Девојки како сте? јас денес сум 6+3,вчера и денес ме боли стомакот така повеке и почесто..некако ме фати страв,ви се случува ли на вас тоа ? дајте некој совет или да пијам повеке магнезиум.
И јас имав и пишував за такви болки.. Не се болки, туку повеќе како бодежи или пулсирања. Докторот што ме води ми кажа дека е сето тоа нормално, сѐ додека е подносливо. Меѓутоа, превентивно, ми ја зголеми дозата на Утрогестанот 3х1, и магнезиум од 250мг 2х1.. Не е константно на едно место?! "Шета" болката, така?? И на двете страни.. Еден ден на едната, др на другата.. И на мирување и при движење осеќав..
да,да шета најчесто е доле исто како менеструални болки (пулсирања)..мене ми дадоа само фолна и магнезиум на првиот преглед,сега наредна недела сум па ке каже докторкава дали треба уште нешто да земам.и на мирување и на движење исто затоа ме фати страв
@Bella* , мене дури ме разбуди од сон. Језиво чувство.. Се мислиш дека нешто не е во ред.. Меѓутоа мора да се опуштиме, дека тоа се нормални бодежи, се шири матката. . Но, ако осетиш неподнослива болка, обавезно на доктор.. За останатите тука сме си да се поддржуваме!!
Јас откако почнав со утрогестан не ме боли и тоа 1 апче на два дена ставам навечер и тоа на своја рака. Докторот несакаше да ми даде рече нема потреба, јас му побарав па ми даде и сеганезнам и јас дали е правилно вака Па сега и дека не ме боли се грижам Никако не чини
Eпа ке си купам и јас...Даваат без рецепта? ваљда нема да имам никаква штета ако не ми е препишано Тоа е вагиналета или апче? и на колку време се пие/се става ?
Консултирај се со лекарот. Сепак на своја рака нема зошто да ставаш. Некаде бараат розева рецепта. Плус имаш од 100,200мг.
Вака значи, јас имав missed abortion пред 5 месеци, сега сум пак бремена 8 ма недела и му побарав на докторот Утрогестан тој ми рече немора но ако сакаш земи по 1 навечер, јас имав некои симптоми лоши после првото апче и затоа почнав да ставам по 1 на две вечери. Исто така и моја другарка ставаше со второ бебенце и се беше во ред. Бела тоа е за поддршка на бременост и ќе ти каже при преглед дали трева или не. Ако нема хематоми, крварење скраја да е нема потреба од истите.
летнав кај докторката сега се вратив ми препиша Утрогестан,и ме виде на ехо се ми е во ред напредокот е одличен рече се си е како што треба и плус слушнав срценцееееееее ми падна камен од душа,рече ме болело од што ми се шири матката да не паничам и ке ме боли уште ама со ова утрогестанов ке ми се ублажи болката...ми дојде срцето на место луѓе уффф
Баш ми е мило!!! Ќе биде сѐ во ред!! Јас и покрај тоа што ставам подолго време Утрогестан од тебе, пак си осеќам пецкања.. Да не потсетуваат дека се тука
И јас сум тука некаде девојки денес 6 недели и 2 дена, и истите симптоми ко вас и исто терапија со Утрогестан вагинално и фолна и магнезиум. Поздрав Мн се смирвам ко ќе прочитам вака дека и кај некој друг е истата ситуација а се е во ред. Поздрав и лесни бремености да ни се, ќе се бодриме до крај
Исто и јас, според плодот сум 7+1, а според последна менструација 7+5. Пред два дена слушнавме срценце Матичниот ми препорача да мирувам барем уште 2 недели затоа што ембриончето е многу ниско поставено. Ми се лоши по цел ден, неможам да поднесам никаков мирис и апетитот ми е 0, можам да каснам само корка леб, од се останато ми се превртува желудникот
Тука сум и јас 8+5 дена, исто со утрогестан, премама, Аспирин од 100 по 1 во денот и магнезиум. Имам и јас мачнини. Многу работи неможам да јадам, кафе неможам да поднесам, миризби јаки
Ај и јас да се приклучам, 6+3 сум, денес слушнав срценце Пијам Фемибион, магнезиум од 400, треба да ставам и Утрогестан навечер по едно. Плус и вагиналети за бело прање, Полигинакс. Како сте вие со бело прање, зголемено ли ви е?