Нормално е во 11-та недела секрет водлест што се вика да имам? Ни мирис ни боја него малце да се раздвижам и како помочана сум,па трчам во wc пошо паника влада имав две недели на почеток кафено,примам дабростон и прогестерон еднаш неделно,ама таква тахикардија ме мава што недај боже на сред улица ако сум излезена ке ги слечам гаките да се проверам. Во глобала добро се чуствувам,одмарам многу,па за 1 недела на скрининг сум па реков да си прашам дали за подмочаново да одам порано или да не си се глупирам . Еве уште сега паника имам за следната недела бог да чува...морам да олабавам Имајте убав ден
Ме изнасмеа и јас сум како тебе.Пет пати менувам дневна влошка.Но докторката ми рече нормално е се тоа,матката си прави одбрамбен механизам .Брисевите ми се скроз чисти и уринокултурата чиста.Нема место за паника се додека нема непријатен мирис не се плаши
Ве читам и во се се пронаоѓам. Мислам дека малку разлабавив како влегов во второ тромесечие, но ако осетам дека некој исцедок ми течи веднаш трчам до вц да ја проверам состојбата. Од контрола ме држи една недела колку толку мирна дека се е во ред и веќе после тоа почнувам да бројам денови до следната контрола
Девојки бевме на контрола, ни потврдија бременост и малата точка имаше срцева акција ми даде да пијам фемибион 1 и по потреба шумечи и магнезиум. Е сега ме интересира на колку време ви закажуваат преглед? Мене ми закажа за месец, многу далеку ми се виде. И исто ме интересира дали пиете нешто за болки? Ми падна заб оддамна и ми остана само коренот ама боли ми се плаче. Матичната ми рече пијам парацетамол и пиев ама сега читам по интернет не требало во прво тромесечие и сега се избезумив.. незнам што да правам. Забов помина ама ми е страв парацетамолот да не наштети на плодот..
Срце прашај го докторот не сум сигурна но мислам има анестезија за трудници која не предизвикува контракции и можеш да одиш на забар да те средат.Ама мислам не сум сигурна бидејќи секое одење забарот ме прашува пред да ми стави анестезија дали сум бремена
Девојки како е? Дали направивте испитувања или рано е? мислев нешто на своја рака, да не чекам до контрола? Тоа е, ќе збрлавиш од неизвесноста
А јас денес имав болки во стомакот и тек вечерва бевме во болница на преглед. Бебушот рекоа дека е супер, си одговара за неделата.( После се утепав од плачење од радост) . Прв скрининг имаме закажано во четврток. Иначе 12+4
Девојки нормално ли е во 6та недела и 3дена да нема срцева акција? И ми даде да пијам само фолна киселина и ништо друго
Офф добро ми олесна. Бев на 7ми на преглед кога да одам пак? Бидејки не ми закажа точен ден. И зошто сликичката ми ја даде на бел лист не ми ја даде малечка како што сум гледала по другаркиве, да не му е застарена опремата да мењам гиниколог
Ние видовме срцева во 6+1 ама не слушнавме. Тогаш испаничив многу и на следен преглед 8+3 го слушнавме. Не паничи ако сте го виделе плодот ќе го слушнете и срцето. Инаку за прегледи јас до 12 недела одам на 2 недели, а здравје после тоа планирам на 3 да одам.
Првпат слушам на бел лист Ако ти се допаѓа како објаснува колку е посветен и самата стручност на докторот зошто би го менувала. А каде одиш на гинеколог? Може ќе се погоди некој да го знае да сподели искуства. Следен преглед на 11 12 недела мислам приска се правеше коа ќе бидеш ама јави се да закажеш и прашај го најубаво. Поздрав
Девојки, денес бев на гинеколог и ми ја потврди бременоста. 4 недела и 5 ден. Пресреќна сум и многу сакам да се дружиме на форумов, споделувајќи ги нашите искуства, мислења, двоумици. Симптоми имам само мали болки во градите и огромен замор. Само ми се спие и ми се лежи Имав полагања за учење, ама се баталив( освен денес бев на еден предмет ), и сега само книги за релаксација и филмчиња Некои предлози од вас???
Дали сте имале потескотии со дишењето? Брзо дишење и потешко земање на воздух и тахикардии??? Дали е нормално?