Мешиња бевме денес на контрола 7 недели и 3 дена,сме пораснале од4.4 на 12.3 мм.хеххе.Го видовме и срценцето си чука,ни дадоа да направам крвна слика од понеделник.И така.Позз од нас.
Убаво, леле баш се радувам за срценцето твое...Мене матичниот ми е отсутен а едвај чекам и јас да го чујам срценцево на моево ајде препорачајте некој на приватно да одам?
Sakam da ve prasam edno prasanje bremena sum 11 nedela pa sega vo vtornik mi dade doktorot upat za skopje za priska1 da mi zemaat krv od vena pa neznam dali treba na gladno da mi zemaat krv i dali smeam da jadam ve molam za sovet odnapred blagodaram
Тинче, многу ми е мило што го слушна срценцето, сега можеш да бидеш помирна и да си уживаш. Дај Боже и ние да си го слушнеме и да биде се како што треба
Јас проверував во 12та недела заедно со брисевите, па матичната ми напомена да бидам гладна и да отидам порано. Е сега ти дека одиш Скопје, најдобро е да се јавиш до кај матичниот гинеколог да си прашаш па најубаво ќе ти каже.
Јас приската ја правев попладне, после работа отидов, на ГАК замаат крв за приска до 18 часот, и нема никаква врска дали си јадела или не затоа што тоа не е класична крвна слика и резултатите не зависат од тоа дали си била гладна или не. Ми рекоа само дека е важно мерките од ехо и замањето крв да бидат во еден ден, тоа најмногу влијаело на конечните резултати.
Немам правени такви испитувања и не занам јас треба да одам на скрининг на 4д во 12недела наредната недела е сега вака имам еден проблем кој претходно не сум го почуствувала ,вцера ми се случи една силна вртоглавица мислаев гостово ке се онесвестам за секунда и нозе и раце ми се пресекоа се блокирам цела баги се испалсив инаку сум 11недела па би ве замолила за некој совет нормално било главоболки и втроглавици ама јас се доста исплашив пошто сум сама дома сопругот ми е на терен си доага во четврток од терен па сум малку збунета..поздравче месиња убав ден и совет пишете ми некој..
Случајна немој да се грижиш многу кажуваат дека имаат вртоглавици во бременост. Гледај да имаш нон стоп до тебе нешто благо и сокче, може ти паднал шеќерот. Одмарај си и не станувај нагло, пополека само, мене ми се има случувано пред да останам бремена поздравче
Девојки јас утрово имав исцедок со модро кафеава боја се испласив ептен засто зад мене имам еден спонтан и отидов веднас на лекар. Сум ептен во рана бременост 4+4 но сепак си ја видов црната тоЧка внатре во матката . Ми кажаа апсолутен одмор барем една недела да видиме како ке се одвиват работите и ми дадоа вагиналетки PROGEFFIK 100 да ставам навеЧер. Дали вие имате слуснато за овие вагиналети? Ми рекоа дека се за поддрска,јас прв пат слусам за нив ама не сум во МК, можеби овде дават такви. Молам бога овој пат да биде како сто треба
Ке си одмарш нема да се напрегаш и ке си ја примаш терапијата како што ти кажал докторот тие вагиналетки се највероватно за подршка и не се секирај се ке биде во ред ,лесна и убава бременост,честитки за тебе.
Како си се зареков повеќе ништо нема да кажувам Утрово имав страшни нагони за дури и ми се слоши... А мислев ќе ги одминам... Што е тука е, мора да се издржи за нашите малечки, ако знаете некој лек помагајте
И јас имам сличен проблем, иако веке сум 14та недела, сеуште повракам... но ако претходно повракав секој ден , сега на 2-3 дена еднаш - лекот го најдов во плазма бисквитите и некои незачинети крекери - мене навистина ми помагаат за да се ублажат мачнините
chache87 јас и ти изгледа сме исти со симптоми. и јас на истото се радував ама не долго.Јас преку ден не чуствувам ама буквално ништо,ама затоа кога ке си легнам навечер еве неколку дена маки мачам не можам да заспијам од толку што имам нагон за .Ама се надевам дека брзо ќе помине.
Друштво како сте јас сум во 11 недела ама овие денови имам како некое боцкање и печкање во долниот дел од месето односно во јајниците и имам болки во кичмата као стоите вие со болки молам за совет ако може да споеломе искуство.поздрав и убав ден ве нема нешто никој не пишува ништо.
Девојки имам едно прашање за вас, бев на гинеколог ми потврдија бременост тогаш бев 5та недела и докторката ми кажа дека плодот имал неправилна форма не бил добро оформен т.е. не бил округлест но ми рече дека не е толку загрижувачки бидејќи уште сум во раните недели и дека ќе се оформел само за 10 дена да сум одела на контрола да го слушне срценцето дали чука веќе сум влезена во 6та недела дали на сите ви кажуваат во таа недела се слуша срцевата акција и какви апчиња ви препишуваат?Мене ми препишаа фолна киселина и утрогестан.
Драга ели03 само без нервози и стресови,јас кога ми ја потврдија бременоста бев скоро 5 недели,и матичната ми рече да пијдам за срцева реакција за 2 недели.Ама нас некако не ни се погодуваа смените таа работи само од сабајле,а и јас бев тој период од сабајле на раб.Кога конечно успев да се сменам на раб појдов на гинеколог срцева реакција имаше и бев бремена 7 недели и 3 дена.Откако ми ја потврдија бременоста пијам само фолна и б-6 витамини.Др ништо не ми рече.Мислам дека кон крајот на 6-та недела веќе би требало да има срцева реакција.
Ели твојата ситуација ми личи на мојата, имам пишано погоре, отидов на 5 недели и ми кажа дека е подоцна зачнато и дека обвивката има неправилна форма. Кај мене беше најверојатно од грчевите, ги имав многу, ми дадоа магнезиум, фолна и утрогестан. Опушти се и уживај си,примај терапија и се ќе биде добро, и јас се загрижив но не се ни гледа плод на 5 недели, камо ли да има неправилна форма... Многу е рано