И јас сум еве веќе 12та недела, немам ниту еднаш повратено, ниту имам некојси мачнини мешето ми е како динче, не се осеќам како трудно, исто функционирам. Утре сум на гинеколог за приска и брисеви, а понеделник на ехо, прва бременост, преплашена сум
Пријателка моја па во второ тромесечие ја фати и мачнини и поврајќање...индивидуално ќе да е... отров нервозна сум тоа ми е главен симптом а нервозава дополнително си ја хранам со непотребно паничење дали ке биде се ок,а мора да биде. @elimkd со лесно без нервози ке пишеш како мрда бебето на ехо
Мене мачнините и повраќањето ми почнаа во седма недела а најизразени беа во 9 недела. Во 10 се намалија и сега во 11 само на моменти чувствувам тежина и мачнина. Почнува и апетитот да ми се отвара. Секако ќе се грижеш. Додека имав мачнини си мислев дали доволно внесувам храна за бебето а сега кога ми престануваат се грижам дали е се во ред
5+4 сме, деновиве осеќам некоја тапа болка слично како менструална(притискање чудно) и брзо се заморувам, подуена сум како балон. Апетит ретко ,скоро ич. Што мислите нормално е(прашувам за болката и надуеност)
И јас во 6 недела некако се чуствувам надуено и имам многу гасови. Денес ја примив втората прогестерон депо инјекција фала богу кафеното го нема,само малце исцедокот еднаш во ден знае да ми е измешан како со кафено ама далеку од тоа што имав,сеуште се плашам кога ке видам на бришење ама тоа е,се надваме дека е се во ред,едвај чекам 06.10 за контрола
Секоја бременост е различна.. Јас 7+2 сум, на почетокот бев и на моменти и уште се осеќам подуена и неможам да мрднам ама си трпам, тоа е што е
Јас на моменти на пример сега, не осеќам ништо освен подуеност, како да не сум бремена, енергија имам ми се чини да лудувам до сабајле, ама наутро неможам да мрднам....хахахаха една недела веќе одвај се будам како зомби сум
И јас така, ама зато неделава неможам од кревет да станам по цел ден Не дека имам којзнае колку искусено од бременоста, ама овие месец ипол мислам дека секоја недела различни симптоми ми носеше Ете ова недела ми преовладува поспаноста Енергија 0, апетит 100ка уште да можи мажето да е со мене по цел ден, па јадење во кревет да си добивам
Женски, дали внесувате многу или малку храна не е битно. Битно е што се внесува. Кој повраќа не е битно што внесува, битно е да не се дехидрира. Витамини, протеини мислам си знаете. Јас бев со страшни мачини, ми се гадеше се освен благо. Месо речиси три месеци не внесов. Пробував ете со сила, не идеше. На лекар 14та недела загрижена му реков на докторот дека не ми е јасно од што се хранат децата покрај мое нејадење. Он одмавна со рака, ми рече да не се секирам, бебињата се паразити и се хранат без разлика што јас слабеев. Сега еве второ тромесечие мислам од прејаденост ми се гади. Така да не се секирајте. Јас ептен неспремна влегов и не знаев ништо за бременост. И болките се нормални, се додека се издржливи. @elimkd наеднаш рипа стомачето после 14та. Јас сум со две бебенца па тек 16та заличи на трудничко, а не на прејадено меше.
Како непишано правило дека мора да се помини низ ова... жалам те разбирам потполно и знам дека не ти е дојдено до тапкање по рамо,ке боли верувај се до моментот на следните две црти еве три недели јас сум жива предходно преживував. Радувај се дека воопшто се деси знаеш дека остануваш бремена. Доби прв циклус направи микробиолошки брисеви одмори еден циклус и повторно почнете,не чекајте 6 до година нема потреба,матката брзо се врајќа. Само напред со тебе сме.
Ajde ke pomine veruvaj se se zaborava koga ke gi vides pak dvete crtki I stom ednas ostana bremena pak ke ostanes
Газирано дали пиете? Многу ми се пие онака една чаша сок газиран, а незнам дали да се осмелам да си земам барем од 0.5л?
Јас прво тромесечие го поминав со кока кола, швепс и кисела вода. Ништо негазирано во уста неможев да ставам. Сега ми остана само кисела вода ( пред бременост не пиев), обична вода 23 недела скоро во уста немам ставено. Така да што ти бара организмот тоа земај. Глупостите околу газираните сокови во бременост се неосновани. Газираните се штетни во сите ситуации тоа се бои и раствори, али за три месеци конзумирање верувај нема да те убијат.