Ја терам седмата недела. Петтата ми помина со многу бессони ноќи, долго спиење преку ден и болки на цело тело при будење, чудно чешање на кожата во вечерните часови, благи грчеви.. Шестата со зголемен апетит и повторно спанка. Е оваа недела цело време ми се лоши, немам апетит, ме фаќа дремка на пладне и се губам на пола саат. Денес и прв пат повратив. Прво влевање во кујна или контат со храна насабајле и се ми се дига на горе. Од една банана и цедени портокали, ништо повеќе не можам да јадам/пијам за појадок. Ручек чепкам, чепкам мевцето со некој лесен гарнир ама едно ронче ќе изедам. Дури навечер касно ми е добро и тогаш се навртувам салати многу јадам. На полноќ сум најактивна во куќава.Знам ако ставам во уста нешто потешко пак ќе ми се слоши, а салатите супер ме најадуваат. Започнав со 57 кг, денес сум 56.5, редовно се мерев, секоја недела си бев константно 57, сум симнала пола кило од само неколку дена намалена исхрана. Се надевам е фаза и ќе ми се врати апетитот. Засега столицата супер, секогаш предпладне, кратко после будење. Освен лошењето, немам некоја мака. Во петокот ми зедоа крв, денес преку телефон само ми рекоа дека се е супер, дека детална листа со резултатите ќе ми дадат во четврток кога имам преглед во последниот ден од седмава недела, а воедно и пред докторот да замине на одмор. Нетрпелива за четврток да видам колку сме пораснале, 6+0 беше 4.7мм, 6+6 се надевам на 7/8мм. Поздрав девојки
Здраво прекрасни трудници Вчера бевме на прв преглед и се виде само една мала точка... Докторката ми рече за 10 дена преглед за срцева реакција. Инаку сум 5+1 а докторката ми рече само да си продолжам да ја пијам фолната tifol и ништо друго не ми препиша а јас имам еден тон прашања за нејзе наредниот пат Дали некој од вас исто така не пиел ништо друго освен фолна, инаку ми е прва бременост
Честитки мила со лесно да си ја износиш бременоста и да не дружиш тука редовно. Фолна во комбинација со јод е најдобар избор, зирни на шишенцето дали во составот има и нешто друго освен фолната. Инаку додатно можам да ти препорачам и магензиум. Дневна дозволена доза за секоја трудница е 300мг, така да нема да згрешиш. Јас си зедов од 150 мг, и си пијам едно сабајле едно навечер. Помага против грчеви кои во оваа фаза се чести, и посебно при прва бременост кога не знаеме точно на старт да разграничиме што е нормално, што не се од огромна помош. Се друго со консултација со докторот и после основните анализи. Штутуку си влегла во шеста недела, па освен кесата како точка не се ни очекува да се види повеќе, се е супер значи. После самое дена недела може срценцето да почне да пулсира, и при наредниот преглед те очекува прекрасно изненадување. Имаме напишано многу мислења за правилна исхрана во текот на бременоста, чаеви...(тука и во труднички муабети )разгледај. Можеби ќе најдеш одговор на некое од прашањата. Смирено и уживај во овие прекрасни моменти.
Леле мила само да знаеш колку убаво ме пречека и многу ми значеше твојот одговор Благодарам за се па ќе си се дружиме овде
бидејки ти е прва бременост, навистина имаш безброј прашања, затоа сме и ние тука, што ти е нејасно прашај, ако не ти се лоши, уживај во денот, јади што сакаш, само да не е тешка храна, внимавај, премногу да не се здебелиш, наутро јади овошје, цедцен лимон помага за мачнини, и семка од маслинка за киселини, да се голтне мислев.. на мене ова ми е втора бременост, ама секоја бременост е различна, со првата немав никаков проблем, мацнини ретко, а со оваа повракам секој ден, секаква храна не внесувам, затоа уживај во бременоста, и радувај се на новиот член, кој ке пристигне,, времето лета, дур да трепнеме дошло време за породување,,,поздрав мешиња
и во 6 недела може да се слушне срцето, но со вагинано ехо, со обично се гледа само точка... уживај во бременоста, јас сум веке 9 + 3, па уште не сум свесна дека сум бремена ( и тоа со 2 ) освен еден ден што имав цел ден мачнини и повракање, да ме потсети за состојбата другите денови сум сосема ок, без симптоми, пијам тифол и магнезиум од 300, друго не... и започнав со 58 кг, сега сум 59, па ке видиме до каде ке стигнеме, а облеката не мие тесна сеуште, не се примеќа ништо
Колку убаво со две Со здравје да си ја носиш бременоста и јас немам некои посебни симптоми, фала му на бога нема сеуште мачнини и повраќања незнам може е и рано и кога бев на преглед докторката ми рече дека рано сум отишла пошто мене обично циклусот ми беше на 30-32 дена и ете покасно биле деновите за овулација Инаку се осеќам супер и пијам само фолна пошто друго не ми ни даде докторката Фала ти мила на советите и тоа како ми се добредојдени само да знаеш Инаку сеуште фала му на бога немам мачнини и и се чуствувам супер...Денот го почнувам со цедени сокови и овошје се трудам да јадам здрава храна и ручек нормално како до сега и пешачам по 5км на ден барем за почеток. Пијам по едно кафе на ден и се надевам не грешам многу. А докторката сега за сега само фолната ми ја остави што си ја пиев и од претходно... Фала ти уште еднаш на советите *
Здраво, ќе се читаме секојдневно тука. Јас сум малку понапред од тебе, 7 недела сум. И јас пијам само фолна. Бев болна изминативе денови, многу ми е паднат имунитетот и слабо јадев. па докторката ми дозволи и по некој витамин Ц, па сега незнам. Треба и магнезиум, ама мене магнезиумот ми прави мачнини во стомакот, па уште не сум почнала. Инаку вчера и денес сум супер. Можам нормално се да си јадам апетитот ми е вратен на нормала. поздрав
Ирена баш ми е мило што ќе се читаме овде и ќе си разменуваме мислења инаку мене докторката не ми даде магнезиум а на своја рака не сакам ништо да земам ( многу сум послушна ) Може ќе ми даде кога ќе идеме на срцева реакција за 8 дена Вие бевте на срцева реакција ? И да си бидеш супер бидејќи си се вратила во нормала
Да мила, јас прв пат отидов на преглед минатата недела, и ми правеше интра.ЕХО, и веќе имаше срцева акција, цела бев . Иста сум и јас, за се одобрување барам, валда е така прв пат. И многу на спиење ми е удрена работава, и попладне си спијам, и навечер и пак цел ден зевам.
