Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Ајде сега споделувај искуства. Колку пати до сега беше на преглед и на колку недели? Дали ти дадоа да пиеш нешто? ...
     
  2. belmoni

    belmoni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    Бев на доктор- ми потврди докторката бременост. Рече се е во ред, сместено е кај што треба.
    За две недели контрола за срцева акција.
     
    На joy1, Adeline, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Имав премногу мачнини. Цело време чувствував дека во грлото имам застанато храна и ми идеше нагон за повраќање. Стомакот ми кркореше и ми беше подуен како камен. Првиот месец бев умалаксана и постојано ми се спиеше. Потоа само проблем околу варењето на храната. Некои продукти ги немам пробано овие месеци. Ми доаѓа нагон на повраќање само што ќе помислам на благо и кафе а не камоли да го пробам.
    Во врска со посетувањата на гинеколог пиев фолиод од десета недела и сега ја пијам втората доза. Малку ми е слабо железото и ми даде таблети железо со цинк. Петокот направив крвна слика и урина и брисови за микробиологија. Фала му на бога немав ни бактерии ни габи. Белото прање ми се задебели од самиот почеток и јас се плашев дека имам некоја бактерија но докторот ми рече дека е тоа нормално но за да го разредиме ми препиша 10 вагиналети од кантарион на природна основа и моментално имам искористено 2. Па како ќе бидам ќе ви пишувам.
    Утре ќе правам испитување за даунов синдром. Се надевам се ќе биде во ред :)
     
    На koritsaki, eta, Ive13 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Уфф прилично лошо искуство. Се надевам дека во второто тромесечие полесно ќе поминеш.
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    И јас сум со многу мачнини, првите недели не се чувствував вака, ова како сега да тазе сум дознала за бременоста :whew:
    Ми се гади од секој мирис на храна, желудникот ме боли не можам ништо во уста да ставам, а кога ке земам три залчиња и црева ми се вртат и почнуваат нагоните за повраќање, овие два дена од време на време имам чувство ко да некој ме сече со нож на стомак....навистина не ми е јасно зошто сега во трет месец почнаа овие работи и кога ќе почне тој апетит да ми се отвора јас воопшто не јадам ни за еден, а камоли плус двајца...сакам и јас да качам некое кило аман кога веќе ако не сега(facepalm) :?::shake:
     
  6. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Јас само пипер љута и сол јадев. Си макав со лепче :lol:. Нешто да се јаде
     
    На marchi-cool, koritsaki и Софија 88 им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.400
    Пол:
    Женски
    Леле кога те читам како да се читам самата. Исто ми е и мене... 4 кила сум ослабела месецов.. ми е страв да не му наштетам на бебето, ама ни со арно ни со сила ништо во уста не можам да протнам. :( И тој еден ѓеврек 3 дена го јадам и тоа на рати по цел ден.. на друго не можам да помислам од се ми се гади, само јаболко јадам редовно за киселините ми помага малку од малку...
    Не знам што ќе се праи вака..
     
    На Kaetana, lilo и Софија 88 им се допаѓа ова.
  8. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Моли се да ти поминат полесно првиве три месеци :). Потоа да се надеваме ќе биде полесно. Сега малку ми е подобро. Фактички од тринајста недела но сепак после ручек имам повеќе гадење, а до 17 час полесно ми е.
    Јас пак портокал и кисели киви јадам
     
    На Kaetana и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Оф душо ај добредојде во клубот , и јас скоро две кила ослабев место да качам , а слаба сум по природа и баш сум загрижена до кога вака без апетит, со мачнини , гадења и мене ме загрижува како бебињата ќе качат килажа ако јас вака не мрдам, дур качам јас ќе се породам, незнам другите од кога почнале килажа да ставаат али ова нашево .. :envy:(facepalm)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. belmoni

    belmoni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    Нормално ли е да немам никакви мачнини?
    Сите се жалат од повраќање,гадење, лошење, а јас ништо од ова, или пак рано е?
    Како да не сум бремена.
     
