Баш ке ја побара мм и Елена да направи консултација не смеам вака да оставам мора да си барам чаре.Фала ви @kukla21 i @eli25
Имам едно глупо прашање. Посебно сакам да ги прашам идните мамички, кои повеќе време се бореа до бебенце. Дали после позитивниот тест и првиот закажан преглед на гениколог, однесовте нешто благо\пијалок или некаков подарок за докторот? Извинете, знам дека можеби за некој ќе биде многу глупаво прашањето, но ми треба вашето искуство. Искрено не знам што е /а што не е бон тон во вакви случаеви. Thx
Јас однесов кај матичната,кај еден доктор што одам тука на приватно и каде го правев инвитрото за докторот и плус за целиот персонал .
Сеуште не здравје Боже по пораѓањето.Да сите ќе ги почастиме но пред тоа ништо не однесов и немам намера може грешам но сепак мое мислење.А ти @Momichka срце имаш за фалењеееее???
да, имав позитивна бета ама и последователно долготрајно крварење и огромни вредности на ди димери. И некако не сум стигнала да се почуствувам среќно и затоа немам споделено на групите за поддршка.
Јееее бравооо ЧЕСТИТКИ ОД СЕ СРЦЕ.Ајде Господ е голем ќе не чува сите и ќе си родиме здрави живи бебиња.Која недела си? Главата горе и се ќе биде во ред
Утре цела полна 6та (ова ми е второ Ивф) Уште на 10тиот ден по транфер (на трет ден вратени ембриони) направив тест и беше позитивен. Но од 9тиот почнав со крварење, кое во наредните 10тина дена не престануваше, само го менуваше интезитетот. Сега за сега сум стабилизирана, но само до тоалет и до кујна се движам. Знам дека немам некоја посебна причина за славење како посебна етапа од бременоста, но крајно сум задоволна на целиот тим од NewBorn, на вниманието и посветеноста. Ако продолжам да имам вака висока ризична бременост секако нема да можам цела бременост да ја следам кај нив, и ќе се стационирам во Струмица, така да, утре ми е некако посебен ден. Уште ќе ме просветлат за развојот на ембрионот и положбата во матката.
Со лесно утре Господ напомош ќе биде се во ред со позитивна мисла.Гали го мешко и те чекаме да ни пишеш како поминало запознавањето со бебушко
Дали некоја била деновиве во Институт за Јавно здравје дали ги имаат реагенсите за вагинални брисеви?
За кламидија нема уште од зимоска и замислете другарка е бремена незнам каде точно оди дали во мвр некоја приватна ординација и од таму ја праќаат во државна за брисеви на микро и и рекла за нас сегогаш има реагенси а јас носам за мене нема дека од друга ординација сум која нечовечност од државниве па некој нема секој втор месец да носи на приватно брисеви.
Мамички јас околу велигден правев микробиолошки брисеви. На микро во државна ги однесов (она што е по скалички надолу спроти министерството за здравство) не ми рекоа дека нешто нема. Инаку докторот ми зеде 4 брисеви.
Кажими ова било на микро биологија исто дали и предходно закажа или само ги однесе? Зошто предеходно беше со закажување?