колку ти е зголемен тсх ? јас сум скоро 5 недела и некој ден ама тсх ми е скоро 30 и ми дадоа од 100 мг еутирокс ? се надевам дека се ќе биде во ред .. и јас чуствувам ама како болка како боцкање некако долу под стоамкот од време на време и кога ќе ми биде така седам обично или подлегнувам ако сум дома ...
6,90 последниот резултат ама јас и претходно си пиев терапија веке 5 години сум со тероидна и сега од 150мг на 175 ми ја зголеми само 4 дена а другите пак по 150 па ке видиме крајот на месецот сум пак
Здраво девојки, денес бев на гинеколог и сум 9недели веќе. Денес ми го пушти и срценцето да го слушнам и чукаше како парна локомотива се стопивме и јас и мм. Е сега, дека и јас и мм бевме прилично возбудени не запамтовме дали треба да пијам б6 ичи б комплекс по 2 апчиња три пати дневно. Ми рече да ги пијам поради гадењата и повраќањата наутро. Дали некоја имала нешто слично дали имате искуство со ова? Или да чекам до изутрина па да се јавам на докторот? Поз и со лесно женски
Најдобро слушни си се со докторката. Кога ти е термин? Јас сум 8 + 6 и имам ужасно гадење и што е најтрагично не е само наутро туку по цел ден.
Ќути со гадењето ептен лошо eдвај издржувам, ај тоа туку апетит 0 значи ништо не можам во уста да ставам како некоја блокада да имам. Со сила јадам, правам смути најчесто од зеленчук зелен и додавам овошје за да не се чувствува и пијам ама се со сила. Инаку термин ми рече 19ти фебруари.
Циклус на 25-26 дена,последна менструација на 20.06 Датиум за не добивање 15.07 и два позитивни теста.Денес на прва контрола докторката вели има нешто ама се уште не можам 100% да ти потврдам и за една недела пак на контрола. Малку се исплашив Некој со вакво искуство?
И јас бев мила во слична ситуација, според пресметките по последна менструација на прв преглед требаше да сум 7 недела мегутоа незнам од кои причини плодот неможеше да се види и док. ми рече најверојатно е доцна овулација и тоа што го гледа и личи на 5 недела некој зачеток. Како што сметам јас ако последна менструација ти била на 20 јуни денес си 4 недела бременост и сеуште е рано нешто да се види. ПОчекај по неколку недели оди барем за 2 недели да моши да се види нешто. Јас на втор преглед бев по 2 недели од првиот и слушнавме и срценце, бебенцето беше поназад 2 недели од неделата која требаше да биде по последна менструација. Меѓутоа сега сум 18 недела и скоро да ги има стигнато тие две недели во развојот и само неколку дена е поназад, меѓутоа тоа не било проблем, оти веројатно подоцна е зачнато. Поздрав и само смирено, сеуште е рано за да видат било што на ехо ако толку ти е мисла оди провери преку крв. Се најдобро ти посакувам и на нареден преглед да си слушнеш срценце
Најсреќна, честитки.Дали испита БХСГ,тест преку крв оти и тој е битен фактор и да се надоврзам и воедно и се согласувам со мислењето на Кармина1987.Секое добро
Преку крв немам испитано само обичен тест за бременост направив.Двата беа позитивни,првиот ептен бледа линија а вториот појака втора линија.Болни гради,често мочање,нагони на повраќање сите тие симптоми ги имам и знам дека сум бремена само ете малку се исплашив што уште не се гледа иако да...претпоставив дека е рано.Докторката рече обавезно да одам наредна недела пак па се надевам дека ќе биде се како што треба.Секогаш сум се водела според апликацијата мој календар и скоро секој пат точно ми покажувало.Ги искористив првите најплодни денови а овулацијата секогаш ми била 5-6 дена после менструација.Според тоа денес треба да сум 4 недела.
Рано е, за една недела пак нема да се гледа само стес си правиш, оди за 2-3 недели таман ќе си слушнеш и срценце. Јас во 5 недела бев и се гледаше само сакус, потоа бев дури во 8 недела и се беше како што треба.
ме фаќа неколку пати во текот на денот преѓе се напив од оние магнезиум со б6 во кесичка, утре одам на гинеколог па ќе прашам што ќе треба да пијам фала многу
Мене ми се втора бременост, но многу тешко ја поднесувам, енергија нула и секојдневно гадење, нагони за повраќање и повракање искрено се надевам дека е само период и дека нема уште долго да трае.
Јас сум десетта. Седма и осма ми беа така со неподнослово гадење и нагони преку цел ден сега се малку поподнослови. Апетит имам но чим седнам да јадам зинувам. Ама ете почнува да се намалува, се надевам за четири недели ќе го снема зошто отидов во минус три килограми. Инаку замор и поспаност како никогаш. Од едно миење тањири легнувам да одморам.
Во првата бременост ти се случуваше ли истото? Иста сум и јас , многу брзо се заморувам, апетитот ми е скроз намален, ама осекам дека сум здебелена , оти воопшто не се движам.... уфффф
И јас мислев така, вагата друго кажа. Јас не се сопирав од активнисти а сега само лежам. Првите три недели почнав да плачам дека сум толку залежана но веќе се прибрав, сфатив само нив лошо им правам. Прва бременост и ја замислував поактивно но излезе нешто сосема трето. Ќе издржиме.
Ми рече докторот аспирин протект 100мг и премамата веќе нив ги пијам сеушѕе немаше срцева реакција рано е за една недела здравје да биде се во ред,само морам тероидната да е средам