    На S.J.Parker, Emma2, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Мислам кај и да е ќе почни.
     
  12. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    ич да не се секираш и тоа како допрва ќе почне се, не ги повикувај крај ќе им нема хаха шала на страна да не те исплашам нешто случајно, али тоа е организам во прашање секој различно си поднесува...јас баш пишав погоре, првите недели имав сосема други симптоми, сега други кои мислев дека само на почетокот ги има али еве не... во принцип рано ти е за било што, ... ти честитам на бременоста, и ти посакувам без маки да си ја истераш (fingers):hug:
     
    На Kaetana и belmoni им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    108.314
    Пол:
    Женски

    Кај сите жени е различно ова со мачнините и повраќањето , јас имав некаде од 9та недела и тоа кога се возев во кола само повраќав (до кај 4ти месец). Се на се 2-3 пати ако имам повратено. Потоа се смири се и мислев на моменти дека не сум бремена :D
     
    На lilo, Kaetana и belmoni им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Јас сум ко тебе. Ништо не ми е.
    Со претходната бременост не повраќав ама некаде околу 7 недела до кај 9 ми се гадеше од сѐ. Уште полошо - барем ќе повратиш, ќе ти олесни. Вака цел ден гадење.

    А сега немам ништо, ама рано е - 6 недела сум (5+5).

    Туку јас овие 2 недели имам 5,5 кила симнато. Намален апетит а и на диета сум (морам да бидам и да пазам многу што јадам, затоа што имам премногу кила). Се надевам не е фрка што слабеам, особено што не дозволувам да се изгладнувам, туку внимавам што и колку јадам.
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    183.400
    Пол:
    Женски
    5 кила се многу за 2 недели, ама доколку внимаваш и се храниш здраво не би требало да е проблем.

    Јас на пример бременоста секако ја почнав со 10 кила плус, ама не сум во состојба да се хранам здраво затоа и сум загрижена. Од се ми се гади и повраќам. На ѓеврек и сирењак сум, чат пат банана и јаболко, и сега последно бисквити со млеко - попара и тоа ми се оброците веќе месец и кусур, и бонбони и карамели лижам после повраќање оти ништо не ми помага за одвратниот вкус во грло и затоа и се загрижувам, и свекрва готви и маж нон стоп купува, ама џабе не можам ништо друго да стаам во уста.
     
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    нормално е. Јас со првото никаква мака немав ама баш ич. Ни мачнина ни гадење... Баш како да не сум бремена. Ама барем еден ден да имав да речев имам симптоми на бременост. Мазала. За разлика од сега...:envy:
     
  17. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Девојки се исфрлав од фемибионот нозете ми се партал а имам по некој осип и на рацете. Докторот ме искара што не сум кажала порано и ме стави на тифол сега. Чекам да прикине да ми искачаат нови, а во меѓувреме што да правам со чешањево ми иде кожата да си ја откорнам?!
     
  18. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    9.790
    Пол:
    Женски
    Ве молам за мислење, бремена сум 10 г.н со ивф. Секрет имам прозирен како вода, а понекогаш бело жолто како белка од јајце. Во последно време имам некоја непријатност и чешање, уште примам по 1кринон гел навечер. Денес на своја рака ставив малку крем канестен, па имам подобрување. Но се плашам да не е штетно бидејќи нема поминато 12гн, а некаде прочитав дека до 12 гн не се примале никакви лекови. Дали некој имал нешто слично. Фала многу
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    На почеток на бременост доаѓа до пад на имунитетот и најчесто тогаш се појавува кандида. Меѓутоа сигурно прво брисеви ќе ти земат па ќе ти дадат после соодветна терапија. Јас без советување со лекар на своја рака ништо не би ставала.
     
    На Septemvri му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Ајде еве и од мене мислење. Од прв ден ни гадење, ни мачнини, ни повраќање. Фала ти Боже!
    Само апетит машала...
    Иначе, 19+2 сум!
     
    На Adeline, Martka и eta им се допаѓа ова.