Затоа и некако се мислам дали воопшто да го правам тој торч тест, се некако како што читам највеќе по спонтани абортуси сите правеле
На сопствена одговорност би било, со сила никој ништо неможе да не натера, заради возраста пожелно е да се направи или пренатлен тест или амниоцентеза.
Дали кафето претставува проблем во бременоста? Јас почнав да избегнувам. Пијам или по едно на ден или ниту едно. Дали безкофеинското кафе исто така штети при бременоста?
сигурно не се налеваш литар дневно, еднаш у ден е ок.. обично кафе и бременост не оди пти ствара киселини мачнини ама ако ти годи пиј си, мене пример ми го стабилизира притисокот ептен ми прија ама не го пиев оти ми се гадеше, сега при крај почнав пак да го пијам со млеко еднаш у ден или ич. Ова за турско, а нес и мајкијато цела бременост пиев кога ке ми се припиеше
Не е ништо страшно јас немам спонтани, ама го правев... Ти кажува процент на Антитела во крвта, и според мене е во ред да го направиш, така ќе знаеш кои Антитела ги имаш, за во случај не дај боже во овие 9 месеци заболиш од некоја од тие болести и бактерии...
Мила, а битно ли е во која недела се прави тестот зошто јас сум трети месец? И каде се прави тестот да знам за каде упат да барам, и за што да гласи Торч испитувања или секое посебно треба да го напишат ?
Па јас го правев од 9-14 недела не се сеќавам кога.. Бидејќи сум од Охрид го правев во Дијализа Струга.... Еве што е https://acibademsistinababy.mk/brem...cna-bremenost/27-torch-infekcii-vo-bremenosta ти земаат крв од вена само тоа, ништо не е страшно... На упатот поши, испитувања во бременост - торч тест
Ако си од Скопје јас го правев во институт за јавно здравје, кај мин.за здравство се наоѓа. Гинекологот дава упат, ти земаат крв и чекаш резултати.
Епа веројатно видел дека кај и да е ќе созрее фоликулот и ќе настапи овулација. Сега за сега терај со броењето од последна менструација па кога ќе одиш на преглед ќе видиш према димензиите на плодот. Секако ќе ти ја водат бременоста од последна менструација. Мене така ми ја водеа и секогаш бебето заостануваше една недела - и секаде објаснував дека имам касна овулација и не е зачнато на 14ти ден од циклусот, туку на 21. Разлики се ок, само ме треба да се големи. Јас сум на 13.02 на преглед. Ти? Јас не правев по спонтан туку најнормално во бременост. Не е на одмет да си направиш превентивно. Некои работи кои се испитуваат од торчот (пр. Токсоплазмозата) подлежат на терап
Јас на 21.02 имам прв преглед. Дали примаш Фолна и од колку mg? Јас ја земам веќе 3 месеци од 0,4 mg, незнам дали треба да се зголеми дозирањето во бременост или не?
Мене никој тука не ме советуваше за фолна, ама знам од првата бременост дека одма гинекологот телефонски ми кажа да земам фолна. Па према тоа, отидов тука во аптека и си купив. Поделени се тука на две фази - фаза 1 додека пробувате за бебе и до крај на 12 недела… а после е фаза 2 до крај на бременоста и за време на доење. Во фаза 1 има 800 микрограми Б9 (фолна) во таблета и земам една на ден. Има плус јод, витамин Д3 и Б12. Во фаза 2 сѐ е исто само фолната е 400 микрограми. На да мислам дека 400 се доволни. Во МК мислам дека има само 400 и такви пиев.
Девојки закажав за утре на преглед да одам на гинеколог, ќе бидам 5+1 . Ќе се види ли нешто? Да не е рано? Вие од како дознавте дека сте бремени кога првпат бевте на преглед?
Баш тоа погоре го дискутиравме. Некаде околу 7-8 недела обично закажуваат за да може да се слушне срцето. Може ќе се чуе нешто кај тебе.. ама може и не. Не се паничи ако не, ќе одиш пак за недела - две. Пиши како ќе поминеш! Со лесно!
Прв пат на 5+5 бев,слушнав и срцева акција,но според мерките што ги зимаат на ехо плодот мој од сам старт е 1недела плус,сум имала рана овулација. И сега да отидеш убаво е да видат дали си е вгнезден во матката,или најдобро за 1 недела
Само сакус ќе видат, за 2 недели некаде 6-7 недела ќе те викнат пак за да се види срцева акција ... Кај менњ беше така
Како помина на доктор Обично најубаво е да се појде накај 7ма недела за срцева акција ама и сега ќе се виде сакус на ехо и пак ќе ти закажат за брзо
Здраво од мене. Јас сум 13+1 мислам дека по полни 14 недели влегувам во второ тромесечие. Со лесно на сите.