Со среќа и со лесно, бодежи во матката се нормални, исто така и движењето ако не ти претставува некој проблем или потешкотии нема проблем.
Во прво тромесечие не се ставаат многу килограми, јас ставив 2-3 а немав лошење и гадење. Најмногу кг се ставаат трето тромесечие.
Здраво девојки. Еве и јас да се пријавам во темава. Утре влегувам во седма недела. Во петтата ми ја потврдија бременоста (ивф на природен циклус) со јолк сак и ембрион и докторот рече има нешто ко срцева реакција, но толку беше мало што не можеше да го потврди, па ми закажа за 8ма недела. Јас сум пресреќна, после години бременост, се пазам, се хранам здраво, се' повеќе ми се лоши, но откако ми помина еуфоријата на среќните вести, почнуваат да ме фаќаат грижи. Дали и вие се грижевте? Дали ќе има срцева реакција? Дали е се' во ред? Дали правам се' како што треба? .... Форумов ми е огромна подршка и ќе ми беше многу потешко без него.
Најпрво честитки и со лесно!!! Нормално се грижите. Само не дозволувај да ти влијаат на расположението и мисли на убаво. Штом имаш и лошење, тоа е тоа. Си чука срценцето. Па и да ги немаш мачнините не е страшно. Куп бремености поминуваат мирно. И кај мене само видовме срценце во 5недела. Точкиче што трепкаше. А на следниот преглед во 8-9та си имаше и убав звук.
@joan честитки мила , лесна бременост ти посакувам и убава бременост. Што вика една моја роднина прво се грижеш дали се е во ред во бременоста , а после кога се роди уште повеќе се грижешТоа е мајка. Иако се ми беше во ред јас пак се плашев.Дали ќе има срцева акција, дали е во матката да не е во јајникот, дали што повраќам и не јадам детето добро се развива и се така до сам крај.Дали тука што ме боли е нормално , зошто денес не мрда бебето , зошто денес толку мрда Отпушти се мила и уживај многу брзу ќе помине . И да слушај си го докторот и прави како што вели и без гајле. @kostarika честитки и лесна бременост. Јас во првото тромесечје ослабнав 2 и пол кила. Повраќав и неможев да јадам .Др ми велеше се е во ред и беше во ред. Јас немав болка во матката во првото тромесечје ама многу жени имаат.Витамини пиев Елевит и магнезиум од самиот старт. Уживај и не се многу замарај ако имаш нешто нејасно прашај си го др најдобро ќе ти објасни.
Имам голема количина на исцедок те бело прање со киселкаст"мирис..дали е тоа нормално во почеток на бременоста или да се обратам веднаш на гинеколог? И уште нешто..дозволено ли е пешачење но и по угорница исто така, живеам во таква околина а несакам да се улежам...
Првиве три месеци се поправив 5 кила Ради гадењето само бутам нешто. Кога ќе помине ќе морам да ставам "стоп" на ждерењево. Во првата бременост не се поправив ни кило во прво тромесечие.
Мамички конечно и јас да ви се придружам Денес бев на прв скринин се е добро. Јас сум 12+1 ова ми е прва бременост со прво ифв
Здраво мамички, ве читам, следам и восхитувам, поддршка сте ми Инаку сакам да споделам и јас со вас, вчера бев и јас на гинеколог, ми рече дека има бременост но дека плодот сеуште се вгнездува во матката и за 2 недели да одам пак па да видеме, да се надевам дека се ќе биде во ред