1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Случајна, дали направи брис и микробиологија пред да забремениш и дали ти беа уредни, ако не тогаш консултирај се со гинекологот. Моите наоди беа уредни бидејќи јас спремав документација за ин витро 1 месец пред да забременам, такашто немав ни тогаш, но ни сега 5та недела исцедок. Единствено од утрогестанот кога го ставам од сабајле дел ми истекува, но матичниот ми рече тоа е нормално. Знам дека во бременост малку исцедок е нормално, но неиздржливо???
     
  2. slucajna

    slucajna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    84
    Да сите брисеви беа негативни се си беше чисто и јас сум бремена по пат на ивф пред трансвер ставав полигинакс вагиналетки превентивно се си е ок само што на мене ми е чудно досега во овие мои 30 години никогаш сум немала исцедок и никаква бактерија освен еднаш имав мислам беше уреоплазма ама освен кога ми се плодни денови но тоа е сосем малку докторката рече е се ок ама пусто мисла ми е пред недела дена бев на контрола се си е ок и крв мокрача се ама пошто најверојатно и од утрогестанот е а на мене мие чудно нема мисис проѕирен е понекогаш како млеко е ама тоа е тоа сум слушнала дека е нормално. сакав само да споделиме искуство..поздрав.
     
  3. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Да сите брисеви беа негативни се си беше чисто и јас сум бремена по пат на ивф пред трансвер ставав полигинакс вагиналетки превентивно се си е ок само што на мене ми е чудно досега во овие мои 30 години никогаш сум немала исцедок и никаква бактерија освен еднаш имав мислам беше уреоплазма ама освен кога ми се плодни денови но тоа е сосем малку докторката рече е се ок ама пусто мисла ми е пред недела дена бев на контрола се си е ок и крв мокрача се ама пошто најверојатно и од утрогестанот е а на мене мие чудно нема мисис проѕирен е понекогаш како млеко е ама тоа е тоа сум слушнала дека е нормално. сакав само да споделиме искуство..поздрав.[/
    епа супер тогаш не се сеќирај од уртрогестанот ти е ;)

    Од која недела веќе може да се чуе срцева акција?
     
    Последна измена од модератор: 12 април 2017
  4. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    6-7ма недела веке би требало да има срцева реакција, конкретно кај мене крај на 6та недела слушнавме срценце :)
     
  5. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Драга од 5 та до 9та недела треба да се слушне кај мене на 6та недела го слушнавме,ама докторката кажа дека до 9та е нормално која недела си ти ако си 5та 6та може ќе го слушнеш ;)
     
  6. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Девојки кога велите 6та недела, тоа значи 5 полни и неколку дена, така? Извинете за прашањево но многусе збунив гледам некои пишуваат дека го слушнале срценцето во 6та недела а на др место пишува дека пред 6 цели недели не може да се слушне. Денес сум 5 недели и 4 дена и имам закажано прв преглед, срцето ќе ми излета од страв, не знам што да очекувам...
     
  7. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми ја потврдија бременоста бев 5 недели и 2 дена,и матичната ми рече дојди за срцева реакција за една до две недели,ама јас не можам да појдам оваа недела бидејки таа работи само од сабајле а и јас сум оваа недела прва смена на раб.Ќе одам здравје во понеделник а до тогаш би требало да бидам влезена во 7-ма недела.Па се надевам дека ке го слушнеме срценцето,и се ке биде во ред. :inlove: :inlove: Туку да ве прашам ама немој да ми се смеете,прегледот за срцева реакција се врши со обично ехо или вагинално???
     
  8. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Драга од 5 та до 9та недела треба да се слушне кај мене на 6та недела го слушнавме,ама докторката кажа дека до 9та е нормално која недела си ти ако си 5та 6та може ќе го слушнеш ;)[/quote
    Во среда влегувм во 6та, но матичниот не ми е тука доаѓа на 14 па тогаш ќе одам. Не можам да дочекам.


    Јас и ти сме тука некаде :) Ајде па пиши како помина


    Мислам вагинално...

    А до каде сте со симтомите?Туууу ништо не кажувате додека не ве прашам :) Мене само ми се спие ништо друго немам од симтоми. Сабајле спијам до 11, па после ручек пак си поспивам 2-3 саати и навечер накај 11-12 си легнувам. Значи не знам што е ова многу ми се спие. А башка сум настината, ми тече носот и ме боли главата, омалаксана сум, и ништо не можам да правам, а куќата ќе ми прооди колку е се расфрлано...
     
    Последна измена од модератор: 12 април 2017
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    LusySkyDiamonds и јас сум како тебе од симптоми на бременост,ја имав главоболката ама таа помина а сега не можам да се изнаспијам(да имам прилика мислам дека ќе спијам цел ден и цела ноќ) :lol: :lol: и сум мн омалаксана,и некако мн брзо се заморувам,од соба до соба што ќе појдам се задишувам како маратон да сум трчала.Сега засега тоа е па за др ќе бидете обавестени.хехех
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Ми се спие ми се плаче, цел ден зевам може мислат колегиве не ми се работи а јас едвај главата ја држам исправено :) уште го имам тоа пецкање во стомак но сега е повеќе како менструални болки.... Воопшто немам енергија, вчера имав гости срам не срам се извинав и си легнав го оставив мм со нив. И пак омалаксана денес.... Добро е што не повраќаме, се надевам ќе го избегнеме барем тоа :)
     
