па сигурно има нешто тоа сите сме го слушнале за белезите или унакажување ама дали е вистина којзнае. некои не веруват некој не. ама сум видела мн со некој белези на пример некој плодови слива грозје лист...и тие си велат кога мама била бремена со мене украла
Zdravo devojki jas sum 5ta nedela bremena i mi se javuva ceshanje vo intimniot del ne e mnogu ama imam ponekogash i iscedok dali mozam da stavam kanesten mast ili da pocekam ushte 20 dena koga ke odam pak na ginekolog i ke mi zema bris
Не. Првите три месеци не се препорачува. Од четвртиот месец само по консултација со доктор. Инаку зголемениот исцедок е нормален, а за чешањето измивај се со камилица. Доколку е нешто што стварно ти пречи нема зошто да чекаш 20 дена. Ќе му кажеш имаш проблем и веднаш да ти испита и препорача терапија. Инаку мене безвеза вечерва. Во долниот дел, од стомакот, кај вагината ќе му додје чуствувам благо влечење, наболување... Претпоставувам се шири матката (7+3 сум), па си реагира телото на притискањето. и на грбов нешто сум истегнала, некој нерв, и боли Лежење помага
јас прашав, цефалексинот не штетел на плодот, а инфекцијата ако не се излечи може да направи штета, уринокултура правев каде што зимаат бриз, земаш од матичниот лекар ( или гинеколог ) упут, си купуваш стерилна чашка со капаче од аптека, и наутро ја полниш со среден млаз моркача ( прво малку мокриш, па ка ставаш чашката да се наполни,, половина е доста, па пак се домокруваш во шолјата, и тоа се носи таму каде што се проверуваат брисевите, незнам во помалите градови тоа се прави еднаш неделно, прашај си кој ден треба да се однесе, во поголемите градови може секој ден, и за ден - два стигаат резултатите. Уринокултурата е препорачливо да се направи ако при проверка на крв и мокрача во обична лабораторија каде земаат крв се јават покачени леукоцити во мокрачата. Симптомите се мало печенје на вагината, чувство на недоволно празненје на мочниот меур. Ако недајбоже имаш бактерија, кога ке го земеш резултатот ти пишува која е, и на кои лекови реагира. Со оваа листа одиш кај матичниот гинеколог и тој од сите лекови на кој реагира бактеријата ти го избира и препишува оној кој не штети или најмалку штети на плодот при бременост, тоа кошта околу 200 ден
I jas bev na eho kaj ginekologot,razvojot si e super.i jas vo urinata imav bakterija +,zatoa doktorkata mi dade upad za mikrobiologija da napravam urinokultura,pa ke vidime.toa mi e najgolemiot strav vo momentov. Pisuvam od mob.se izvinuvam sto e latinica.
Девојки како сте? Јас од денес во 9та недела. Фала богу поминаа мачнините, лошењето и апетитот малку по малку ми се враќа. Се загрижив веќе, на толку пазење на здрава и правилна исхрана баш во клучни моменти залче не можев во уста да ставам. Се надевам имало доволно резерви од витамини а и дека оние 2-3 кг кои ги изгубив набргу ќе гу вратам. Затоа денес сум си отишла во пекара, кифли, флаша какао плус и едно благце со малини сум си купила. Навечер понекогаш мало влечење кај вагиналниот отвор, но поретко а и ништо страшно. Фала богу за магнезиумот. Сеуште сум само на магнезиум и фолинска(во комбинација со јод и б12). Хемоглобинот ми беше 14.8 пред една недела па нема потреба да форсирам со непотребни витамини. Доволно ќе биде апетитот да ми се врати и преку здравата исхрана ќе си внесувам се што треба.
