Хаха иста сум и јас ич не сум по јадењето едвај чекав трудна да останам некое кило да качам али со ваков апетит тешко, али ќе видиме се надевам рано е, ќе се смени набрзо ...ти добро е што имаш апетит јас не...се осеќам божем ко гладна али седнувам да јадам и по трето залче прекинувам
Ама исто и јас. Ми се јаде мислам ќе пукнам за јадење и земам, едвај половина кришка, и се осеќам како половина леб да имам изедено. Од еднаш ме фаќа глад, ама и со многу малку се заситувам
Не ни е лесно, а толку го замислував овој период ко најубав, најлесен и така се фино, радосно без болки и маки арно ама Јас се чудам секој ден викам не сум слушнала по пријатели роднини да имаат болки, маки или сл.. сум гледала како се дебелеат само и толку јас од прв ден со менструални болки, со болки во бубрези овие денови сум, желудникот стандард и што ти уште не Али ајде се борев за ова се надевам ќе се издржи машки некако
Леле исто, не мислев дека уште од сам почеток ќе е вака Гледам трудници со енергија, расположени, а јас... ненаспиена, без сила Ама ај, како што викаш, се боревме за ова, ќе истуркаме некако Која недела си ти?
Добро што не повраќаш мила јас 24 часа повраќав првите 4 месеци.и кога ќе ми речеше некој уживај во најубавиот период од животот си викав не дај боже ова да е најубо ама се се заворава се поминува
Леле па незнам колку ми е арно тоа или не мене мн ми се гади, лоши и болки имам...нема нешто што не ми е ...докторот ми рече еее чекај допрва ќе почне ова е тек почеток али ќе бидеме јаки, јак пол сме
Нормално е да ти се спие во почетокот вака многу И јас спиев од 21 до 09 во почетокот.Слушај си го телото само ,ако се чуствуваш изморена седни ,легни,немој на сила ништо.Организмот си бара сега сон и одмор.
Да блиску сме ... али ако спиеме вака 9 месеци, се надевам заслужуваме и да ни спијат така убаво бебињата нека ја продолжат лозата
Е нема ,ке помине до 12та недела.После ке се вртиш ко рингишпил да се наместиш за спиење барем јас таква мака си имам
Еее убаво ти вика мајка ти.Спиј сега и не се жали многу дали ти се спиело,јадело или не јадело после никој нема да не прашува.
јас првиот месец бев да не речам 15 саати во кревет и спиев. Таков е тој период,а од 6тата недела почнаа гадењата потоа повраќање... Ништо посебно не помага,мора да издржиме
Јас не повраќам, барем сега за сега, ама имам мачнина многу и ми се врти исто. Се надевам брзо ќе помине
Девојки малце сум уплашена (малце значи многу) гинекологот ми закажа втор преглед одма откако дознавме дека сум бремена за три дена да одам. Бев и сега покрај фемибион и магнезиум ми препиша и утрогестан. Би требало да сум 4 недели ама хцг на 3 ми беше 170. Вика ок е ама не сјајно и има опција за инекции следен пат. Не разбирам што сњ случува ок ли е не ли е? Ке се мрднам. Прва бременост ми е. Сакам позитивно да размислувам тоа си е тука поголемко е од пред три дена дали е сево ова во склоп и нормално со процесот или треба, озбилно да се средам во некој поглед.
Рано е за на преглед во 4 недела,земај си се што ти дале од терапија,одмарај си и не се мисли, се ќе си биде во ред за 10 дена кога ќе одиш и срцева акција ќе си слушнеш. Само 170бхцг е многу ниска за 4 недели освен ако си имаат други референти во лабараторија,сепак рана бременост си е. Со лесно
Женски како се справувате со желудникот? Избегавате или конзумирате одредена храна? Вчера пиев кисела вода и ме попушти малку ама кратко траеше. 24/7 ме мачи. Пробувам да јадам цело време ама не е решение, очигледно не е до тоа