Според ехо имам 1 недела плус. Бар така беше пред 10 дена. И пишав немам некој мев, ама ме стискаат панталони со копчиња.
Здраво Денес 5+3, утре сакам на гинеколог да одам прв пат, а дали ке ме примат незнам, све ми е непознато тука. Минатата недела извадив боледување со настинката, од денес од ново на работа. Многу ми беше напорно, кичмата ме боли ( почнав како замор да осеќам уште пред да знам дека сум бремена) посебно дека цело време на нозе, па и брз да си и највеќе што се плашам што има понекогаш тешко за кревање. Патем ако има некој од членките во Германија што била бремена ако може да ми пише да прашам за се што не ми е јасно
До сега два пати одев на гинеколог, едвај успевам да се убедам да ми закажат. Утре планирам да одам да ми потврдат бременост можно е да ме вратат па незнам искрено како да се поставам? Пред бременоста само пап ми направи докторкава иако имав некој инфекција од око ми даде дијагноза (микробиологија не направи), а знаеше дека планирам бебе. Како одат испитувањата тука во бременост? И уште нешто за работата се плашам дали можам да добијам отказ поради бременост зошто уште сум на пробе (првите 6 месеци, моментално скоро 4 месеци како сум во фирмава). Уште не сум кажала, ама можеби ќе треба заради тоа што е малце тешка работата како што пишав погоре.
При установуавње на бременост бесплатно и задолжително проверуваат: ХИВ Хепатитис Кламидија Херпес Кламидија Рубеола Варичела и уште некои помалку важни крвни анализи. Секој преглед мерат тежина, притисок, мала крвна слика и проверка на урина. Таксоплазмова и листерија екстра доплаќав. Бесплатни се само 3 еха во текот на цела бременост. Јас платив еднократна сума за до крајот на бременоста редовно да ме гледа на ехо. Прегледите ги закажуваат на 4 недели во оваа фаза. Потоа на 2 недели, па на крајот на една недела. За време на пробе може едноставно да не ти го продолжат договорот. Бременоста нема да ја наведат како причина туку ќе си измислат некоја своја...јас би ќутела, не би им кажувала додека не фатам договор во рака, но што викаш напорна ти е работата. Сигурно треба да си малку поштедена. Стварно си во незавидна позиција, не би знаела што да советувам. Во однос на делот што е тешка работата, само поради тоа не б добила боловање. Доколку станува збор за работно место каде си во контакт со болни пациенти мислам дека се добива боловање, но не и бидејќи работната позиција захтева поголем физички напор. Сигурно испуштив многу работи. слободно потпрашај нешто поконкретно.
Фала многу. Знам дека законски после трети месец сум обврзана да кажам тогаш ке бидам малце пред точно шест, ке видиме што ке биде Инаку ова за ехото баш ми е чудно, ама ке си платам секако. Ке пишам утре дали ке ме примат или сепак само ке закажам.
На телефон ќе кажеш колку точно си бремена според последна менструација и ќе ти дадат термин за неделата кога треба да има срценце. Без термин тешко...но пробај.
Ако можеш да издржиш до договор супер Јас исто со кере кога бев бремена имав почнато да работам и си кажав одма дека сум бремена Нормално не добив договор,ама немаше кој да ми каже Нормално добивам термин одма кога ке кажам дека имам позитивен тест,е сега зависи се од докторите Со лесно Од кога се влегува во второ тромесечие?
Zdravo devojki imam edno prasanje. Jas sum bliznak i sum trudna nekade vo 3 nedela pa sega razmisluvam kolkavi se sansite da bliznam i jas a vo familijata nikoj ne e bliznil. Dokolku nekoj e zapoznat so ovaa sekoj sovet e dobredojden. Inaku imame zelba so mazot mi za bliznaci no rekov sto i da e neka e zdravo i zivo. Pozdr i prijatna vecer
Здраво девојки Јас бев завчера на гинеколог, ама не ме прими успеав да закажам за следниот петок. Денес после кревање на некој 13 кг на работа имав капка крв на гаќите, после тоа ништо. Сега одмарам исплашена сум. Уште нешто да ве прашам. Бремена останав после 4 месеци обиди отприлика, ама гледам дека мм уште не ми ја перцепира бременоста како реална. Ми помага секогаш по дома, ама сега ништо повеќе од стандардно зошто си знаеме што е негова работа што моја. Не му текнува дека на работа сум на нозе повеќе од 8 саати и дека сега повеќе се заморувам. Мисли дека уште е рано за да осеќам замор, и дека драмам околу какпа крв( наркоманки рагаат деца без проблем па зашто мислиш дека ти ке имаш проблем) Можеби јас сум малце испаничена но, Мислам дека кога ке слушне срце ова ке му стане реално, ама се замарам зашто е така сега
Штеди си е дома колку можеш. Нема чинот да му падне ако нешто пофати или ако направи ручек. Мм не ми дава да пипнам ништо. Ептен ме штеди. Не може еден лош збор да кажам.
Глупо ми е што се жалам, повеќе готви он него ли јас и во нормални околности и он усисува секогаш, ама не му текнува машина за садови да испразни или вешот да го собере, морам да кажам и кога ке речам еј па све јас правам, ама мислам дека е така зошто сеуште не му е реално све. Така повеќе за тие секојдневни ситници што да сум дома не би ми било проблем да ги работам, ама после работа веќе сум баш уморна и сакам да седнам, легнам. Ако ништо друго ке се научам да си гледам несредено
Колку може избегнувај да креваш тешко и дома и на работа. Објасни му на сопругот дека немаш енергија затоа што бебето ја зема цела поради создавањето на органите кое се случува ТОКМУ СЕГА и да ти помага малку повеќе од обично. Знам колку многу ти се спие и одмарај колку можеш повеќе... Ова трае само неколку недели ќе помине и немој да се паничиш се ќе биде добро само верба во Бог и позитивна мисла