Фанав мајчина книшка (така ли се вика уствари) Денес 6+6, ослабена малку, започнав со 57, сега 55, али нема веза. Ќе се врати апетитот наскоро. Малото за 5 дена од 4.7мм на 8.3мм и се е во ред. Стасаа и резултатите за крв. Не знаев дека се волку темелни, дури и хив, сифилис...се испитале. Се за доброто на малите и идните мамички. Денес дадов и мокрача, ама резултатите на 17, кога ќе се вратат од одмор. Верувам дека се е во ред и со урината, се надевам во последниве неколку недели немало некој драстична измена. Нареден термин по 3 недели. Ми рече многу одмарање и лежење.
@danichap најискрени честитки! Уживај во бременоста И јас имав ослабено 3-4 килограми во почетокот на бременоста, но кога престанаа мачнините си се вратив во нормала Еден совет! Почни уште сега да правиш спомени, собирај сликички од ехо, сликај си го мешето, бременоста нека ти ја разбуди креативноста. Еден ден со воздишки и скокотливо срцебиење ќе се присетуваш на сето ова што сега го доживуваш. Преубав период ти претстои, прекрасни 9 месеци..
за тоа со креативноста си во право,, јас со првата бременост почнав да пишувам во дневник, на моето бебе, и после порагајот продолжив да пишувам во него,ги запишував сите интересни случки што тоа мало бебе ги правеше, е не сега секој ден, ама еднаш во неделата кога ке имав време, сега истото го планирам и со втората бременост, па нека читаат кога ке пораснат, што правеле додека биле бебиња.. мене ме интересира нешто друго, дали знаете девојки, за тие бабини деветини, немој да јадеш скришно, да не крадеш плодови, демек на детето ке се познава нешто, и бла бла такви работи, еве јас вчера бев кај свекрва ми на гости, ручавме, и она вика немој да земаш нешто да јадеш кај нас скришно, тоа не ми е дома, ама ми била некогаш, до пред минатата година се иселивме, и се чуствувам како дома, е дека на бебето да нема белег, јас искрено не верувам во такво нешто, како и да е, незнам дали има некаква врска ама на моето синче уште кога се роди имаше бело перче- праменче коса, и сега како расте над левото уше му е, му се познава бело праменче коса, и она свекрвата вика, и тоа му е било од крадење нешто, и сега ова испага како што вика она ни вода да не се напијам, без она да знае,,, хихихи
Девојки како сте ми денес Јас имам едно просто прашање или проширена математика Јас сум бремена 5н+5д дали е тоа 5г.н или 6 г.н кога сакам да си прочитам нешто за која недела да читам знам дека сте искусни и затоа една мала помош оти целата сум во прашалници Убав ден мили мои
имаш на интернет едно програмче се вика pregnancy assistent самото ти мери според него (пополнуваш последна мемструација) јас си го иам во телефон и секоја недела си има димензија тежина и пишува по нешто описно за таа недела и уште колку денови имаш до крај
јас сум 11 недела, 10 + 2, и во мокрачата ми најдоа јака инфекција, имав покачени леукоцити, направив уринокултура и излезе дека имам ешерија холи... Секоја вечер по препорака на гинекологот ставам кринон гел, кој изгледа не се апсорбира целосно, па дел се исфрла утредента како грутчиња, и кога вечерта ставам нов, може со апликаторот сум си пренела инфекција, и сега незнам дали е безбедно да пијам цефалексин, д-рот рече треба, пијам чај од брусница, но очигледно не помага, страв ми е да не штети на плодот
off lele kade pravese urinokultura jas sakam da pravam kolku kosta od sabajlee li se.dava i.rezultati koga.i mene mi bea pokaceni malxe.leukocitite moram da se proveram i jas.piev caj od.brusnica.me.bolea.mocnite.kanali...sea.koa.lezev vo bolnica.taa.do mene imase.infekcija.dok i prepisa.cefaleksin.taa.bese.36nedela
Сега изгуглав за леков. Стои дека слободно може да се зема во текот на бременост или доење, а и он не би го препорачал доколку постои опасност.