Поима немам каква е таа прираслица на постелицата. Само знам дека ми се запали мозокот. Ми даде упут да направам бхцг и ми рече не можам ништо да кажам додека не го видам резултатот. Ќе се следи ситуацијата и ќе видиме. Јас направив бхцг и ми излезе >5000 ама го вратив да го разложат со точни цифри и сеа утре ќе го земам резултатот. Не знам шо ќе праам не можам да си дојдам при себе. Се случувало да се повлече тоа и само ама...
Па планирам да отидам ама прво да видам што ќе ми каже утре со резултатот. Иако веќе се консултирав телефонски со двајца гинеколози ми рекоа битно е дека има срцева реакција а другото треба да се следи. Ќе видам утре...
@MaDa смири се, штом чука срценцето и бетата е супер висока, таман си е . Најверојатно е хематом. И куп жени износуваат бремености со нив. Не знам што им е на докторите, ама први се од памет да извадат а ништо да не образложат. Оди на второ мислење, да те смири и објасни. Не се трауматизирај, се ќе биде во ред.
Полека смири се. Каде беше на преглед? Чим има срцева акција тоа е добро. Ти објаснија ли што значи тоа? И дали се прима терапија? И обавезно второ мислење на приватниве клиники
Бев на клиника кај тој што ја праеше инсем.Ништо не ми објаснија само ми рече плодот е добар има срцева реакција а ова треба да се следи ми даде упут да правам бхцг и ми рече да го видам прво резултатот па ќе видиме сега не можам ништо да кажам. Размислувам да идам и кај Димчев у систина ама прво да видам он што ќе ми рече.
Обавезно утре во систина на преглед. Би ти го препорачала и Ивановски... Немој да се секираш ќе видиш дека се ќе биде во ред те гушкам и чекам да пишеш
Оф леле дај боже да биде се ко што треба немам сила веќе да се нервирам. Обавезно ќе пишам. Фала ви за поддршката
Еве јас да се пријавам денес малце си дојдов при себе. Бев пак кај др со резултатот од бхцг и ми рече дека е добро, да се смирам и во петок да праам уште еден контролен за да бидеме сигурни. Веќе не знам што да мислам и кажам. Ама ништо не разбирам...
Смирено МаДа. Во моментов ти треба позитивна мисла и надеж дека ќе биде се во ред. Гали меше и не си отежнувај со негативни мисли.
Јас мислам дека џабе ти направија паники... Ќе видиш дека се ќе биде во ред.. гали мешко и одмарај си.. а ние сме тука за поддршка во секој момент
Женски да ве прашам како се справувате со болки во градите? Денес сум почеток на 6та недела ( 5+7) незнам така ми рачуна апликацијата и имам огромни болки пецкања и некако ги чувстувам многу тешки.. ако е сега вака на почеток што ќе се случува понатаму ме плаши... А да и за срцева акција и воедно прв преглед севкупно ми е закажано на 6+5 недела.. ваљда би требало да има срцева акција? Многу сум исплашена..
Мајка не можи никако да ја намалиш болката ќе болат уште некое време (во мојот случај до 13та недела).Не се плаши ќе си го слушниш срценцето таму е ќе видиш.
Поудобен(по потреба и поголем) градник, ќе попуштат болките понатаму. Таман сте за срценце нареден преглед. Нема потреба од страв, се си е таман, и симптомите со гради и пецкања...
Душо како ми велеше мене без нервози и мисли се ке биде во ред.. значи и ти така ќе биде се во ред гали меше и уживај се е тамн а за гради и мене ме болат и ќе болат
тераме десета недела, во понеделник на контрола едвај чекам да видам колку е пораснато Ч) него сакав да ве прашам дали до хормони или до шо е незнам ни јас, првото уште цица, млеко ми иди како лудо секој ден повејќе градиве ке ми пукнат... се спрема телото за доење за воторото или ? и кога ке престани првото со цицање ке престани и млекото леле колку сум збунета со градиве и млекото
Ќе си прашаш доктор најубаво. Јас немам искуство но знам сега брзо моја блиска другарка само што дозна дека е трудна со 2ро и кажаа одма да прекине да го дои малото... сепак најубаво стручно лице ќе ти каже.
Девојки денес одам на прва контрола 6+1сум се надевам дека барем точка што пулсира ке се види. Незнам сега дали да ставам утрогестан пошто е сигурно вагинално ехо? Двапати на ден ставам а контролата ми е во 2 саат.