И јас бев на преглед вчера, според мерките сум 10+4 недела, а според последниот циклус сум 9 и некој ден. Највероватно сум останала бремена веднаш по циклусот, така ми докторка кажаа, а и е точно. Толку бевме зафатени месецот кога останав бремена, точно можам на прсти да набројам колку односи имавме. Битно дека се е во ред за сега, дај Боже така и да продолжи. Јас пијам фемибион 1 (фолна, јод и витамини од Б група), по потреба се напијам магнезиум. Контрола за еден месец, пред да отидам ќе проверам крв и урина, и таму ќе правам брисеви и ќе биде првиот скрининг. И мене ми е многу мачно, посебно навечер, насабајле ми е супер. Пробав и со лесна храна, со салата, во случај да го оптеретувам желудникот па да ми стане навечер тешко, ама ништо не помага. Јадела не јадела, исто ми се фаќа. Докторката ми кажаа дека и да гладувам во ова тромесечје, бебето се развива, дури после 16 недела апетитот се зголемува и телото има потреба од додатни калории. Мада јас јадам во главном многу помалку од вообичаеното, сепак сум качила едно кило и пол. И се чувствувам многу надуто, стомакот ми е уште сега видлив, можеби дека ми е втора бременост. Вчера едвај сум закопчала фармерки преку стомакот што ги носев пред бременоста и што ми беа пријатни.
Кај мене обратно. Цел ден ништо во уста не можев да ставам, дури навечер мало подобрување. Малку само да апнам и одма го чуствувам желудников полн и ми тежи, боли. Никогаш не можам да јадам до најадување оти знам дека само полошо ќе направам и на крај ништо нема да остане во мене. Инаку и мене ми се познава стомаче уште сега и иако сум ослабена не ме збираат фармерките од предходно (за право и сите ми беа растегливи ама тесни, 34-36). Од HM си купив едни преубави фармерки за трудници.
вчера бевме н ехо, 10.4 недел сум и јас и бебинјата исти се, и се е нормално, јас немам тешкотии, освен малку поплдне, понекогаш, и сум поправена околу 1 кг, сеуште не ми се познава
јас минатата недела бев на првиот скрининг во скопје, приска 1, резултатот го зедов во петокот, добар е, од утре јас сум 13 недела, +1 ден, така да драги трудници ве чекам во другата тема, второ тромесечје од бременоста,...
Девојки како сте со забите? Сабајлинава прв пат у живот ми прокрвареа непца за време на миење заби. После миењето може 5 мин. имав и болки во забите, но за среќа исчезнаа потоа. Прочитав дека поради хормоналното пореметување во организмот доаѓа до омекнување на непцата и се појавува Гингивитис. Деновиве ми се имаа појавено и авти. Сакав да користам една ефикасна крема која секогаш ја користам(Камистад), ама на упатството пишуваше дека не е испробана на трудници и мајки кои дојат... Се друго веќе сум пробала оти ми се појавуваат овие меретни авти веќе 25 год. и ништо не ми помага, па си трпам сега. Чат пат некоја акна, ама и тука не смее да се користат средства против акни оти не се тестирани на бремени...па штрапам, одам како тинејџер.
danichap, јас се плакнам со 3% хидроген тоа ги убива сите бактери нормално жабуркаш една минута и после плукаш и ја плакнеш убаво устата. Исто и чај од жалфија за непца пробај.
@danichap Освен хидроген, смееш и прополис...Има еден многу ефикасен спреј против афти- Проафтол, но не сум сигурна дали смеат бремени, бидејќи освен прополис содржи анестезин. Ќе прочитам упатството (моите го користат) па ќе ти пишам, важно лек е за било какви воспалителни состојби во устата. И важна работа, ако почнале да крварат да одиш на забар да ти ги исчистат.
