Иста ситуација, сега пак и настинав. Секој ден земај по 2-3 суви сливи и јас правам во соковник по 3 киви со мандарини, јаболка сок и има резултат. Потечна исхрана, значи чорби, супи, за да полесно се вари, можеш грав, ориз со пилешко, варени компири, зелена салата, се тоа јадам многу често и помалку мака мачам. Јас пак сакав да прашам што правите со настинка во прво тромесечие, грлото ме боли, глава и мускули исто, јадам едвај. Не пијам апчиња, се на база природно со супи, лимонади, гаргари, топли облоги на грлото од алкохол и тн. Следна недела сум на прв брис страв ми е да не се покаже нешто од настинката.
Да пробам да помогнам, во мојот случај помогна јогурт со ленено семе, иако не сум љубител на овошје препорачуваат киви за подобра дигестија,па така секој ден на менито имам и киви портокал и јаболко и засега има ефект...Можеш и компот да правиш од суви сливи .
Леле многу ме боли грбот-половината доле. Нормално ли е? Има некоја друга со иста мака Не сум била уште на преглед планирам наредна недела да одам. Едвај чекам да ми потврди бременост и да го слушнеме срценцето со сопругот Која недела се слуша срцевата акција?
Девојки може ли некој да ми објасни за што служат д димери и хомеостаза испитувањата? Бев денес на преглед ембрионот мал 4та недела ама ок нормално, следно рече ова да сме испитале па за една недела инекции. Не ми е јасно ако е ок зашто инекции? Што би ми дал и колку инекции што дури и сопруг треба да научи да ги става? Има некој со слично искуство? Иначе според календар вика сум 6та недела и три дена.
Според резултатите од д-димерите и хомеостазата ќе ти одредат дали треба да примаш инекции или ќе ти дадат таблетки. За клексани ти спомнаа? Исто и и јас ги испитувам секој месец и според резултатите ми одредува гинекологот со што ќе продолжам понатака.
Какви симптоми имате вие што сте на почеток 4-5-6 недела? Мене по малку ми се лоши, замор поспаност. енергија 0 и многу сум подуена. Како 5 месец бремена Смеам ли да пијам чај липа, камилица или нане?
Со нане бидете претпазливи , не е препорачливо да се пие мн во бременост и при доење , Камилица , Липа , брусница ( убаво е да пиете , затоа што сте лесно склони кон лесни уринарни инфекции, заштитува мн ) и мн др полесни чаеви си е океј..
Здраво на сите, првпат пишувам во групава, завчера дознав дека сум бремена. А сега пресметав па јас сум била 4та недела, што значи еден месец веќе поминал. Не ми е јасно зошто пресметувањето на недели се смета од денот на започнување на последната менструација, а не од денот кога се зачнува. Може ли некој поискусен да ми ги објасни работиве.
Честитки за бременоста ,со лесно да ја износиш. Се смета од последна менструација зашто ниеден доктор не знае кога настанало оплодувањето и вгнездувањето на ембрионот.
Благодарам Значи штом е така за две до три недели може да се покаже и срцева реакција. А тоа значи дека треба под итно да закажам на гинеколог
Срцева реакција кај сите во различна недела се слуша.Најчесто од 6 недела па нагоре. Да можеш да закажеш преглед кај гинеколог,сега може да се види точка на ехо.
исто и бетер бев. Неделава сум 11та недела и 8 сати ги поминав на работа прва смена од 6 до 2 а остатокот во спиење. Ми се лошеше многу од 5та до 11та недела црева извадив сега недела дена се подсмирив ама денес пак имам слабо гадење. Што да се прави ќе издржуваме. За чајчиња смееш освен мајчина душица и жалфија,јаки се. Не ми текнува за други. Можеш нане камилица хибискус брусница липа.... Тие се најдобри
мене со првата бременост докторката ми кажа кога е вгнездено т.е оплодено и кога пролистав низ календар наназад ми притекна дека точно кажала.
Во неделата требаше да добијам. Направив тест во вторникот, позитивен ама бледа линија. Денес го повторив, јака втора линија. Се јавив на гинеколог, ми закажаа на 13.02. До тогаш ве дружам, и се надевам дека ќе е сѐ во ред.