Сигурно е 4 микрограми. Тоа "m" е како со опавче, тоа е знак за микрограми. Во ниеден додаток на исхраната, фолната ја има во толку висока концентрација. Исто и витамин b12 е во микрограми
Мислам дека нема спас за киселини и мачнини, на пример јас сега да се напијам млеко црева ќе устурамИздржи сега во прво тримесечје така е најчесто, ќе помине, па кога здравје ќе почне да претка во стомак нема ни да се сеќаваш дека денес ти е мачно
Мајка ми ми кажа квики солени переци да јадам и ми помогна.Ме смири .Нека е добро зрнцето па ќе трпам не се жалам Инаку вчера на тоалетна приметив на едно бришење многу малку ептен бледо розев исцедок,се извадив од памет.А цел ден имам грчеви во матката нормално ли е?
Утрогестан користиш ли? И мене ми се јави малку розов исцедок во 5 недела и користев утрогестан 2 пати дневно до 13 недела. И гледај ако ти се јави пак да мируваш додека да исчезне. Во врска со мачнините мора да се издржат првите месеци, со ништо не ми поминуваа, еве оваа недела 14 веќе ги нема, можам нормално да јадам. Помали оброци но почести да не биди празен желудникот практикувај.
Да пијам утрогестан 2 пати дневно,пробав вагинално но добив такво чешање што незнам ќе полудев мислам.Исто како тебе практикувам помали оброци почесто но приметив од леб имам киселини,денес не јадев и еве немам.А само на леб можам да живеам обожавам леб .Можеби и се изморив на работа работам 12 саатни смени но од утре на боловање строго одмарање и мирување нема шаала .hug:
Го пратам форумов долго време и гледам многу трудници примаат утрогестан, прогестерон. За што служат тие јас во 8ма недела имав слабо крварење после тоа кафеав исцедок докторот ништо не ми даде
Душичка извини што ќе ти кажам ама докторот одма да си го смениш.Тие се важни за поддршка на бременоста и има жени на кои им е неопходна во случај на крвавење во бременост,па макар и капка била.
Земи си боледување, ова е сега најбитно. И јас кога добив таков исцедок не одев 10 дена на работа. Потоа некаде кај 11 недела исто се преоптеретив и ми се појави темно жолт исцедок, повторно мирував два дена и исчезна. Тоа е цело време под штрек, но ќе бидеме добро. @Natally90 повеќето гинеколози го даваат утрогестанот како поддршка, особено кога ќе се појави некој кафен исцедок или крвав. Незнам зошто не ти дал твојот, која недела си?
@paleska3 кога отидов за крварењето ми вика добро што си останала повторно бремена(зашто имав киретажа крај на мај) крварењето не е битно нормално е 11+3 сум одвај чекам прв скрининг
Смени го докторот и гледај кај тој што одеш да му веруваш. Уште малку и ќе дојде скринингот ќе се видите со бебушка
премногу страни за читање, затоа ќе прашам само има ли некоја во мометов што е ептен тазе, 2, 3 недели можеби или неодамна дознала дека е бремена???
хехехе ова беше само да видам кои сме, да знам дали да прашувам општо, не во моментов немам, фала Богу, а и тебе фала
Го сменив докторот и тој ми рече нема потреба од ништо додека не е обилно, сега сум 12+2 се си е ок само фемибион примам ништо друго