Фала девојки за советите. Ќе пробам на природна база со чаеви, за се друго имам огромна резерва. Инаку за непцава сабајле беше прв пат. Имам две претпоставки Мојата четка за заби ја сменив пред две дена.(Автите беа од предходно, па не се поврзани со инцидентов, само со непцава евентуалби) Мојов многу рано станува за на работа и капнат уморен рано си легнува, значи он прв ги мие забите. Синоќа кога влегов да мијам заби гледам мојава влажна а неговава сува. Ги смешал Веднаш извадив една резервна која инаку беше наменета за него оти јас ептен меки користам, иако и оваа беше од меките. Можеби била малку прегруба за моите непца. Втора варијанта он и предходно сабајлината да смешал четка...па после тоа и јас да сум се измила, па иако си е он здрав и редовно оди на заболекар...моиве непца како преосетливи реагирале. Таа е. Ќе жабуркам и доколку утре не престане ќе отидам на заболекар.
@danichap свари чај од жалфија, не го пиј туку буричкај го во устата, испирај ја устата со него. Јас ја користам лакалут сензитив паста за зсби, супер е, мека, бар да се колку толку избегнат тие проблеми, оти непцата се поосетливи сега и чести се крварења на непцата. Јас вчера ноќеска се истурив од повраќање. Аман веќе до кога? Освен ако јадам некое тесто тогаш не повраќам, ама па не можам секоја вечер тоа да јадам, ќе се уништам, буре ќе се направам. Белким бргу ќе поминат овие мачнини
здраво девојки да ве прашам дали имате искуство со Pre Mama дуото на алколид и магнезимот од биодиректа,денес ми ја потврдија бременоста 5 и пол недели сум па докторката ми ги препиша овие ,..
Мешиња јас се вратив денес од приската резултатите ќе бидат во вторник но тоа не ме загрижува толку колку што ме збуни следново иако докторката рече дека мерките се во ред.... големината на бебчето е 48 мм што е во ред просечна должина за периодот од бременоста во кој јас се наоѓам 11 недела и 2 дена но тежинатаА 53 грама... НЕ ЛИ Е ТОА МНОГУ ? Според тековен развој на плодот што го гледам на плодот по форумиве е многу... Мислење. искуство ? Ме фати паника...
Големината на бебчето одговара за 12 недела, а тежинава која ја напиша за 15недела... Докторката потврдила дека мерките се во ред, можно ли е да станува за некаква забуна на мерките? Она при прегледот сигурно била темелна, не би пропуштила да соопшти некаква важна информација.
Женски, мене ми е многу смачено. Се чувствувам толку мизерно веќе што ми доаѓа да излезам на сред улица и да викам на сиот глас. Од немоќ! Од физичка и психичка исцрпеност. Повраќав ноќеска, повраќав сабајле, се ми се гади, ме боли желудникот. Веќе сум 11 недела, наместо подобро, на мене ко полошо доаѓа Знам дека треба да јадам овошје и зеленчук и да пијам вода, а мене од тоа ми е најмногу мачно. Со емоциите сум up and down. Би се затворила некаде и би плачела до бесвест. Сите и се ме нервираат. Мислам ќе почнам да гризам наоколу. Себе не можам да си препознаам, самата себе се нервирам. Аман Па и ми иди чувство дека мм не ме разбира, како да мисли дека претерувам, ми иди да му удрам еден бокс
Исто. Јас од денес 10 н. Мене на карање само ме врти Добивам чуство дека сум несватена и дека мисли дека претерувам. Ај кажете дали претерувам. Над нас има фамилија со две мали деца. Машкото 3-4 години има рутина (понеделник до недела) од 7-9 сабајле онака салам да се истрча, изрипа, со колички по ламинат да вози, фудбал да игра и што уште не. Преку недела мојов веќе е излезен за на работа, а за викенд не му е сеедно, ама нема толку пипав сон. А мене така еднаш сон ако ми скршиш после како зомби сум со саати. Еве сега тишина се, нешто озгора кога тресна...се уплашив и директ желудников го осетив. Се жалев и додека ја пишував дипломската дека ми треба тишина, се жалам и сега... Според мене родителите ги мрзи да станат рано и да му посветат внимание на детето и го оставаат вишокот на енергија да ја потроши како знае. Подруго е да тропа некој со соседна соба, подруго е над глава. Според него дете демек, ај секако ќе се селиме за неколку месеци...што ќе им правел