И јас вчера кога на преглед пулсот ми беше 106 го меревме затоа што кај бебушот беше зголемен и докторот ми кажа дека ми е што сум возбудена но ако имам повторно слични ситуации да се напијам дијазепам или бедоксин и да не се замарам да се опуштам пошо се влијае на нив значи опушти се и не се замарај за ништо се влијае на нив
И јас имам забрзан пулс. Кога го мерам ми е 90-100 и мислам тогаш од возбуда уште повеќе расте. Го осеќам и така кога мирувам. Баш денес читав на апликацијата на мобилен дека е нормално во бременост заради тоа што трудниците имаат поголемо количество на крв.Не е пријатно воопшто.
@***Bony*** @paleska3 не е пријатно, ама почнав да се привикнувам.. Што е тука е, колку и да не се возбудуваме тој си расте... Само за добро да е
Женски има ли некоја што е 13-та недела? Поточно јас сум 11-та според големина на плод а според пос.менст. сум 13-та. Бев на преглед и се е во ред ама докторот многу брзо збори се ми изнакажа и ништо не запамтив треба да се оди наредна недела на приска а што е следно?
@***Bony*** Јас треба да одам во 12 недела за скриниг и брисеви. Така ми кажа гинекологот на последниот преглед.
Епа тогаш ке направам приска и со резултатите ке закажам и за брисеви, фала ви девојки имајте убав ден
Здраво женски да се испофалам и јас.. Бев на прв преглед и си ја опуштив душичката колку, толку 5+1 сум и се е во ред.. Сега за сега треба да пијам Метилирана фолна, Аспирин и Фемибион 1. Испитував Д димери и прогестерон за дополнителна терапија, но докторот рече нема потреба во ред е се.. Нареден преглед за 2 недели и едвај чекам Во меѓу време ке ја посетам и матичната, колку да имам прегледи и кај неа, а и да си го видам пак тоа малечко зрнце Поздрав до сите
Денес бевме на контрола.Ќерка ми го виде бебуш и ептен се израдува,вика мама бебето плива во мешето Се испофали душа моја нема на кого не кажа"мама има бебе во мешето".Се е во ред убаво си напредуваме. Резултатите од д-димерите докторот рече дека се одлични,ми падна камен од срце
Бравос девојки, баш ми е мило што се е добро. Сега малку поопуштени галете меше и разгалувајте се . Само вака убави вести да си споделуваме
Фала многу, беше во право, ама имам уште едно прашање вечерва цела ноќ има болки не беа баш болки, близу папакот какао внатре да ми е здрвен тој дел од стомакот од тоа чуство не можев да спијам? Дали е нормално и што може да е? Поздрав извини што ти досадувам. Фала
Здраво женски овие 2 дена имам мака па да се консултирам со вас.. Подуен ми е стомакот и осеќам болка како стегање или растегнување (незнам точно да објаснам) скоро низ цел стомак, околу матката,половината, а најмногу кај препоните... Издржливо е, ама мн непријатно.. Незнам дали да појдам на доктор или да почекам четврток секако сум на контрола?? 5+5 сум
Odi na Dr veke moze da se vide bebceto na eho ke go vidat I ke ti kaze Dr sto da pies obicno davaat magnezium za grcevite ama sekako sovetuvaj se so dr