Со лесно нека ти е бременоста. Ќе се дружиме и јас сум тука некаде. Сакав да те прашам какви симптоми имаш? Јас имам болки во стомакаот како пред добивање, болки во грбот и јаки болки во градите. Се надевам дека градите нема цела бременост вака да ме болат.
До пред да добијам - истите болки стандардни пред добивање. До пред два дена матката ме болеше по малку како секој момент да ќе добијам. Веќе се олабави некако ама се осеќам подуена малце како со воздух во тој дел. Градите премногу ме болеа до пред неколку дена, сега гледам и тие олабавија малце. Ќе помине за брзо, да се потсредат малку хормоните.
Труднички секој ден долниот веш ми е како да сум се подмочала со извинение , буквално мокар е ...нормално ли е и од што може да е тоа ?
Нормално е,во бременост вагиналниот исцедок се зголемува благодарение на хормонскиот земјотрес во организмот, се додека е безбоен без мирис и не чеша, се е во ред.
Дада не ме чеша, ништо безбоен е баш како водичка, а ставам кринон и прогестерон депо ништо чудно и од нив да ми е ми падна на ум @Emma2 и ти ли леле врв сме
Јас немам такви проблеми. Можеби зошто сум на почеток. Инаку тука читам дека и притисокот многу паѓал и скоро на секоја трудница многу и се спие, особено на почетокот на бременоста, што кај мене исто така не е случај, дури може да се каже дека имам и несоница.
и јас сум со иста мака. Којзнае може неосетно се помочувам си прикупив гаќи да менувам место да ми текне секојдневни влошки да си земам
Да, да и јас мислев од кринонот дека е, ама еве викаат и без тоа ќе сме си се влажнеле...тоа е свикнав веќе, преку ден секојдневни,навечер туш... тоа е..ќе се тера.. Хахаха море и ја 100 пара гаќи прикупив, пак ти требаат дека за поголемо меше големи броеви, а и секако пак мењам секоја вечер... корпана за алишта само со мои огромни гаќи е
Трудници да ве поздравам. Јас од вчера некоја тапа болка на десна страна си трпам. Почна со боцкање на работа па се смири на спиење и денес си продолжи со помал интензитет. Знам дека си е нормално ама ај да не се грижиш. Иначе утрогестанот ми прави револуција обавезно еднаш ноќе станувам со болки и гасови ке се исвиркам што се вика како ноќна птица на вц и пак на спиење. Ви прави ли на вас вака?
Ај од мене уште едно прашање за денес ... овие два дена незнам што ми е, и од малку јадење уште не дојадена што се вика, од нигде никаде знае во стомакот да ми се превртат цревата, и да имам огромни нагони на повраќање...а мн сум тешка на тоа ич не можам, и се борам не ни знам како се воздржувам да не си истурам цревата со леген легнувам до мене и по 3 мин лежење ќе ми помине...и не ми е јасно јас на почетокот не осеќав вакви работи дури сега ... нели ова треба да се симптоми на стартот или грешам јас ?
И мене ми беше така и јас се спремав со леген и оп...ќе ми помине...Тоа ми беше 8,9 недела.Сега сум 10 и малку ми се јавува и ми поминува.Нека кажат поискусните дали е нормално.Те
Оф ужас многу неубаво чувство мислам ќе се истурам, а доага како гром од ведро небо страв ми е било што да каснам...дур ми се гадеше се трпеше без проблем, али ова не... Инаку за скрининг ако добро се секавам во Систина ми рекоа можело од 11-13 или 14 недела да се прави...али не ме факај за збор дали е тоа точно оваа таа на пултот ми го кажа...ти таман ке отидеш 12 недела и некој ден тоа значи ќе си влезена во 13, и одма по него направи си пренатален тест, али уште од сега се информирај се за сите нив и види што ќе ти одговора...ги имаш Нифти, Верифи, Панорама, и Хармони, и Бејби тест имаш во Авицена ...те гушкам
А зашто да прави пренатален тест ако веќе оди на скрининг? Пренатален се прави во 10та недела , дека не ти се чека до прв скрининг. А во 12та на регуларниот прв скрининг кога ќе одиш ќе ти кажат доста работи, поточно се! Се прават мерења преку кои дознаваш се што треба.
Хах.. срце грешка си Не се прават тестовите од што нр ти се чека, на тие тестови се испитува крвта на бебе преку крв на мајка, а што се може да се испита преку крв не може и на скрининг. Доколку е исто немаше да фрламе по 700 евра за чекање 2 недели. Во прва бременост правев скрининг во 13 и дознав дека е бебе позитивно на даун и безброј +маани заради кои бременост мора да се прекине. Сум го фатила последниот воз за абортус инаку ке сум го раѓала мртво да сум почекала уште една нед. Обично се препорачува за жени +30год ради поголем процент на можност за аномалии, ама дека е модерно време модерни болести се јавуваат и кај помлади како што се деси кај мене на 20 год таков плод. Боље порано да дознаеш за да реагираш него покасно. На прв скрининг само мери нухален набор и гледа носна коска стрикно за даун, а распрашај се што се се гледа во тест преку крв.
Срце јас си направив пренатален тест во 10та недела, па после во 12та си бев на скрининг. Изгледа не ме сфати шо сакав да кажам а може и ја не се објаснив. Софија и викаше да направела првин скрининг па после пренатален, на тоа укажав, тоа е веќе касно, разбираш? Иначе, добро знам се јас, се сум упатена, не за џабе го правев толку рано за да не дај Боже се прекине на време. Жал ми е за тоа што ти се случило, и во други теми те имам читано, ама важно си сила и одиш напред,едно големо браво!!!