Milaaaaaa , bidi silna , nema zbor za uteha ama samo glava gore i ke si bidis mamicka i ti. Te guskam
Многу ми е жал мила... знам точно како е.. и јас го имам преживеано истото.. прво имаше срцева акција па потоа не.. Што и да ти кажам џабе е... Само главата горе така требало да биде. За сите има план. Подобро сега ако не бил добар ембрионот него понатаму веќе кога ќе го осеќаш бебето. Бар така ме тешеше докторот.. Исплачи се убаво и со нови сили во новата година ти посакувам најбрзо да си видиш 2 цртки . Те гушкам
Женски од пред 3 дена ( после прегледот ) ставам криноне гел - прогестерон. Еве веќе втор ден ме мачи тврда столица.. со болки сосе се... Претходно немав проблем. Знам дека е од прогестеронот. Некое чаре?? Пијам цеден лимон, портокал, на супи сум по цел ден ( од се др ми се лоши) еве земав и суви сливи... Некој трик друг??? Незнам како ќе издржам вака..
@*Milicka* лажица ленено семе во чаша јогурт. Ако и тоа не успее, сируп Дуфалак за омекнување на столица, сосема безбеден за трудници. Мене ми беше спас, препорачан од гинекологот секако. Го земав по потреба во првото тромесечие, тогаш е најтешко, ама ќе помине
Еден мој рецепт што ми помага. Трици ке купиш ги има и по маркетиве на виталија се. Сабајле на гладно 3-4 лажици во чаша со јогурт измешај нека постојат 15 мин. И изеди. Мене лично многу ми помагаат. И за тоа се корисни одржување на цревна флора и регулирање на столица. Со лесно.
Мила мене ми е така од Кринонот веќе скоро 2 месеци. Ќе ти кажам мене што ми помага: насабајле компот од суви сливи, чаша јогурт со 2 лажици мелено ленено семе, варена блага пченица, кафе. Ако ништо не ти помага земи парафинско масло од аптека. А мојот матичен ми кажа дека и сите чепчиња биле безбедни за трудници.
Девојчиња здраво,ја вчера ја потврдив бременоста со бета,се надевам ќе биде се во ред до крај. Туку кажете ми кога ви се појавија мачнини,јас веќе 3 дена имам мака. Сабајле кога ќе станам имам нагони,не повраќам само со нагони сум и исто попладне знае да ми се појави. Едвај јадам зашо ми е лошо. Имајте убава вечер. И во новата година само убави работи,и секако најубавото запознавање со бебушки.
Женски колку тешко сте кревале во прво тромесечие? Јас избегавам потешко од 2 кг да кренам.. Но денес се испаничив бев на кафе со другарка она има бебче максимум да има 7кила 6 месеци е ама слабичко многу... И само го поткренав само со рацете да и го подадам тоа беше 2 секунди се на се и коа ми текна една пот коа ме обли. И почнав да осеќам болки во стомакот незнам дали беше на психичка база зашто мн се вознемирив.. Ваше искуство? Си отидов дома легнав одма еве сега немам болки ама мн се испаничив... Да не се случи нешто.. Скроз заборавив и сега мн ми е криво и страв да не направив беља
Со првото се пазев многу а со втпрово уште од старт 10+ кила нон стоп. Во принцип треба пазење ама не се секирај веројарно ти е психички
@wannaBeMomma @kukla21 Фала ви женски се надевам се ќе биде во ред. Еве сега имам мали грчеви ко истегнувања. Што се не прочитав на нетов од паники. Дури цел ден ми е лошо. Ко шо читам викаат над 10 кг е ризично... А прво ми текна на мајки трудни мора првото дете бар да го поткренат па така се тешев ...
Опушти психа и напиј се магнезиум Грчевите може и да се оние секојдневните, неповрзани со случката. Нормално гледај да избегнуваш кревање првите три месеци. Јас немам понекогаш избор, морам да ја дигнам ќерка ми, а има веќе 15 кг. Имав и случка кога ми заспа во такси, па ме пресече стомакот кога млитава ја вадев на раце од такси. Е тогаш многу ме фати страв (бев трети месец) и знаев дека многу ризикувам, ама среќа ок поминав.
Не се секирај,по цел ден со нешто се занимавам.Куќата ни е на 3 спрата,од горе доле дури и со алишта во корпа се симнувам.Плус што малиот има 13 кила и сигурно 3-4 пати на ден го кревам,оти повеќе сум сама со него. Болки имам и јас скоро цел ден,ама не се замарам,се тешам со тоа дека матката се шири итн.Што повеќе му ја мислиш,толку понапната ќе бидеш.Опушти се,ќе биде се во ред,со Господ напред!