А да тогаш е ок, не сум читнала наназад ама ми упадна у очи дека е тестот оти си нестрплива па затоа пишав.. во тој случај се сложуваме, секако прво се прави тест па скрининг.
Мила мене ми рекоа од 9 , 10 недела па натаму се прават тие тестови..ми рекоа без проблем и 11, 12 недела се прават...мн жени ги прават одма по скрининг...а би ги правела ради уште плус уште една потврда за не дај боже за да сум сигурна, би сакала прво што ќе каже др на скринингот па уште утредента да одам на скрининг, со тоа имам доволно време за било што да реагирам не е касно воопшто... имам читано дека овие тестови не се прават ни премногу рано зошто можно е да не се покаже валиден резултат, а вака со потврда од докторот што понатаму ќе знам на што сум...затоа и пишав дека може одма по скрининг да си оди, што е до мене не би ризикувала да избрзам тоа е само мое мислење сепак секој си знае кога, како што нели ...а со тестот по скрининг ќе имам само уште една потврда плус дека се е супер...за нас со близнаци и така се испитуваат само три работи па побитно ми е скринингот да помине, а ова ќе ми е само нешто плус потврда дека се е во ред
Веќе сум 5 та недела и денеска се јавив да закажам на гинеколог и ми закажаа дури за 1 месец. Тоа значи помеѓу 8-9 недела. Ми рекоа дека сега нема зошто да одам и онака ништо неможе да се види. Инаку пред да забременам бев на гинеколог онака чисто на преглед и резултатите ми беа добри и од вагиналното ехо и од пап-тестот. Во која недела од бременоста бевте вие за прв пат на преглед?
Женички дали правевте Торч тест ? И ако да во која недела и каде...зошто прееска случајно јас ја прашав сестрата на матичниот и ми вика зошто да го правиш, кој ти рекол ти веќе си бремена тоа се прави ако претходно си имала некои вируси или спонтани абортуси...па ме интересира дали е ова навистина точно дека не треба или ?
Мила првиот преглед е токму во 5-6 недела за утврдување на срцева акција и дали е плодот вгнезден во матка каде што треба.Тој е прв и најбитен преглед на самиот почеток.Потоа може во 9,и во најбитниот втор преглед на почеток на бременоста а тоа е од 11-14 недела кој вклучува скрининг,крвна слика,уринокултура.Секое добро
Прочитај го моето искуство после 13 недела ако не е со бебе нешто ок се раѓа мртво, не може абортус, затоа се прави пред скрининг
дада го прочитав и баш ме замисли право да ти кажам ќе размислам нешто порано да направам, јас така имав решено ради тоа што прочитав дека постоело можност да не е валиден резултатот ако се направи порано, и затоа и они викаат после 9, 10 недела, али ќе видам деновиве уште еднаш, сепак имам време јас па со Господ напред само.
Па во 10та недела се прави не во 9та... сите тестови мислам од разни фирми го прават од 10та! Се чека 6,7 дена за резултати. А ако го правиш после скрининг (12ра недела) веќе ќе си влезена во 13та, па резултати тек 14та, а некои па и каснат со резултати,една членка 10 дена ги чекаше и незнам кога воопшто и стигнаа... така да може и 15та да те фати ... убаво Ени ти кажа, тргни од нејзино искуство, ако веќе си решила да правиш пренатален. А ако ти е првин да чуеш мислење од скрининг па ако е добро да заштедиш да не плаќаш за пренатален тоа е веќе друго...
Со првата бременост ми имаа закажано во 7ма недела некаде (последен циклус 24 март а преглед 13 мај - имав тогаш доцна овулација). А сега ми закажаа почеток на 8ма недела (последен циклус 22 декември, преглед 13 февруари). Сѐ зависи кога ти била овулацијата. На првиот преглед према менструација ми беше некаде 7 недела + нешто, а према димензии беше 6 недела. Знаеш ли како си со овулациите? Дали си водела евиденција за фоликуларна / лутеинска фаза? ТОРЧ со првата бременост правев одма после првиот преглед кога се потврди бременоста.
Не сум водела никаква евиденција. Последната менструација ми беше на 25 ти Декември. На 3- ти ти јануари бев на гинеколог и тој ми кажа дека 6-ти,7- ми и 8-ми ми се плодни денови.
Сите тестови се прават најрано од 10+гн. Ти потенцирам најрано. Инаку шанси да е рез. Точен се 99,97(99,99)% па ти види колку може да си во тие 0,03% или во 0,01% да не ти се точни.. по парите ке разбереш дали вреди, а и по споделени искуства..
да да знам имам многу читано, за вредење не ни правам муабет уште пред да останам трудна знаев дека некој тест ќе правам тоа не ни размислувам , мене муабетот ми беше друг најдобар тајминг за правење кој јас сметам дека треба да е близок со скринингот...а и кај нас со близнаци е друга приказната не се испитуваат мн работи како кај тие со едно, затоа и сметам дека скринингот ми е мн битен,а тестот само некоја плус потврда за трите трисомии..
Sofi jas prviot sirining go pravev vo 12 plus 6 dena istiot den mi zemaa I krv za priska i togas rekov ako nesto ne e vo red so priskata I so skriningot togas ke gi pravam tie skapi testovi za da bidam soremna otkako ke se porodam na toa sto go pokazal toj test veeifyty li Kako se vikase zaboraviv
Мече и јас сакам така да направам ама дека имам 39 и одма ма праќаат на скапите скрининзи.Не знам дали би ме пуштиле со скрининг и приската.Или тоа на моја одговорност.