Не па дека скоро беше во четвртокот пред празникот а и секако се чека 3 дена а и 1170 ми беше па докторката рече секако ќе чекаме па ако има потреба пак ќе испитувам..
Не се секирај одмарај. Може покасна овулација, покасна имплантација па рано е да се види. Наредната недела ќе се израдуваш. Само позитивно.
Juhuuu, cestitki Milicka, epten mi e milo . So sreka i samo pozitivni misli, rekovme toa sto pominalo go ostavame zad nas.
Не се секирај сигурно е рано уште.. неможат докторите да знаат ѕочно кога сме зачнале а таа пресметка од последна менструација не е баш точна. Еве на пример во Србија прв преглед прават во 8ма недела за да се види се. Јас затоа ќе почекам да бидам 7+ ( ако успеам нели) за прв преглед.. Оди за една недела до тогаш одмарај си пиј си витамини и само позитивно. Со лесно Ти благодарам многу мила
Mene nekako site simptomi mi se gubat , samo sto me bolat gradite premnogu citaj ne se trpat . Do petok kako ke izdrzam za kontrola ne znam.
И јас немам други сумптоми освен градите што ме болат и едвај прслук облекувам Денес сум 7мa, 7+0 ич не им ги разбирам неделиве, немам мачнини и повраќања значи ли тоа дека сум куртулила од тие работи?
Не значи Дури сега може и да ти почнат, но ти држам среќа да те одминат, ич да не те ни фатат Мачнините се јавуваат после првиот месец, после 5та недела, а најчесто траат до 14та. И мене како по книга овој пат ми беше така
Јас немам мачнини нити ми се повраќа, нит градите ми се толку многу осетливи. Единствено менувам гаќи на 15 мин бидејќи а се наведнам се подмочувам..се случува ли кај други мешиња вака? бев во тоалет пред малку еве сега се подмочкав. уф да не си раат одма се соблакам у сред соба да видам што потече
Јас па мислев дека во 3 то тромесечие се подмочуваш. Иначе во оваа апликацијата ми пишува дека кегеловите вежби се добри да се спречи подмочување.
Жени кажете како се рачунаат неделиве ништо не разбирам. По сајтовиве како што читам 5+4 се рачуна 6 недела. Денес одам на лекар Др ми вика 5 недела. Збунка сум голема
Како се пресметува датумот за пораѓај, според првиот ден од последниот циклус или според мерењата при утврдување на бременост со ехо. Различни доктори различно ми кажуваат некои според мерењата некои според датата од последна менструација. Ќе ве молам за Ваше лично искуство и мислење.
Кај мене докторот смета според срцевата реакција. Се води по тој термин. Според мерките од бебе варира. Некогаш некој ден назад, па напред. Тоа е генетика. Не сите бебиња се исти.
Ако си 5 полни недели и 1 ден, тоа значи си веќе влезена во 6та недела. Не може секој доктор различно да смета. Си има правила. Првично датумот за пораѓај се пресметува според прв ден од последниот циклус. (Пример - последно си добила на 4ти јуни и ти траел циклусот до 10ти јуни, ти завршил и после тоа не си добила... Значи на преглед коа идеш датата ја кажуваш, 4ти јуни. ) Докторот ја внесува датата, и почнува со мерењата. Си има и тука правила. Големина , дијаметар, должина и тн.. колку треба да изнесуваат поединечно во секоја гестациска недела. Многу често мерките на некои бебиња не одговараат точно на неделата на која би требало да бидат (Пример: по пресметка на датум од последна менструација треба да си 5 недели и 4 дена ама по мерка, бебето одговара на 4 недели и 3 дена. Или одговара на 6 недели и 2 дена..и тн..) И тоа не е страшно, тоа се мали отстапки. Некои бебиња растат побрзо некои поспоро, а на тоа влијаат повеќе фактори. Не дај Боже да касни со раст неколку недели, тогаш се прават дополнителни испитувања.. Значи, мерките на ехото ни кажуваат за која гестациска недела одговара плодот. Варираат од недела во недела а со тоа варира и датумот на очекуваното породување. Но секако, како што спомнав тоа треба да биде во граници на нормала.
А што толку проблем ако некој 5+ викаат петта недела, некој доктори со 5+ си влезен во 6та. Ни е грешка , ни па има некаков проблем. И да секој доктор си со води по негото. Ништо страшно. И да терминот е еден, не може да варира. Може само ако има големи отстапки кај бебето од 2-3 недели. Во друг случај се води според срцева реакција и ден од последен циклус. Ако се водиме по бебе , тогаш на секое мерење е различен терминот и отстапува за некој ден, плус минус. Во тој случај не треба докторот да ви каже една дата, на секој преглед ќе имате различна.
Еве вака мене првиот ден од последниот циклус ми е 2.11 е сега јас имам 5 полни недели и 6 дена тоа значи дека сум 5 или 6 недела? Др денес ми вика 5 недела а сите ми викаат 6 си.