појавија накај 9та недела и уште си ги имам и ич не ги сакам,многу ми се напорни Многу сум стрвна последниве 3 недели,на се ми текнува за јадење Јадам домашни готвени јадења, зошто брзата храна неможам да ја поднесам.Ако јадам брза храна или па многу зачинета 2 дена после повраќам од неа.Сеуште сум со истата килажа,ама осеќам дека ќе качам некое килце за брзо време.Стомакот полека овој период почна да ми расте,позатегнат ми е и потврд на допир.Приметив и кожата на рацете почна многу да ми се суши и да ми се затегнува...Матичниот доктор ми проверува крв скоро на секои 2 недели,прв пат на ултразвук бев во 8мата недела,и таа недела ми даде и витамински апчиња да пијам.Минатата недела со мм бевме на ултразвук во приватна болница да видиме дали бебето има Даунов Синдром или некои други пореметувања.Прво ми земаа крв,па после со снимката ги споредуваа резултатите и излезе дека се е во ред.Матичниот ми рече на преглед да отидам пак кај него на 17тата недела,а на 19тата ке ме прати на ултразвук каде ќе можеме да го видиме полот на бебето Исто пред 2 недели ми најдоа проблем и со тероидната жлезда,малце ми е покачена. па одев на специјалист, и ми дадоа апчиња за тероидната. Е сега јас не живеам во Македонија,и може е малце поразлично со прегледите и испитувањата.Ти посакувам лесна бременост волшебна