  11. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    По мое мислење до сега ако не сме почнале да :puke: :puke: мислам дека нема ни од сега.Нај искрено се надевам дека така ќе биде.Иначе денес влегувам во 7-ма недела а сеуште го имам тоа пецкање во долниот дел на стомакот,и чат-пат болки како за добивање. :* :* :* позз мешиња ви посакувам убав сонченв ден
     
  12. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ех Тинче, и јас мислев така, цело прво тромесецие немав никаков симптом на рана бременост освен поспаност. И сега скоро, на крај на 4-ти месец почнаа да ми се појавуваат гадење, повраќање, вртоглавица.... кога на другите им престануваат мене ми се појавија :)
    Дај Боже вие да поминете без овие симптоми, поздрав до сите мешиња :*
     
  13. slucajna

    slucajna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    84
    Ех сите мака мачиме со поспаност и со спиење и јас сум иста ми се спие ми се плаче повеке одмарам дремушкам по цел ден инаку не одам на работа па по цел ден дома блазеси на тие што одат на работа како само издржуваат ,од симтоми да имам гадење ама само како мачнини до сега не сум повракала да се надеваме така и ке остане имам и киселини ама се краткотрајни болките во долниот дел на мешто веке ми се поблаги и поретки но за тоа половина ме боли оле мајче многу повеке престана мешето сега половината али тоа е тоа инаку сум 10недела и сега за сега е добро но малку повторно ме загрижува исцедокот кога е само водицка кога е и као млеко по нормално било и од утрогестанот што го ставам било но намометни као да ме ческа ама било и тоа од прогрестеронот па сега не знам ке каже докторката кога ке одам на контрола за две недели..поздрав месиња уживкајте додека не се почнати пеколните горештини како ке не биде ..
     
  14. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Вчера бев на гинеколог и ми ја потврдија бременоста :inlove: Се беше добро додека докторот не ми рече дека обвивката е малку згужвана а не смее таква да биде и дека тоа е од стрес и треба да се опуштам и да уживам колку што можам. Исто, подоцна било зачнато и ме води како 5 дена подоцна од последната менструација и не се гледаше плодот но ми кажа каде ќе се гледа срценцето. Искрено многу се загрижив и уште толку ме стресе докторот не можев да се смирам од страв. Сега сум добра одмарам мора се да биде во ред со моето бебенце...
     
  15. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски



    Samo misli na dobri raboti i uzivaj ne se sekiraj za nisto se ke bide vo red imaj lesna bremenost so sreka :clap: :clap: :clap:
     
  16. slucajna

    slucajna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    84
    :hai: :hai:
    Не се грижи мила се ке биде добро мораш да бидеш позитивно настоена инаку на грижите ке нема крај цела бременост е пред нас и верувај дека треба да бидеме опуштени верувај ,јас колку сум загрижена крај број нема имам многу стресови за да имам дете доживеано па еве се држам ,имам пред мене еден спонтан ,една вонматерицна бременост по природен пат ,две неуспешни ивф и еве сега се израдував конечно во 10 недела сум и секој ден го бројам докторката вика до 12 недела се ризично после тоа ке било полесно па сега види ти јас во која состојба сум секој ден е замене убав но и сакам да помине побрзо за да можам да отидам на доктор да ми каже дека се е ок ма да до сега е се добро господ бог со сите нас а и со мене нека е .поздрав и секое добро лесна и убава бременост. :*
     
    На chache87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Чаче мила, најпрво честитки за потврдената бременост и не се секирај воопшто, знам дека сега ти е многу тешко да поверуваш во тоа, ама се ке биде во ред. Докторите некогаш знаат и лошо да ја кажат информацијата и за нешто што не е воопшто страшно да се извадиме од памет. Сега само со стресот можеш да му наштетиш на тоа мало бебуле, не му го прави тоа, опушти се и со многу љубов очекувај ја следната контрола кога повторно ке се видите. Поздравче и со лесно :hug: :hug: :*
     
    На Henanana и chache87 им се допаѓа ова.
  18. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Фала ви девојки, се смирив и добра сум сега, знам дека мора да бидеме позитивни за овие наши мешиња и дека најнебитна информација може да не извади од такт. Тоа помешано со хормони не е баш добра комбинација :) решивме да примаме терапија, да се радуваме и да си се галиме (со мешето) и се ќе биде во ред. Ве гушкам сите вие сте ми огромна поддршка :*
     
    На Rusi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Само да се ѓиви и здрави, јас така се молам секој ден.

    Докторите кажуваат непотребни информации, првпат слушам за згужвана постелка :tmi: не се базирај на такви информации, а ако те загрижува отиди на приватно кај друг гинеколог, сите скоро на приватно земаат 500 денари. Мене а нешто не ми се допаѓа кај еден доктор одам кај друг, подобро да платам отколку една чудна информација да ме стресува дупло.

    Без нервози и стресови, лапни Б6 и спикај :)
     
    На annel, chache87 и Rusi им се допаѓа ова.
  20. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Кога правевте микробиологија? Јас требаше пред за забременам но не отидов, сега ми рече докторот обавезно да дојдеш но сакам да почекам откако ќе има срцева акција. Доцна ли е тогаш, кога правевте вие?
     
    На kostarika му/ѝ се допаѓа ова.