Искрено полесно ми мине времето на работа. Дома ќе полудев од мириси, неможам фрижидерот да го гледам, ѓубре ми мириса се ми оди на нерви. Вака 8 саати на работа идам и спијам до сабајле. На работа имаме фотеља кога ми е многу лошо одмарам, инаку нели секаде ни е лошо и на марс да сме и таму ќе ни е лошо. Ајде ќе биде ќе преживееме ваљда, ако не овде ќе си кукаме до 9ти. Затоа и се зачленив одма полесно ми е кога ќе најдам некој што му лошо исто како и мене
За утеха, јас сум 12та недела и веќе се чувствувам подобро. Инаку точно, што пиша една членка погоре, ако со лошење и гадење и сите пропратни заебанции трае една бременост...каде е тогаш убавото од тој најубав период на жената?
Јас влегов во 6та недела и фала му на бога се осеќам малку подобро..до пред 3, 4 дена од кревет не станував, од дома не излегував, мислам пеколот го видов..од дневна до веце немав сила да појдам, немав сила да се истуширам, вртоглавица, мачнини ужасни кои траеја и ден и ноќ..депресија ме фати, плачев како мало дете не се издржуваше а 3год.дете имам дома за чување..чистење, пазарење, и се останато му препуштив на маж ми..денес малку ми се врати надежта дека брзо ке помине овој период
Од денеска сум веќе во второ тромесечје, првото некако го истуркав. Не се надевав дека ќе ми е толку напорно, мачно, неубаво, ама битно после толку време можам да кажам дека се чувствувам посвежо, поубаво, со повеќе енергија. Не можев да јадам, постојано повраќав, едвај издржуваав да бидам на работа, ми се вртеше, ми се гадеше од многу јадења, посебно месо, скара, јадења со мелено месо,кафе... Битно, да ве утешам кои сте во слична ситуација, дела има надеж и дека навостина поминуваат мачнините во 13 недела. Се надевам на убаво и мирно второ тромесечје и ви посакувам на сите кои сте во слична ситуација како мојата што побрзо да ви помине.
Ајде да не фати мајата од тебе Мајки ке сме треба да издржиме,ама пусто не поремети,не истоштува... Се надевам втор триместар ќе е со помалку гадење,повраќање,со повеќе сила и помалку спиење. Убав ден
Знаеш дека си во право тука? Јас сеуште не ги чувствувам движењата, рано е...но на ехо кога го видов како мрда цело и со раце и со нозе...тогаш за прв пат се стопив...
Здраво феминки! Сакам да ве прашам во која недела почнува да чука срценцето? Бев на гинеколог и веќе имаше срцева реакција според последен пат кога сум добила сум 6 недели и 6 дена, но гинекологот вели дека не се совпаѓа баш и дека на наредна контрола ќе се види поубаво. Е сега изгледа сум имала "лажна" менструација бидејќи кога добив многу малку имав крв. За сега сум добро се држам сите контроли се ок, освен гадењата и повраќањата наутро! Секое добро и чувајте се мамички
@Annie.mk1 колку отстапка има, според димензиите на колку недели одговара? И јас сум со нередовна менструација, последните две некако ми дојдоа брзо една по друга а не беа ич обилни па бев во прашалници која е вистинската од тие 2..па исто и кај мене плодот му се гледал некако мал па ме тераше да повторувам двапати тест за бременост преку крв..сега во вторник имам нов преглед па ќе видам што ќе каже овој гинеколог. Спрема нашите пресметки од што знам кога беше тој незаштитен однос се си е во ред, таман си е..и си викам имав и друго крварење он пак ми смета од претходна менструација..и они некогаш не знаат што работат.
Епа според гинеколог вика дека можно е да е повеќе околу 8-9 недели па затоа прашувам. Според моите пресметки од последниот однос тогаш се поминати точно 7 недели, што се совпаѓа со првичното мерење. Е сега не знам кога почнува срцева реакција, дали има простор за паники или ќе биде се ок.
Ете скрос исто кај мене, според таа менст.што пресметува тој вика треба да е околу 7 8недели, а јас како што викам таман си е за 4,5 недели..здравје во вторник ќе видиме..