Зошто не отидеш има дежурни гинеколози и во систина и во ремедика нека те види уште еден доктор, они точно знаат кога бхц е толкава што треба да се гледа на ехо и ако е вонматерично брзо реагираат
Јас кога останав правев преку урина и ми излезе со бледа црта...после направив бета беше 2200 и кога отидов на ехо не се гледаше ништо само задебелен ендометриум после 3 дена одев пак се виде кеса без плод тогаш бев 6та недела и веќе после една недела се појави и плодче со срце...иди утре пак ако не си мирна знам како е ама само не се плаши ќе биде во ред чекам убави вести
Мој совет најдобронамерен ми е ВЕДНАШ на дежурен да не завршиш со отстранување на јајовод не дај боже ако е вонматерично.НЕМОЈ да чекаш во текот на неделата оди одма висока ти е бетата.Ако има бебче кеса супер ама ако не нешто не чини.Не сакам да те вадам од памет и јас доживеав вонматерична и вредноста беше 3250 и јас како тебе утре ќе отидам,задутре а ако бев чекала ќе завршев лошо затоа што не сфатив дека е сериозна работава,затоа сега трчам како супермен и за глупост ама пусти страв Секое добро и да испадне бебче❤❤❤
Да ве прашам, дали имате зачестено мокрење како резултат на бременоста? Кај мене е нормално мокрењето, но првата бременост одев почесто во вц, овојпат одам нормално..и тоа ме чуди...
Јас да сега до 11 недела станувам 2 пати во текот на ноќта и многу ми е мачно, таман си заспал ајдее станувај За натаму очекувам и почесто да биди.
и јас исто како тебе само што јас ништо не чувствувам друго поразлично... и малку ми е чудно... се надевам дека се е во ред... можеби е многу рано тукушто ја започнувам 6тата недела
Леле и јас, и колку пати и да одам се недомачана се чуствувам. Дури си мислев да не имам и некоја урнинарна инфекција, ама немам ништо. Па се помирив дека е нормлано и дека ми е од бременоста.
Се пријавувам и јас на списокот Минимум 2 пати станување навечер, денски на секоја испиена пола чаша течност трчам во вц.
Па замислете за да одам во ВЦ имам скали 2 реда за слегување и качување, само си велам сама полека да не падниш заспана ама здравје се да е во ред со бебето се ќе трпам
Здраво, Еве и јас да се пријавам денеска со добри вести бев на контрола се гледа како мала точка во матката зашто се плашев да не е вонматерично, но хвала Богу све беше само паника и требаше време зашто е покасно. Имам закажано во петок да одам на контрола, за да се гледа ембрионот зашто сеуште е многу рано само точка имаше. Многу ви благодарам за подршката и советите, све најубаво
ti blagodaram mila se nadevam deka kje slusam i toa, zasto mnogu panika za ovaa bremenost od pocetokot se plasam i da se raduvam vekje.
Не се паничи душо, сите така не плашат со се нешто. Порано дека ни ехо имале, па еве здрави живи се сите. И мене ме исплашија на почетокот дека бебе касни со 10 дена, демек доцна овулација,а јас имам точен менс и плус знам кога имав односи. Од ум се извадив, па и дека сакусот не бил со правилен облик и кардиопирин пиев. Сега се е во ред и бееб е 2 дена плус од терминот, значи 12 дена повеќе од првото мерење. Јас му викам на мм некако неделиве мн брзо ми врват, дека две ги скокнав. Уживај се ќе биде во ред. Сега такво е времето се неш не паничат, вакви тестови онакви, се рајат да не бидеш. Наместо најмн да уживаш, се под напонон. Еве и јас ги чекам резултатите од ТОРЧ от моментално и за тоа паничам, претходно за брисеви, за скрининг и се така.
Здраво девојки, јас бев на преглед, имаме ембрионче со срцева акција Сакам да ве прашам тие што употребувате утрогестан вагинално, дали од него ви се јавува јадеж, печење и други непријатности таму доле? Се консултирав со докторот, ми рече надворешно само со крема да се мачкам, зошто ако ми даде вагиналети ќе треба да ми ги прекине утрогестаните, а во оваа фаза на бременоста тоа не е препорачливо. Сепак, ми е страв да не се работи за инфекција...Ваши искуства?
Ме израдува мила со лесно овој пат до крај...јас утрогестанот го користам од 9 недела и уште терам..сето тоа ми се јавува се миам почесто и мењам долен веш избегнувам секојдневни пробај со камилица да се замиваш а едно време и ги прекинав вагинално ги пиев зошто почна да ме чеша многу и ете терам 30 а уште ги ставам досадни се знам ама многу помагаат