Многу ми е жал душо.. ти посакувам побрзо да се соземеш и да ни се придружиш што побрзо.. те гушкам и никогаш не се откажувај Господ е голем на сите ќе ни подари бебенца..
@Babynew многу ми е жал. Го поминав истото. Те разбирам потполно. И што и да ти кажам , ништо нема да те утеши сега. Биди силна. Не се обвинувај! Никој не е виновен. Твојата бебушка те чека . Исплачи се и продолжи напред . Ќе дојдат подобри денови!
А кој пакет го одбра? Таа ми кажа дека има три теста, основен па со плус опции...Разликата во цена е околу 80 евра од првиот до третиот....Јас мислев основниот, сега си викам кога ги давам парите....или да не се стресирам непотребно?
Многу ми е жал Знам како ти е, поминав низ истиот кошмар. Се беше во ред и одеднаш шок. Знам дека те боли душата и ти е тешко, ама не дозволувај да паднеш во депресија. Исплачи се, размисли убаво за тоа што ти се случило, и потоа размислувај само позитивно. Не дозволувај да ти се одрази на психата. По мојот спонтан докторот рече ова е природна селекција и што и да си направила или не направила е сеедно. Најбитно е да не дозволиш да се кривиш себеси,така требало да биде. Одмори и психички и физички, направи испитувања кои се потребни,па здравје за неколку месеци ќе се израдуваш повторно со позитивен тест. Поздрав
Многу ми е жал мила... што и да пишам знам џабе е.. Само мора да знаеш дека така требало да биде.. Ти посакувам многу наскоро да си останеш пак бремена и си имаш најздраво бебенце. Исплачи се денес и од утре главата горе тоа што било поминало, ќе си се фокусираш на твојата цел.. те гушкам
при крај на прво тромесечие, лета времето деенска бев на преглед 11 недела според менстурација а според плод 10+4, мислам нема простор за паника. наредна недела скрининг за даунов, за првото праев и скирнинг и испитувајње со крв, пак да ги правам двете или само скрининг е доволно ? и по овој преглед видов дека можам од една страна да ја дојам малата а од др страна да си расит бебето во мешето
Mamicki alarmot se vkluci kaj mene pak me fakja panika , od pocetok do sega imam bel sekret i doktorkata mi kaza deka e vo red toa , ama sega zabelezav na dva pati kako zoltenikavo nemam ni cesanje ni peckanje nikakvi znaci na infekcija.Od utre sme 9+2 , prethodniot pat bese se vo red i so bebus i so mene ama sega ova me izvadi od patiki.
Супер, можеме да си ги пренесуваме искуствата баш сме во „чекор“ Интересен факт кај мене е што немам лошење со тоа што не ми се ни познава баш дури сега почнав да бидам малку како да с еизразам подуена ете копчето на панталоните горе ме затега но се закопчувам со малку труд... Па се прашував одеднаш ќе рипне стомак или....којзнае : останува да видиме....ќе одиш ли на скрининг?
Бев мила во петокот. Требаше денеска ама докторот патувал, па за среќа ми презакажа порано место покасно. ти? Денеска давав крв за Верифи тестон зошто имам 35. Нема да сум мирна додека да ги добијам резултатите, иако на ехо се' беше ок. Ти која возраст си?
Јас ќе одам на скрининг после нова година, веќе кога ќе сум во 13та недела докторот ми препорача дека е подобро подоцна отколку порано... во смисла на тоа дека имав закажано на 25 баш кога влегував во 12та недела и докторот ме советуваше да презакажам малку подоцна подобро ќе е така... имам 32 години, тој тест не ми е познат за што е? Верувам се ќе биде во ред штом ехото ти било уредно. Поздрав
Тој тест е за рано откривање на хромозомски аномалии кај плодот (даунов синдром и други). Го препорачуваат кај постари трудници од 35 години, или ако има сомневања на ехото...за да се избегне аминоцинтезата. Веројатно тебе заради поубавите години,нема да ти го препорачаат, што е супер за да немаш дополнителни стресови
Здравје со второто (далечната иднина) ќе го препорачаат имам болки во долниот дел на стомакот од вчера вечерта како менструални се...грчеви некакви како мускулни како да ги објаснам...нормално е тоа или да почнам да паничам...сте имале вие грчеви од таков вид или кој било во групава?
Не ми се случило. Но на последниот преглед ми дадоа директ магнезиум со б комплекс да пијам 1-2 на ден. И кога прашав зошто, ми рекоа дека е за грчевите и мускулите. Веројатно се јавуваат во второ тромесечие.