Хаха јас ниеднаш Јас не станувам навечер, легнувам кај 12 и обично до 10 си спијам, ако не и повеќе, а приметив последниве недела и нешто, во 6ипол или 7 сабајле веќе со болка во бешика се будам, е после иди па заспиј пак...
Не смееш да се стискаш никако. Не е добро тоа. Нормално ќе биде цела бременост да си ја поминеш во тоалет. Од 4 та недела па се додека се породиш. И пиј вода многу! Многу е одлична за организамот на тебе на бебе и плодова вода.
Покасно ќе ја снема оваа мака. Барем кај мене е така Имав период кога воопшто не спиев цело време во вц, а и преку ден појќе време бев во вц отколку во дневна Веќе цел месец мирно си спијам навечер по 10 саати и воопшто не станувам за во вц. Исто и преку ден си одам нормално како и пред бременоста.
Ќе те натера . Ќе видиш кога нема да можеш да стискаш само тоалет ќе бараш и јас како тебе многу стискав, ама сега не бива. Инаку стискањето не е добро зошто со самото тоа се множат бактериите. По правило на 2 часа требало да се мокри. Ова др. ми го има кажано. Јас максимум 2 пати станувам навечер, гледам пред спиење да не пијам мн.течности. Али преку ден некогаш и на 15 мин. Синоќа станав едно 5,6 пати за 2 капки шо се вика, ама мокрачата не ми беше добра, сигурно имам бактерија
Леле ќе се крстам ако почнам по јавни да одам. Пре во ливада ќе одам него во тоалет каде којзнае кој бил пред мене. Цел живот вака трпам. Не сум имала проблем со бактерии, да чукнам во дрво
Се слоувам дека не е добро една трудница да стиска што би рекле. Да се надоврзам на другата тема, оти сепак е индиректно поврзана со бременост. Имав читано истражување дека тоалетната хартија во јавни вециња, независно во бар, трговски...е извор на бактерии, а трудниците се и те како склони на истите.
И јас сум невидена мочла Преку ден нон-стоп и навечер по 3-4 пати. И кај мене е исто тоа мислам дека е од Кринонот тој така си тече по малкицка во текот на денот.Јас ставам секојдневна улошка насабајле и таму до 14ч.ја тргам неможам маж ми само пушта гаќи зс по цел ден менувам... Женчиња а кажете ми со што се подмивате и дали користите влажни марамици.Јас користам само по голема нужда но не фаќам никако кај вагина дали смеам бар за позади да ги користам?
Која недела си pile30? Јас кринонот го прекинав точно во 8ма недела, добив иритација од него и не се издржуваше веќе, сега сум само на утогестан 200, 3 пати дневно, ги пијам и супер ми е , од кринонот нешто погрозно бар за мене немаше мислам Јас користам Lactogyn течен сапун за интимна нега, тој ме спаси од иритацијата после кринонот и + пиев Lactogyn капсули за воспоставување на нормална флора, едно цело пакување испив, а и Becutan влажни си користам и немам проблем со инфекции.
Ептен на сам почеток 4+2 сум па имам и јас некогаш пр.на секој 3-4 дена ко краткотрајни пецкања кога мокрам но тоа насабајле и толку...Да многу е без везе...сигурно ќе го користам до прво ехо после ќе видиме што ќе каже Петановски.Какви симптоми имаше ти?
Срц имам пријателка исто како тебе, цел живот не оди по јавни вециња и нон стоп е со бактерии, а да не кажам дека и камења во бубрег разви. Јас не влагам во секоја дупка, ама кога се мора барам попристојно и тоа е.
Мене почна да ме чеша и тоа неподносливо, докторот затоа ми рече да прекинам, абе уште утредента ми беше подобро. Ама ти ако можеш издржи уште некое време зошто кринонот е одличен за рана бременост, чепкав за тоа баш и на интернет, и во странство многу го фалат, викаат дека е незаменлив за рана бременост.
Ова не. Никогаш не коритам хартија во јавни тоалети. Секогаш имам палома во ташна. Посебно што имам видено, како се не се остава хартијата. Бљак
Да ве прашам мајки со 2ра или трета бременост Дали почна многу рано да ви се познава стомакот Јас сум 8ма недела а стомакот ми е како во 5ти месец во предходната бременост Нормално е или?