Ако тој не е свесен тогаш освести го ти Разговарај со него и кажи му дека ти е потребен одмор и помош Нормално е да се пофалиш,и хормоните имаат свој удел А дали кажа дека имаш и мало крварење? Ако не јави се и инсистирај да добиеш побрзо термин
Јас имам слична работа каде што сум 8часа на нога и плус кревам тешко (избегнувам колку можам, но некогаш морам). По дома исто сум многу заморна и искрено не чепкам ништо, растурено-растурено, не ми е гајле. Кога ќе имам слободен ден сум поодморена и ќе раскренам колку што можам. За готвење не толку често готвам зашто многу ми сметаат мириси. Тоа е што е, најважно е да се пазиме сега, да биде се на свое место по секоја цена и не е толку важно во овој момент.
Ниту еднaш не пoврaтив, сaмo мнoooгу ми се гaдеше oд секaкви мириси не мoжев ни дa гoтвaм. Дoктoрoт ми дaде тaблети АНТИМЕТИЛ еднa нaутрo еднa нaплaдне дa пијaм, aмa јaс не ги зедoв oти тaмaн ми ги дaде престaнa дa ми се гaди. Истo мoжеш дa земеш aквa ментa (рaствoр oд нaне) 3 пaти пo еднa супенa лaжицa и витaмин Б6 нaутрo и нaвечер. Билo штo дa прoбaш немa дa ти штети ни тебе ни нa бебетo гaрaнт. Искренo пoсaкувaм и кaј тебе кaкo и кaј мене симптoмите дa ги снемa нa крaјoт нa 13тa неделa
Феминки јас ке ви се приклучам во оваа тема. Денес сум 9 недела и по прв пат го слушнавме срценцето на нашето бебенце...радоста е неизмерна...се надевам до крај ке ја истераме...
Dobredojde mila i so lesno da ti pomine ovoj period.Toa e najubavata muzika,srceto na nasite soncinja
@delvi Добредојде Е така тука е веќе подобро од прошлата тема Со Господ напред да ни е на сите и да си се следиме до крај на бременост
Мешињаа како сте ми? Вие што користите Кринон вагиналети дали ставивте ден пред зимање на брисеви? Јас сум во вторник за брисеви ај да не ставам вечерта пред зимање ама ми пага но не во големи количини.Зборот ми е дали нешто менува во резултатот или едно со друго нема врска.Уф..кој знае колку ќе боли тоа Спекулумот го мразам од трансферите Вие издржавте?
да ве прашам освен ехо некој други задолжителни прегелди има ли во првото тромесечие...мене ми рекоа следен преглед на 13 недела за даунов синдром а во мегувреме ништо не ми кажаа да проверам ниту брисеви ниту крвна слика...
Тоа е добро прашање, ме интересира дали правевте тестови за Даунов синдром? Овде овие тестови се по желба, а исто така рекоја дека резултатите не секогаш се точни и прецизни, па искрено незнам што да одлучам.
Нели се прави Приска и недај Боже ако не е во ред се прават тестови.Поделени се размислувањата на оваа тема.Другарка моја има чичко брат на татко и со Даунов синдром и дека е многу близок ризикот е поголем за Даун и го направи Нифти во Ремедика ок беше се и ете го детенцето супер си е.И докториве препорачуваат ако се има некој во фамилија да се направат тие тестови што чинат по 700€ во спротивно шансите биле мали... Јас лично ќе си барам и второ мислење за сите скрининзи.А за мир во душата да не би била финансиски скроз истрошена од инвитрата би платила и од тие тестови но здравје.Само Господ да не чува сите да си родиме живи и здрави дечиња
Да тоа е друго, мислев ако немате некој таков проблем во фамилија дали сеуште правите тестови? Иначе незнам што е приска, никој ништо не ми спомна за приска.
Со мерките од скринингот одиш да ти земат крв, ти поставуваат прашања и ти пресметуваат веројатност за ризик од даун. Јас лично не го правев тој тест.
Јас приска не правев ама ќе правам НИПТ. Не нифти, туку верифи. Од тоа што истражував, подобар ми се виде. Нифти користи опрема од фирмата која го прави Верифи. А и персоналот беше пољубезен за Верифи. Нема индикации по ехо или да имаме некој во фамилија, ама за мирна глава.
Здраво женски и идни мами.Вака е мојата ситуација,се надевам дека не е сериозно.. Денес бев на лекар,бремена сум во 5 гн,е сега се гледа само гестациска кеса без плод,која е 4.3мм.Гинекологот не беше нешто задоволен,рече дека е мала за оваа недела. Оваа ми е втора бременост после долго време со обиди,првата исто заврши во 5 недела со спонтан и сега сум во паники. Имајте убав ден
Не ти рече докторот да ставаш утрогестан за подршка на плодот јас ги ставав исто така одма кога дознав дека сум трудна од 5 г.н.и нормално дека е мало тек е почеток рано е и за срцева акција со лесно само да биде се во ред