Јас и онака не пијам кафе, па сега немам потреба. Дали некој има како мене со постојано чувтсво на нешто неубаво во уста? Како благуњаво нешто, ме нервира многу. Кога јадам е ок и после тоа пак исто. Поради тоа и не поднесувам благо, не можам да јадам ич, пред да останам бремена јадев благо и многу сакав газирано, сега од ова чувство неможам да смислам ни тоа ни тоа.
Јас сум 19 недела и уште сум си со тоа чувство во устата..во првата бременост немав ама сега мислам до крај ќе е така
Мене ми е многу изострен осетот на мирис, дали се осеќа некоја буквално како балон? Стомакот ми е ептен подуен
Добро е значи не сум сама, не ми се верува какви се промени носи бременоста. Само некако потајно се надевам дека мачнините и ова чувтсво во уста ќе престанат после трети месец
девојки, што правиме со овие пусти хормони :/ страшни се, често сум нервозна. Чудно е што не менувам расположение често, ме држи една таква грда нервоза (без причина) што мислам дека ке убијам некого и буквално СЕ ми смета хаха со што да ги смириме овие хормони дали имате искуство некој?
Ајде официјално добро ве најдов. 5+5 срце си тупка ми дадоја плус една инјекција прогестерон депо ради кафеното и си продолжувам со дабрестон 3×1 и фемибион. Поспана сум само и вчера верувале или не само плачев. Што од за прегледот денес што од што не знам,ама многу сум растревожена. Ќе мениме знам
Mene ovaa nervoza me fati sega skoro I nisto ke si ja trpeme vit b6 probaj napij se koga veke ne se izdrzuva nervozata
@Happyinlove, @Aleksandra789 исти сме сите, хормоните лудуваат и мене често ми е криво што сопругот си го добива а не е крив за ништо. Среќа ме разбира па не ми се лути. Во такви моменти гледам одма да помислам на животот што расти во мене и колку сум благословена со тоа, па одма ми поминува.
Девојки, денес на преглед испадна се ок 5 недела, но на јајникот се појави циста и зголемен јајник. Некој со тоа искуство? Иначе сум со ин витро постапка
Со лесно. За цистата не се секирај ништо не е страшно ке си исчезне со самиот порајѓај,за зголемен јајник не знам што би било ама доколку докторот ништо не искоментирал не паничи,подобро е некогаш помалце да знаеме. Јас сум со болки во половина над задникот,ама мислам од многу лежење дека ме болиептен на лежење му ја удрив,ама ми прија многу сум поспана
Девојки, мајки, вие со низок притисок,како го решавате? во прва бременост ајранот мн ми помагаше ама сега не. Синоќа мислам лебдев во кревет до синко додека спиеше. Пиев и ајран, пепси, вода..ништо не помогна. Едно време толку лошо ми беше што повратив. Дајте идеја како да си помогнам. Ќе одам и апарат за притисок да купам па може и да ми препорачате кој е добар.
Да си прашам јас тука кај најискуснитеда не бидам параноик,но изгорен човек еднаш па само си барам симптоми. Многу сум само поспана 6+2 сум од мачнини само ако не сум вечерана знае од сабајле лошо да ми е,кафе турско го отпив,цигарите ги фрлив. Кога слушам читам дека трудница без поврајќање и мачнини не било на убаво коса ми се крева,ама па си викам секој индивидуално па до 06.10 кога ми е следната контрола гледам повејќе да сум во вертикала и да одмарам.
Не му ја мисли многу. Секоја жена си е посебен случај. Јас повракав по 6/7 пати на ден, уште од позитиван тест, па имав спонтан во 7 недела. Не мора тоа ништо да значи. Уживај си.
Немој воопшто да се замараш со муабети од страна. Јас ниту еднаш до сега не повратив, или пак осетив мачнина. Од ништо не ми е лошо, апетит нормален како и до сега, никаков мирис не ми смета, секојдневно сум цело работно време на нога, па еве влегувам во 16та недела со скоро школска бременост (со исклучок на проклетата бактерија што ми ја најдоа). До 10та недела бев како дрогирана од што ми се спиеше и тогаш едвај некако успевав да отидам на работа и да се вратам, ама и тоа помина. Уште ми се спие, ама сега функционирам скоро како пред бременост. Се надевам дека се ќе продолжи вака до крај. Мене се уште ми викаат дека сум среќна што ми е вака, и докторката на секој преглед ми се смее кога ќе речам дека не се чувствувам баш трудна.