Јас бев вчера и наредно сум за 5 недели на скрининг во 12та недела, а во меѓувреме имам други испитувања, некако не ми др чека многу далеку ми изгледа 7+3 сум сега
Дај боже кај сите се да е во ред и да си истераме до крај Јас на 2 недели одев до сега, па за понатаму ке видиме. Што е до мене секоја недела би одела
На 7+3 срцето ли го слушаат? Што проверуваат уствари и на какво ехо дали вагинално или обично? Јас денес влегов во 7ма а имам закажано за вторник.
Сакам да ве прашам искуство јас сум 7+3 поточно нели осма недела ,значи толку се осекам тешко многу ми се повраќа некако кичмата многу ме боли во долниот дел кај стомакот некоја тежина незнам што е работава , вчера на доктор се беше супер али денеска сум како утепана, неможам ни да јадам само сакам да заспијам и мислам се ќе помине??? Ве молам ако некој имал слично искуство да ми пише
Исто и јас сум 7+3 и ми е лошо по цел ден, бегам од секаква храна и миризба, уморна сум, понекогаш повраќам, а за стомакот и јас осеќам некое благо тегнење како отрпнатост, тоа е нормално. Се менува телото расте бебето , матката се шири. Без секирации ќе помине набрзо ќе ни се отвори апетитот
Да издишам конечно,супер поминавме бебе е супер два дена е понапред на ехо машала пораснато,се стопив. Нека е за убаво само. Убаво се чуствувам одмарам,мали мачнини имам само,апетит имам тоа е битн. Убав викенд до сите
@momomo и јас имав цели 4месеци гадење,повраќање,неможев да функционирам. Сега само ми се јаде,си осеќам бебе како мрда. Мисли на тоа,ќе издржиш!
Јас кога бев бремена со првото до 4ти месец мислам црева извадив, буквално по неколку пати на ден повраќав, и сега ми е лошо но не повраќам како тогаш толку многу. Ќе издржиме уште малце, како ќе знаеме инаку дека сме мајки
Јас еве влегувам во 14 недела и уште ми се лоши и повраќам. Немам апетит воопшто и страв ми е од се што ќе јадам дека ќе ми се слоши. Некаде 11-12 недела ми беше подобро и сега пак. Но да се пофалам дека ни помина првиот скрининг, денеска стигнаа и резултатите од приска, се си е во ред. Бебушка си мрдаше со рачињата и ножињата не поздравуваше. Порасани сме веќе 7,5 цм, се си одговара на неделите.
Здраво девојки. Јас сум 4 + 6 според апликација, имав 3 жар позитивни тестови и бета во вторникот 156, денес 568. На доктор имам закажано на 22. Читам по форумов некои пијат метилирана фолна, јас пијам обична со б6. Ме интересира во што е разликата? Инаку фолна пиев пред да останам бремена и си продолжив..
Метилирана фолна моментално ја нема во Мк .Освен во фемибрион, затоа некои жени ја набавуваат на пример од Бугарија. Тоа е фолна препорачана за тие што имаат некој генетски мутации,но секако за тоа е потребно + испитување. Тоа е фолна која огранизмот може да ја користи веднаш за разлика од обичната фолна.
Ja ima I vo prenata S I toa 400 mg a prenata S gi ima vo aptekite na zegin ja ima metiliranata folna kiselina I vo aptekata na sistina taka mi rekoa sega kolku e tocno nez
Здраво девојки.Еве и јас да се префрлам на темава .Јас сум 4+5 ,Бета вчера 2217 .Ја видов точката на преглед па ми закажа контрола на 24ти.Имам многу киселини од се што ќе влезе низ устава,дајте помош????
Прво проби со ладно млеко, мене ми помагаше на почеток. Ако не бива, консултирај се со докторот за Гадтрогард или Рупурут.
400 мг? Сигурно? Да не мислиш на 0.4 микрогр. Тоа повеќе има логика да не се бунат тие што не знаат. Ок, јас мислев дека е само фемибрионот, во секој случај членката сакаше мало објаснување имаш слика од тие таблети? Сепак супер штом има избор и кај нас