За брисевите јас не се плашам за развитокот на бебето се плашам бидејки се имам изгорено. Се што ми се случува во бременоста ми е познато и на секоја болка не се плашам само за развитокот. Ама ќе биде мора да биде.
За се се плашам, првата бременост во 9 недела ми заврши, немаше срценце а претходно во 7ма имаше, сега секое одење на контрола се тресам. Ама ќе издржиме до крај овај пат имам верба
дали е нормално во 6та недела да немам никакоооов знак на бременост освен отечени гради? да не треба да појдам на лекар?
Секоја бременост е различна , првата моја бременост беше лесна ко песна во секој поглед . Камо среќа да не те мачат киселини повраќање и целодневни мачнини отоци и малаксаност. Донт вори би хепи уживај во бременоста и со лесно кон целта
Здраво девојки, петокот бев на контрола според ехо големината беше за 11 +1, ми зедоја брисеви 3 од кои 1 однесов на приватно, 2 на државно. Ми зедоја и крв за испитување на некои болести како хепатит, рубеоло, сида и др мислам беа напишани и плус урина за урино култура. Матичниот гениколог ми го направи и првиот скрининг, ризик за Даунов синдром нема ми рече поради тоа што нухален набор на вратчето е 1,2 мм и има почеток на носна школка, бебушот се беше во ред 2 ноџинја, 2 рачиња и дел од органите беа развиени, бубрези, мочен меур и др спомна докторката. Не ме испрати на болница за Приска и ме посоветува дека со овие мерки немам потреба од понатамошни испитување, меѓутоа сепак одлуката беше на мене и си реков кога се е во ред со мерките да не се изложувам на дополнителни стресови и решив да не правам Приска, туку да останам само на скринингот, Сега околу 16 недела треба да одам повторно за некој скриниг на органи мислам ми рече доколку е се во ред со резултатите од брисевите и од крванта анализа. При земањето на брисевите ми рече дека најверојатно од користењето на Утрогестанот имам добиено кандида и ми даде вагинални таблети Polygynax и крем Нустанин кои ќе почнам да ги користам дури по една недела кога ќе сум полна 12 недела. Поздрав што мислите не згрешив со одлуката за Приска
Денес сабајлево на бришење ми се појави како кафен исцедок, помешен со остатоци од кринон. Од денес според апликацијата сум 8ма недела. На преглед сум за 2 дена. Не знам дали е ова загрижувачко? Дали да одам порано? Инаку се уште кашлам... ах, ќе пукнам
Еве и јас не правев приска , само скрининг . Размислувањата околу приска се поделени дури и помеѓу специјалистите.
Ја 2 пати имав сукрвица,во 5-6та недела,и трчав на дежурен. Се беше ок,ама за чиста мора си отидов.Можеш и до матичен да тркнеш,да не ти е на мисла.
Јас одма одев на дежурен во систина дека навечер покасно беше и на митко на вибер му пишував. Оди му. За итно ми имаше кажано во секое време да одам. Можно е да е од кринонот, ама сепак..
да нормално е...со првата бременост не повраќав ниту ми се лошеше исто како да не бев трудна освен стомакот што ми растеше..јадев се и никоја храна не ми сметаше...... и со оваа бременост се е ок за сега иако сум само 5 недела но разликата е тоа што осеќам умор повеќе и ми се спие затоа што имам бубачка дома од 13 месеци која проодува и се ја интересира..
Мене само како мрслуче на два три пати пи се појави што ако не го загледав немаше ни да приметам што беше мало. Отиди си порано на контрола за да си бидеш мирна. Јас сум во среда ама изгледа денес ќе и одам и јас. Јас таман мислев лошењето ми прекина малце но не само ми се смени наместо поручек навечер ми се појавува.
И јас не ја направив од исти причини. После ми беше малку криво ама доста читав на нет. Тоа е само статистика. Ништо конкретно.
Бев на преглед, и слушнав срце, леле колку убаво чувство. Бебето се развива ок за сега. Инаку тоа кафеното било најверојатно од кашлањето, од некои капилари, друго беше во ред. Не ми го прекина естрофемот, не знам до кога се пие ова? Друго ништо не ми смени, се исто... На контрола за 4 недели, многу далеку ми се гледа аууу ама ај ќе почекам