Јас имав мал кафеав (скоро и црн) исцедок, му се јавив на матичниот ми рече ако е еднократно, т.е..не тече не е за загрижување, но сепак имајќи предвид што ми се случи со претходната бременост, примив прогестерон за секој случај.
И јас исто кога имав кафеав исцедок 2 недели користев Утрогестан и престана исцедокот, и по две недели ја прекинав терапијата по консултација со геникологот.
Мешиња таман мислев се оправив, прекина гадењето и повраќањето, почнав да се чувствувам малаксана, да ми се врти и да ми се темни, дури мислам дека ќе се онесвестам ако не седнам. Дали е од времето, дали крвта ми заслабнала, ама ич не се чувствувам добро. За јадење сеуште имам проблеми посебно од сабајле кога речиси ништо не можам да јадам, но подоцна во тек на ден се оправам некако. На преглед сум во четврток, мешко почнува да се познава по малку, од денеска почнувам 10 недела
Точно една недела сме разлика,јас немам гадење,повраќање ама последниве неколку дена ми се врти и темни и ми течеше крв од нос два пати..крвта ми е добра ја прегледав значи се ми е од времето,хаос е сите се жалат нагло почна да е со високи температури и затоа,и главата секој ден ме боли и за чудо лимон ме спасува ептен ја ич не јадам не ми се јаде ич немам апетит,два пати во ден јадам и тоа по малку..и ми се познава мешето и мене малку,бидејки немав предходно стомак сега сите ми викаат аааа еве го мешетоо хихи јас сум тек на 18ти на преглед секој ден ги бројам деновите до тогаш само се да биде во ред ние ќе се оправиме
вчера одеднаш почна многу силно да ме боли матката, ама многу, чувство како најсилна менструација, дури како да се кине нешто внатре... траеше 15 мин и помина...некоја искуство??? 7 недела сум
Подносливи и не многу јаки болки се нормални. Многу јаки болки или нешто како твојот горенаведен опис најдобро кај доктор да се обратиш.
Вчера пак бев на контрола на една недела одам сега на почеток. Бебчо пораснал дури почнал да мрдка јас се стопив мислам уште не ми се верува Бега напред за една недела и ваљда и скринингот порано ќе го правиме. Јас од течна столица сега сум на ептен сува и мака мачам дури и капилар ми прснал некој па мислев да не мие од напред па се чепкав како луда но нема ништо. Се на се ова прво тромесечие мие многу тешко се надевам на подобри денови.
Ако крвариш од назад, не се секирај може да е и од хемороид од тврда столица. Јас како студент мака мачев со тие гадотинки. Ама сега му го зедов редот и за чудо немам запек прв пат во животот. Јади киви на гладно и суви сливи и секако мн овошје и вода. Се сум пробала, ама од ова се препородив. И ако смееш да се движиш. Оти од залежување знаат да се појават тие мали напасти
Здравоо женскии, бремена сум веке претпоставувам 4 недели, во понеделник одам на гинеколог,пред 2 недели требаше да ми дојде ама немав ништо само болки во градите и потеченост...два дена пред тоа имав една капка крв но понатаму ништо друго ,решивме да направиме тест и на тестот пишуваше две цртички, но кај матичниот гинеколог немаше термин за да ми потврди, тек во понеделник на 11ти успеав да се изборам за термин. Ме интересира сега кога ке одам прегледот е и вагинално и со ехо или како? ке ми дадат сликаа од бебчето ? може да влезе и вереникот? и он сака да учествува во сето тоа кај гинекологот....уште дома немаме кажано па сакав со слика да ги изненадиме
Обично првото ехо е вагинално за сликичка јас си сама барав секако може со мене е мм секој преглед...кога ќе речеше таа е мајка ама јас татко хахах а пред се со лесно нека ти е
Првото ехо е вагинално за подобро да се виде бебенцето, колку недели си бремена одредуваат според датум на последна менструација и големината на плодот според ехото ( вредностите се тука некаде можи да има отстапување до 2 недели) Кај мене на почеток имаше отстапување од 2 недели по ехо беше 5 а по последна меструација 7, меѓутоа подоцна таа разлика се намали на само 6 дена, по ехо 11+1 по циклус последен 12. Сопругот не влегува кај докторката му било страм па на сите прегледи до сега сум самата јас хехе, а за сликичка немам добиено ама ете веројатно требаше да побарам, ајде здравје боже нареден пат кога ќе одам ќе и побарам сликичка. Поздрав и со лесно мила
Мене сегашниот гинеколог до сега вагинално ехо не ми има направено и првиот преглед беше во 5 недела и ми го правеше на стомак ехото и се гледаше бебенце. А претходно кога бев прв пат бремена бев кај др гинеколог и секогаш вагинално ме гледаше И мм влезе со мене сега кога правевме скрининг во 12 недела и слика ми даде.
Имаме одамна уплатено за одмор во Грција а јас сум 8 недела. Докторката ми рече да одам да внимавам на сонце да не седам и нонстоп да пијам вода. Ама заборавив да прашам дали смеам да се мачкам со крема со заштитен фактор.. некоја да има искуство??
Ne posebno ako ima vitamin a kremot za zastita inace na mene oti odam na privatno na sekoj pregled mi davaat slikicki od bebeto
Мила јас пред 3 години кога бев бремена си ставав блек ап,нит знаев дали треба или нетреба и ништо неми беше. Ако смее да се става аутан зашто заштитен фактор да не се става. И обавезно шешир да си носиш. @duffi Дојди разреши дилема за млеково за сончање ти знаеш најдобро
А оти да не смееш? Смееш. Функционирај нормално. Нормално малку повеќе пазење на одмор од нормалното. Нема да се изложуваш на сонце, доколку се бањаш не седи со мокри купачи, не се преоптеретувај со шетање. И најважно слушај си го телото.