Не знам дали е точен само за тие со ин витро или за сите. Но за секој случај направи си го и другиот. Можеш да земеш Шурчек како еден од поточните, се прави во било кое време. За убаво нека е само. Па пофали се со сигурност да ти посакаме добредојде во темава.
Девојки, има некоја шо иди на преглед кај др.Димчев со Систина? Како закажувате преглед? Јас сакам да одам кај него за прв скрининг во 12-та недела, ама незнам дали има некоја сестра преку која се закажуваат прегледи како што е кај одделот за инвитро. Се јавив во call center и ми кажаа дека нема слободно за наредната недела и да се јавам во понеделник за да видиме од 02.05 па натаму.
@Mala30 Така се закажува како што си се јавила. Требало да им кажеш одма да ти закажат зошто одма се исполнува. Мене ми закажаа за две недели претходно немаше проблем.
Пред малце бев во тоалет и имав малце кафено кога се избришав,многу малце ама се преплашив Се јавив кај матичниот ми рече само да лежам и ако е појако крварењето да одам (недај боже) Цела сум испаничена,не знам што да мислам што да правам 9+3 сум Сте имале нешто вака во тие недели?
Јас до 9-та недела многу често имав кафено и исто ми рекоа само лежење. Кафенето ми се појавуваше кога имав повеќе движење во денот. Мене тогаш ми зголемија прогестерон и еве сега сум ОК веке две недели немам никакво крварење ама по цел ден сум дома. Само лежење и прогестерон и ке помине
Утрогестан и прогестерон депо обочно даваат за крварење. Ајде не се секирај лежи си и прати го маж ти по терапија кај др.
Германија се малку тешки за давање терапии....доколку можеш консултирај се повторно, спомни самата, и како што кажа членката погоре мажот ти да ја зеде истата. Во меѓувреме, доколку е возможно, малата препушти ја целосно на мажот ти. Одмарај.
Jaс кога имав кафено ми појачаа доза дабростон 3 по 1. Ми траеше еден ден, потоа уште еднаш исто 9та нед. еден ден. Потоа одев и на работа дури. Ама јас сум паника и во исти момент трчав на лекар. Не можам да седам мирна и да мислам. Кога ќе видиш дека се ќе биде во ред, се смируваш психички. Едит- сега видов дека си Германија. Види што можеш да направиш , само без секирации.
Се јавив и ми рекоја сестрите ако се појача крварењето дојди,мада што не би можеле ништо да направиме Мислиш дека во му дале терапија на мм Многу сум испаничена Дани а да појдам до итна мислиш дека таму ни ми дале терапија
Итна ќе те остават да чекаш со саати....и на крај најверојатно ништо да не добиеш. Гинекологот работи до 17-18, плус те знае. Инсистирај.
Сега ми се јави мм Ко пиша го пратив одма кај гиникологот,не му има дадено ништо Му рекол да одмарам и тоа е тоа
Претпоставував...такви се сите таму. За нив се е нормално се е ок. Во секој случај, одмарај и смирено. Мажето нека помогне со малата а ти пушти си некое филмче и добра мисла.
само мирувај. Поткрени нозе на перница ако можеш и без паника. Јас имав константно од 7до 11 недела. Еднаш дури и обемно па еве сме 21 недела ситниме.
Прв скрининг- одлично, резултатите се одлични нема место за паника. Наредната недела резултати од микробиолошки, ќе земам и крв и мокрача и мислам толку сега за сега или има уште нешто?