Минатата недела бев на преглед,шеста недела сум. И кажав на докторката дека имам чешање и исцедок,нормално било ајфе ништо да не примам. Сум имала претходно кандида знам што симптоми е... Но сега секретот околу вагината кој го видов е бел а на гаќитее имам зеленикав секрет. Се сомневам на некоја бактерисла вагиноза,па да не е трихомонас што никогаш не сум имала. По книга како што учевме метронидазол се дава во бременост но барав мислење искуство.. до пон.морам да чекам нема термин кај матичната...
Јас не би земла никаков лек, без претходни брисеви, особено не во бременост. Но тоа е мое мислење. Може да е и нешто друго... некоја друга бактерија. Јас би почекала до преглед и совет од гинеколог. И јас би отишла кај докторот и ќе чекам да ме прими ако треба и 3 саати ќе чекам, на крај ќе ме прими.
Да,јасно ми е дека на своја рака ништо не би земала,ќе чекам до преглед. Сакав мислење да слушнам дали некја имала нешто слично.. Ви благодарам
Da si zemes caj od brusnica ili susena brusnica mnogu pomaga za takvi rab I caj od kamilica mozes da pies dodeka da se sredi toa cesanje
Се сетив дека симптомите ми почнаа откако започнав со ставање на утрогестан вагинално. Тогаш докторката ми рече од нив ми било. Читам во несакани ефекти во упатство чешање,печење,појава ма масен исцедок. Но веќе 5дена не ги примам а чешање имам сеуште и зеленикав секрет. Затоа се посомневав на инфекција. Фала ти Мечкја, ќе пијам
Исто и јас од употребата на утрогестан добив кандида, ги користев утрогестанот околу 7-8 недела од бременоста, во 11 недела ги прекинавме и цело време маки со секрет золто зеленкаст. Кога бев за брисеви матичната ме чистеше внатрешно од секретот и ми препиша Прогинакс вагиналети и Нустатин крема кои ги користев цела 12 недела, кремата продолжив и во 13 недела и се спасив од тој секретот и од кандидата. И мојата матична исто ми кажа дека пред 12 недела не е препорачлива никаква терапија. Поздрав и со лесно да ти помини
Можеш да пробаш кринон наместо утрогестан. Мене лично тој гел не ми прави иритација, но сепак и тоа по препорака од гинеколог. Ајде да ти помине што побрзо, и да не се нервираш, со лесно
Јас од тие утрогестан животот си го замразив...откако ги прекинав, сега пијам само дабростон и доле сѐ ми се среди, ни чешање, ни исцедоци. Зборувај со докторот може ќе ти ги замени.
Мила јас утрогестан користам од 9та недела и еве дури сега ќе ги преќинувам 35 сум до 36 по едно навечер сеа ми се појави таков зелен ко мрсул исцедок и правев брисеви чисти тоа ми било од настинка бев малце настината и ете сега само од утеогестанот имам тоа го снема ама јас дека отворена за секој случај ставав лактогин вагиналети тие се за да спречат инфекции
Ги прекинав,ги примав самп една недела. Немало потреба да ги примам,па што ми ги препишавте бе? Мора да се среди. Ви благодарам на сите мешковци за мислењата,ми помогнавте многу.. Триста мисли поминаа низ глава. Абе цела ме испореметија.. Само спиев,ми се гадеше,неможев да јадам ништо,неможев да функционирам а таа недела имав три испити. Неможев да издржам,само спиев. Полагав кај Др.Глигор Димитров го прашав и тој ми рече немам потреба од утрпгестанот.
i jas dodeka stavav krinon nemav cesanje,od koga pocnav so utrogestan mi se javi kandida,pa stavav vaginalni donafil mnogu efikasni
Можеби некоја ме прочита во труднички муабети, но да си пишам и тука. На 19.05.2018 ми беше последна менструација, потоа си бев на редовна контрола на 5.06. И др ми кажа дека имам еден фоликул од десниот јајник кој би требало да пукне околу 10-12 и уште два помали од левиот јајник. Ми доцни веќе 12 дена. Правев тест за бременост едниот на 25.06 попладе и другиот на 26 со утринска мокрача. Двата беа позитивни. Кај гинекологот бев на 28.06 и тој ми пресмета дека сум 5 недела+5 дена но на вагиналното ехо не виде ништо. Ми рече има некои промени тука но не можам да кажам дека си бремена, не можам да кажам и дека не си, дојди за 5 дена, но бидејќи ќе одам на одмор и се враќам на 10 ми рече да појдам на контрола на 11. Мене место не ме држи и денес правев bhcg па ќе ги чекам резултатите околу 13 часот Инаку од симптоми имам повремено гадење, слаби повремени болки во долниот дел од стомакот и отечени и малку болни гради. Др ми даде да пијам премама и магнезиум. Имам ли простор за паника дека нешто не е во ред?
Тоа ќе да е тоа изгледа❤️❤️❤️ Честитки и со лес да си ја износиш бременоста. Рано е за да се види на ехо. Почекај бар уште недела дена таман 7-8 недела се гледа. Оиши ни за резултати