Да. 4+6. Утре точно 5 недели. Нормално е бело прање да имам? Ќе ве пукнам јас сега со прашања, ама прв пат ми е и плус паничарка. Сега забележав на гаќите. Досега немав.
Женски јас денес малку кафеав исцедок имав на хартијата и испаничив па пак на гинеколог. Ме виде Др. на ехо, се беше во ред. Ми рече дека е нормално. Можно било при вгнездувањето на плодот во матката да дошло до таков исцедок. Дабростонот го пиев два пати дневно, сега ми го зголеми на три пати дневно. Од сабајле немам никаков исцедок, ни болки ама многу се исплашив. Вчера за прв пат гадење, болки во желудник, гасови. Ама се ќе издржам за бебуш.
Фала Дафи. Да си дочекаш и ти. Сега си дојдов од работа и од автобуска до дома пешачев 5-6 минути и ко појдов вц пак имаше кафеав исцедок. Овој пат малку на гаќите, и малку на хартијата. Многу сум загрижена. Ми се чини ќе го изгубам и само плачам. Некоја со слично искуство која ја истерала бременоста до крај? Барем за утеха. Дафи да ги земам и дабростонот и утрогестанот заедно или да го прекинам дабростонот?
Појдов на доктор и ме преплашија. Според последната менструација ми рекоја дека сум 8 недели, на ехо и вагинално ме прегледаа но не можеа да го видат бебето. И некој хормон ми бил низок спрема неделите. Ми рекоа дека можно е бебето да не е во матката и дека има шанси да се пуштам . Или пак сум по малце од 8 недели и рано е да се види, утре одам пак да ми проверат крв и се надевам на по добри резултати, држете ми среќа Се ќе биде во ред не се нервирај, земај ја терапијата што ти ја имаат препишани и внимавај не кревај тешко,мирува и пробај да не се нервираш, првото тромесечие е нај тешко
Јас имав кафеав исцедок, па дури и крварење повеќе од 4 недели па еве терам 32 недела. Примај си терапија. Само јас би ти посоветувала да мируваш. Земи си боледување и одмарај барем додека да ти се смири исцедокот. Без паника и само позитивно.
Мирувај си и уживај. Гали мешето. Мислам двете зедно не. Прогестерон депо те боцнаа ли? Нозе на перница и мисли на убави нешта.
Јас имав кафеав исцедок во 2ри и во 8ми месец и се си беше во ред. Немој да се нервираш, кај многу жени се појавува тој исцедок. Прими си ја терапијата од докторот и повеќе мирувај и се ке биде во ред.
Кога сме кај исцедокот, и јас имам денес ми е 3ден а гледам намалува... Имам како секрет само а на бришење не. Денес бев на контрола со бебуш е се во ред.. Докторот рече било од тоа ако не сум била сега трудна бил периодот на менстуација кога сум требала да добијам... Се е нормално, црвикс 4см.. Му видовме и куре на малото.. Ама следна контрола ќе потврдиме
Фала ви женски. Дафи не ме боцкаа. Само дабростонот го пијам. Еве денес сум добра. Немам исцедок. А и вчера не беше обилен туку капка-две. Јас паничам бидејќи ми е страв кламидијата да не ми направи проблем и паметот само таму ми е. Одмарам цело време. Малку да попешачам и се уморувам. Се надевам нормално е. Апетит нула, ништо не ми се јаде, а и онака сум слаба. На контрола сум за 10 дена, да слушнеме срцева акција. Здравје Боже само. Се нека биде во ред кај сите. @ane.bella како си ти? Има нешто ново?
@Bellucci* Сега се спремам да одам. Одам со позитивни мисли оставам се во Божји раце, па што ќе биде нека биде. Ќе пишам резултати
Се помина во ред, уште убаво не се познава на ехото ама важно е во матката , за 1 недела треба пак на ехо да појдам, едвај чекам .