Прозирен секрет сеуште имам,т.е секој ден имам (19+2 сум)..ако не е со јак мирис и ако не те чеша или слично немаш гајле, терај... е сеа секојдневни влошки ќе ти одат како алва ама тоа не е тема на муабет
Нема мирис, единствено си ја осеќам кожата иритирана и повремено чешкање. Брисови во 13гн, си мислам кринонот да не ми прави иритација го примам веќе долго време. Како и да е ке мора да го консултирам лекарот. Ти благодарамEmma2
земи од онаа течна пудра од аптека. Бела е. Јас за секаков осип ја користам. И при алергиска реакција и при каснување од инсекти. Не е штетна и одлично ми се покажала. канестен се препорачува но никако на своја рака. Треба веднаш на лекар и да му кажеш. Бременоста е доста комплексна и сериозна работа.
Девојки ние од прво тромесечие некако заспавме. А и тоа ми е работа во последно време само јади и лежи по ново. Алергијата ми се смири сега еден хематом пробувам да смирам. Не ми беше вака планот сакав да си бидам активна да уживам во бременоста. Но и ова се трпи и се ке направам само бебуш да си расте нормално.
@Tsukinory Чекам да пројде ова тромесечие, да ми дојде енергија зашто вака баш само за лежење и спиење е работата, добро и по малку јадење . Одмарај сега, има време кога ќе бидеш активна
Кај мене почнаа лошења. Ме болат градите премногу. Кичмата исто. Киселини имам и ми се гади. Ме боли и стомакот. Цревата ми се мрднати. Не можам да дочекам до среда на преглед. Големо нетрпение ме јаде.
ќе уживаш,има време,нека помине првото "најтешко" тромесечие,да ги прежевееме промените после ќе уживаме.
Леле женички цело време ждригам ( со извинение) и кога ќе ждригнам ми се враќа течност и мора да плукнам и се си мислам дека ќе повратам, и ми се лоши. ви се случило вакво нешто не некоја?
Седма. Исто. По цел ден. Не повраќам ама ми е лошо. И цревата ми се крш. Мислам дека сме тука некаде со бременоста - последен циклус ми беше 22.12.
Миличка јас само што ќе ждригнев повраќав до 19 недела секој ден.што би ти кажала нормално е ти си сега на почеток мислам дека те читав низ форумов.јади лесна храна од која помалку ќе ти се гади пиј течности за да не дехидрираш и одмарај си колку што можеш повеќе.со лесно да ти е бременоста
Еве и јас да ви се придружам. 6 та недела сум ама еве оваа последнава недела некако лошо се осеќам, ми се гади на сабајле, гладна сум секогаш а неможам се да јадам зошто ми се лоши, притисокот ми е низок, немам мотивација баш ама за ништо. Ама и покрај тоа одам на работа секој ден до 5, потоа нешто јадам и легнувам. Среќа што можам сеуште да работам па работата некако ме одржува у форма.
Јас и ти сме исто јас имав последна менструација на 25 во среда ќе одам и јас срце да слушнеме тогаш ќе бидам 7 +1 тогаш. Сум пишала претходно на 26 последна менструација сум згрешила дури сега забележав. И мене ми се лоши повремено. Стомакот подуен. И така
И јас сум со вас и мојата последна менструација почна на 25 Декември. Преглед имам дури за две недели.
@Ana-lib лелее па јас и ти скроз сме исто Лелеее луѓее мене пролив ме фати. Гасови надуеност. катастрофа. Едвај чекам да си дојдам дома од работа и да се испружам да одморам малку
Мене на сабајле ми е лошо, имам и киселини и тоа ме тера на повраќање а и многу сум жедна, како да имам некоја внатрешна температура. Ама се трудам некако да издржам. На работа уште немам кажано, ама кај и да е ќе морам.
Јас последна недела од првото тромесечие. Мачнини поминаа лошење помина нејадење помина све помина... После ми текна абе јас маж сум имала дома. ќути ќе можам да си легнам до него
Од кога го направивме бебето не ми текнало да спијам со маж ми. Некако ми е страв да не искомплицираме нешто. А некако и не сум баш по сексот.
Девојки два дена си крварам по малку од хематомот сите викаат лежи не мисли, и си лежам а за не мислење мислам не постои сила што би ме отргнала скроз да не мислам. Бев во гак ми рекоа врати се и лежи. Не ме ни прегледаа. Држам душа и душичка на малово до понеделник кога ке одам кај матичниот.