Синоќа одам у веце и кога гледам кафеава течност како слична како на менструација кога е последен ден кафеава крвта ама многу малку имаше . и одма во болница заминавме. - Ме прегледа докторот абдоменално ехо рече има гестациска вреќа во ред е. ме буцнаа со утрогестан депо. утрогестан да пијам два пати и магнезиум два пати. Сега веќе немам ништо, гаќичките се чисти. Се исплашив многу, се молам само да биде се во ред и сите господ да не чува и нас и бебушите во нас
па ни јас,секогаш лошо ми беше или ми се спиеше или на работа сум или обврски имам... Ама после си викам греота чоекот...
И ние рековме до прв преглед ништо нема правење. Мора зелено светло прво од доктор, да не се мислиме. Имам читано дека е ок сето тоа, осбено на почетокот, ама нормално дека кога ќе се случи дека ќе испаничиш. Чисто како информација - плашете се од "свежа" крв, црвена. Не од кафеаво. Тоа значи дека имало мало крварење ама нема веќе. А црвена крв значи дека е моментално. Инаку, од искуство - при односи во прво тромесечие да знаете дека може да се случи исто мало крварење ама тоа доаѓа од вагината заради зголемен проток на крв во регионот. Секако консултирајте се со гинекологот, бидете претпазливи, одете на преглед одма, ама муабетот ми е да не се вадите од ум и да си правите одма стресови.
не не до 8 недела никако,може и покасно. Мене докторот ми потенцира треба да се зацврсти плодот да не настане одлепување па не знам што ли уште не.
Ние претходно од одма (6 недела некаде) имавме зелено светло. Ама сепак, секоја бременост е различна приказна. Пред преглед не би, мислам, трпение не е на одмет..
Ne e strasno I da nastane odlepuvanje jas imav odlepuvanje malo odlepuvanje na postelkata ama so progesterone depo so magnezium I so vitamin e se sredi I normalno nemanje odnosi I odmaranje
Сега одам на доктор на преглед кај матичната и срцето ми тупка од страв бидејќи саботата имав кафеава течност. Се надевам ќе биде се во ред. Ти како си?
Немој моево да те одврати. Но јас веќе неможам да ве дружам, го изгубив на 8 недела. Ми пролизна низ раце. Готово е. Имав хематом крвареше од четвртокот, не издржал срценце мое.
Бев на преглед денеска има гестациска вреќа, ама нема ембрион. 7 недела утре ќе полнам и Ми падна сумливо заминав за систина. Таму ми кажа Бојаџиев дека нема бременост и мора да се чисти. Матичната вика да почекаме рано е , незнам што да правам, збунета сум премногу.
Леле девојки ме исплашивте, што стана сега од еднаш. Јас уште немам појдено на преглед, сега веќе сакам одма да тргнам да видам што се дешава кај мене. Дури следната недела ми е прегледот. Кај една другарка исто некаде 6 та недела беше и отиде на преглед и и кажаа дека нема плод има само меурче, по една недела беше пак на преглед и се виде срцева реакција. Незнам што да ти кажам, да не е исто и кај тебе? Сепак да ја послушаш матичната?