Не душичка какво шубе,ми ги отвори очите да внимавам повеќе и да не пијам све како што пишува него да го читам составот,фала ти.Иначе испив овие два дена по една чаша,не е некоја количина,обично не претерувам во ништо така да ќе биде ок не се секирај.Не верувам дека ќе биде нешто од мала количина,но памет за другпат,да си читам состав.Сега ќе си се опуштиме двете и напред со позитивни мисли.
@Martka не е штетен хибискус. Баш напротив, супер е за настинка посебно зимно време, а и полн е витамини. Е сега, ако сакаш брусница баш, рефус ќе земеш на Виталија. Онаа што е филтер е се живо, освен брусница. Само околу 25% содржи брусница, а на рефус околу 60%. Има разлика дури и во вкус. Имаш и сушена брусница, јас си ја јадам онака по 10 зрна. Нема штета од витамини. А како чај, до 2шољи на ден мислам е ок.
Фала ти мила,внимавам колку можам и конзумирам све со контрола зошто чуствителен период е бременоста и сите сакаме да имаме здрави и прави бебуши и треба да читнам пред да конзумирам,ама па не можеш да се допазиш.Ќе ги побарам овие чајчиња. Те
Супер, фала ти на инфо ќе ни треба...иако мн му ја мислиме ние порано мн знаеле што јаделе , пиеле,па и ехо незнаеле што е и здрави деца раѓале, а ние денес се достапно имаме па се нешто ни е, само во глава си правиме непотребни филмови...жени
@Martka @Софија 88 само не го земајте оној од Кам на Фиеста. Жива катастрофа е. 6%има само брусница. Се живо испитав, мака ќе го натера човек. Инаку да, порано ништо не пазеле па супер поминувале. И тутун пиеле, еве здрави и живи генерации од тогаш. Сега шејкови, Фемибион не знам што таму и пак не штима нешто. Еве го правиот,после испиени 100погрешни Ова попуст нз кога имало.
Јас пиев Магнезиум и Пре-мама (после ми ги исклучи, ми ги замени со Прегназон зашто немаат Јод) а од чаеви пиев чај од брусница од ГудНатуре, чај од магдонос и сите други овошни чаеви...и компоти секакви заради столицата да ми се регулира
Зашто имам токсичен јазол на тироидна и примам Пропилтиоурацил за неа.... Дополнително го намалува излачувањето на ТСХ, а јазолчето прави да имам низок ТСХ
Здраво , јас си купувам во кесички по 100 гр во стокомак е најефтино околу 30 денари зрна сушени како суво грозје. Пиев по 100 грама како компот го варев со вода и сега пијам по пола од тоа исто како компот. Мислам дека е ептен вкусно и дека е добро против инфекции во урина .
Mene mnogu mi se gadese, ne povrakav i doktorot mi rece da pijan reglan i super mi e. Konsultiraj se so maticen i pij gi. Ke ti pomognam.
Не знам кој ви е доктор али реглан не се препишува за лошење во прво тромесечие. Јас сум на реглан цел живот и добро ги познавам придобивките, но реглан едноставно се дава само и само ако завршиш на клиника со инфузија и во никој случај како домашна терапија во бременост. Регланот не е заебанција особено не во прво тромесечие каде се формира плодот. Оди земи си второ и трето мислење за регланот. Дотогаш остави ги на страна.
^да те надополнам, јас кога сум пиела Реглан строго за вирус, сум била како на дроги. Го пијам и заспивам како 5 дена неспиена. Исто и на маж ми му делува. И мене ме чуди кој го дава така. Последен пат кога барав за одмор не ми дадоа без рецепта баш ради тие нус појави, поспаност и изнемоштеност.
Ако регланот успева за 30 минути да спречи секакво лошење и се користи за вируси и гастритис, предизвикува поспаност и омалаксаност како влијае на збир на клетки кои се борат да создадат здраво ткиво до третиот месец. Ако беше дозволен ни една немаше да плаче од прво тромесечие
Едно време читав за Регланот и колку што се сеќавам, тој влијаел некако на мозокот. Ги намалува симптомите, демек си мислиш дека не ти се лоши. Имаше и дека влијае негативно на пролактинот и дека го покачува, а и на тироидните хормони. Феминката што пиела сега да не се паничи што пиела досега, се надевам не направив шубе, но нека се консултира пак за секој случај и со друг доктор дали да продолжи да го пие.
Токму така регланот влијае на нервните рецептори. Нема што да паничи, нема простор за паника во бременост
Јас сум пиела реглан ама не сум имала никакви чудни симптоми бар не сум приметила освен што ми престанува гадењето
Offr kakov reglan tia mi bea vtorite apcinja... posle niv us 5 vidovi piev. Mene nis ne mi pomagase jas i niv gi povrakav