Мини има нешто ново? Со лесно! Инаку јас цела бременост со Рупурут ја поминав. Ме докрајчи желудникот. Консултирај се со докторот. И ладно млеко неколку голтки.
Фала @duffi , да се враќа Рупурут смее на почеток? Јас пиев при крај кога почнаа киселините, ама ќе се јавам кај матичната да прашам дали може сега. Иначе и во претходната бременост си имав проблеми со желудникот ама некако полесно е кога се грижиш само за себе. Сега мамината маза на мене чека. Ќе видиме дали физички или психички ќе попуштам попрво
За рупурут не сум сигурна дека смее во бременост,заради алуминиум што има,знам дека Гастрогард се дозволени. Јас си имам мака,пред бременост бев најдобра другарка со Рупурутот и Нолпаза. Ама сега ја избегнувам сета храна што ми прави тегобии и киселини, и јадам многу зелени јаболка,особено после јадење и ми помага, а и ладно млеко. Еднаш само до сега имам земено гастрогард. Прашав друго што смеам,ми рекоа да внесувам пробиотици ако не ми се смирува. И открив нов јогурт на Здравје Радово -Бенефит се вика,има пробиоѕици внатре,и ми прија. Пробај види што ќе ти помогне.
Да, некаде од 7-8ма недела шмукав. Ме жежеше желудникот, не знам како да опишам. Прво пиев ладно млеко ако не поминеше шмукав апче. Консултирај лекар најдобро.
Хцг како го испитувате? Јас баш сега гледам на резултатите на од крвта такво нешто нема. Прв лабориски преглед ми е. Ни во првата бременост не испитував. И мене докторот ме исплаши на почеток негде околу 5тата недела со зборови рано е ризик е дали имаш болки дали си крварела.... Сега веќе има срцева акција.
Посебно се испитува бхцг хормонот. Ти даваат упат или приватно. Но после слушната срцева акција не би требало да пратите бхцг,следно мерките на бебе ќе си ги пратите дали тие си се во нормала за неделите.
Женички би сакала да ве прашам нешто,дали некој правел вежби во првото тромесечие од бременоста? Јас претходно вежбав зумба и тек тук мускулни вежби чисто за кондиција,сега не знам дали смеам.
Друшки кажете некој предлог од вашето мени за јадење...осеќам глад и чим ставам во уста храна одма прејадена се осеќам и ме боли желудник и ми се гади, па морам да легнам...и чим легнам одма пак глад...незнам веќе ни што да јадам...се прашувам со вакво нејадење како ќе качам килажа јас ? Како се справувате вие,ако ја имате истава мака и кога е нормално да почнува да се качува тежина фала ви на одговорот
мене до пред 3-4 дена ми беше така. Сега 11 недела сум и ми е подобро. Мислам дека тој период мораш да го издржиш. Која недела си?
Ох мора да ... 8 недела и 2 дена...битно да помине, јас кај не можам да јадам туку и се секирам дали ќе качат доволна килажа бебушите ...можеби и рано ми е незнам од кога се качува или индивидуално е тоа мн ?
рано ти е да мислиш на тоа,ќе си качат килажа секако,пиј витамини и колку можеш толку јади,јас повраќав со грицки поминував мастики бомбони оброк 2 пати. Сега еве ми е подобро. Издржи уште 2-3 недели ќе се стабилизира
Девојки што правите со констипација? Умирам од болки од гасови и столица. Јас и вака си имав мрзлив и болен стомак со спазмични болки еднаш на два/три месеци па сега се ми е страв дека ако ме фатат и стиснат таму доле ке го зезнам и плодот. Да побарам ли нешто за почеста столица!?
Вчера само што дознав дека сум бремена според последна менструација негде 4 недели. Нормално ли е по малку мн слаба болка да осеќам во јајниците. Не е секогаш во текот на денот.
Со среќа нека ти е. Да нормално е се додека не се јаки болки или со крв. Јас на почетокот имав многу болки па се помина во ред. Направи ли бета? Закажа преглед?
да нормално е, јас сеуште имам како менструални болки, бодежи и болки во бубрези ...и тоа допрва ќе осеќаш, ќе ти се шири матката...п.с честитки добредојде во клубот
Секако дека смееш. Ако можеш во прво тромесечие да вежбаш браво. Исфрлен е само џогингот. И стомачните. Зумба е многу рипање не би го практикувала. Иначе вежби за раце и нозе секако. И за разглабање врат и половина.
Честитки!! И јас вчера дознав дека сум бремена, исто според последна менструација му доаѓа негде 4-та недела. И јас осеќам тапа болка во јајниците, и малце гадење...
ќе прогуглам. Си најдов апликација и симнав. Јога,истегнување... А раце и нозе обавезно инаку ќе ми се натрупа целулит па до крајот на животот ќе кукам