Здраво девојки, Сабајлево се пофалив со позитивен тест, па сега на ред е да почнам со прашањата Прво ме интерсира дали е нормално да имам болки во јајниците,па и во препоните,па се преместуваат на половината? Можам да кажам дека се појаки болки,кои ги осеќам после раздвижување и од како ке седнам или легнам после некое време се смируваат.. Како да ми е воспален стомакот така можам да опишам... И според последна менструација сум 3+5 кога да одам на преглед? Од страв одпредходниот спонтан во 9 недела,мислам да не треба да појдам Понеделник или порано заради болкиве?
Честитки ти посакувам лесна бременост .јас незнам да ти дадам одговор пред 5 дена направив тест и мојот беше позитивен термин на гинеколог ми е сега во четврток па го чекам со душа.иначе и јас имам тапи болки во јајниците одвреме ма време и градите ме болат валда нормално е тоа
Ти благодарам, ти посакувам и тебе лесна бременост... Би требало да е таман да одам нареден Понеделник, ама ајде поискусни има ке не посоветуваат.. Од возбуда и од среќа, од измешани чувства изгубена сум и ништо незнам
Рано ти е мила уште нема ништо да се види. Барем една недела почекај. Јас прв пат бев 4+5 кога отидов и тогаш се виде точкичката. Инаку за болките, и јас постојано се грчам од страв на секоја блага болка и само си велам се ќе биде добро. Не е лесно воопшто, постојано ти се таму мислите но воедно е и гооолема радост кога ќе помислиш дека некое гравче расти во тебе.
Значи таман нареден Понеделник здравје За радости што да ти кажам... 200 пати заплакав денеска, а тек допрва што ке биди Само за убаво да е, јаки сме ние ке издржиме
Дали некоја од вас чуствува како кнедла во грло или можеби единствена сум јас (воопшто не ми е згодно можеби е и од анксиозата) се зи земам на мисла ....
Вчера арна си бев, болки слаби скоро и да ги немав па се мислев зошто така.. Е сабајлево пак ке пружав алишта и зедов цела корпа ја кренав, ја однесов на тераса, за одпосле да се сетам дека не требаше После тоа почна да ме боли стомакот и половината исто ко што кажував ко воспалени да се... Исцедок трчен имам и од страв само се проверувам... Цело време се секирам да не недај боже ме боли од кревањето и да не набројувам што друго ми се врти во глава..
воопшто не кревај такви работи посебно од почеток и јас така правев првиот пат и потоа искрварев можеби не е од тоа ама поарно не..
Женски мене со 10 дена каснење и со позитивен тест.. Утредента почнав да крварам, бев на гинеколог и на ехото немаше ништо, пак направивме тест излезе негативен.. И на пап тестот хпв вирус, но за тоа во соодветната тема ќе пишам.. Бидете ми поздравени
Како сте девојки мојот прв преглед помина супер.како се спрвувате имате ли гадење јас едвај додржувам на работа а и цело тело ми се тресе како се држите вие
Женски морам да ве прашам дали некоја поминала како мене.. 10 недела сум и имам грчеви во долниот дел од стомакот краткотрајни се ама ми се случуваат и кога седам и кога лежам а и вечерно време неможам за спијам. На грб најмногу ми смета па се вртам на страна но по некое време и така добивам грчеви и осекам како тежина во долниот дел па постојано сум во вртење и неможам да заспијам од страв. Јас пред нецела година имав спонтан според док. Во 11 нед а споед мене во 9 та и сега ми е многу страв дали се нормални овие грчеви неможам и ногата лева да ја испружам мора да ми е свиткана
Јас во петок сум на прв преглед, дај боже се да е во ред. А за гадење, ми се гади од ко ќе се најадам убаво и се така дури да огладнам за некој саат Тоа е, не е страшно, ќе си трпиме само да истераме до крај, па да се изнагушкаме со бебушките
Девојки се плашам многу затоа што немам ниту еден симптом од бременоста, плус денеска слушнав еден лош вест и сега се плашам. Дали има некој како мене без симптоми? Поздрав
Женски како што разбрав нормално е во бременост пулсот да е забрзан, па ме интересира кога почнавте да ја чувствувате таа промена и до колку ви е пулсот?
Еве јас Скоро 18 недела сум немам симтоми освен повремени болки во градите На форумов ми пишуваа да сум среќна што поминувам вака лесно
@flower мене посебно наутро ми беше забрзан пулсот. 110ми беше и ми сметаше... Нормално си е,работиш за двајца
@LoveHope околу 90 ми е мене.. Не го мерам многу често, ама ко ке го измерам и ке видам 92,93 од страв оди и до 100ка На апликацијата пиши за овие недели е нормално од 80 до 85, ама не вервам дека кај секој е исто и затоа сакав да се консултирам со некоја по искусна трудница пред да одам на прв преглед..
Фала многу за одговорот и мене некогаш ме болат повеке градите некој ден помалку, со лесно да ја носиш бременоста до крај и ти посакувам лесен пораѓај