Штотуку дознав дека сум бремена и според пресметките сум веќе 6та недела (од почетокот на мојата последна менструација). Малку сум испаничена бидејќи е викенд па не можев веднаш да се консултирам со мојот гинеколог и да закажам преглед а и страв ми е дека ќе треба да почекам некој период пред да ми го направат прегледот на државно. Идни мајкички споделете искуство, што ви кажа вашиот гинеколог при првиот преглед, на што да се внимава?
Инекцијата не е за тоа дека си негатив. Таа се прима во 27ма недела. Тркни на дежурен да те зирне може ќе ти препишат да примаш прогестерон депо ампула или утрогестан за подршка не чекај до следен редовен преглед. Требало уште првиот пат кога си видела крв да реагираш. Ништо страшно ако одиш наредна недела на преглед, освен ако имаш некои тегоби или крварење. Во оваа недела може да слушнеш и срцева акција. Со среќа
Јас прв преглед направив во 8 недела, за да може да се види срцева акција со сигурност. Во меѓувреме само фолна киселина пиј, одмарај кога ти се одмара. Се друго најнормално како и претходно. Со среќа и со лесно
Мене ме гледаат и вагинално и абдоменално,но не се секирај не е ич страшно.Опушти се....Секое добро мила
Ти благодарам имам пеијателка 1 недела е пред мене нејзе од 11 недела ја гледаат абдоменално а мене до сега само вагинално ме гледаат. Знам дека не е страшно јас сум гледана и гледана вагинално во борбата со стерилитет
Здраво девојки Правев тест и позитивен е. Многу сум среќна, а и доста исплашена! Имав еден спонтан со missed и ми е страв пак од истото. Цело ввреме сум како подмочана ми тече проѕирна течност и само одам во тоалет со страв.Гледам позитивно колку можам повеќе да мислам, дека сега ќе биде сее во ред. За две недели се враќам во Мк и тогаш ќе одам на преглед. Пијам фембион и матичниот ми рече да пијам утрогестан. Ништо посебно не пишав, ама полесно ми да се искажам некаде. Со лесно мешиња
@Adams мене Петановски ми кажа дека со вагинално ехо ќе сме до 12-13 недела здравје. Со тоа претставувам и скринингот ќе е така. Ма мене тоа не ми е страв, јас сум "оптеретена" со земањето брисеви и пап. Во матичната немам доверба и ќе си ги правам во Ремедика. Ќе си лупнам плус 4000 ама барем ќе се поштедам од филмови во глава.
Јас денес сум на преглед па ќе видиме а и за скрининг треба денес да ми кажи докторот која ден треба пак да дојдам
Адамс извини ако сметаш дека ти се мешам, воопшто не ми е тоа намерата, само ако веќе сте 12 недела си можела на прегледот во 10 недела да си договориш директно за скрининг. Јас така планирам, ако е изводливо. На две недели сум на контрола, 2500 е преглед. Не се малку пари за спасување. Инаку, сакав да те прашам што ти остави докторот од терапија? Јас од 8+ недела сум со намалена терапија. Пијам имприл, аспирин. Магнезиум, пре мама. Боцкам клексани и навечер кринон.
Честитки за бременоста мила. И јас имав missed во 8ма недела пред шест месеци и сега сум бремена 7 ма недела. И јас сум преплашена но со божја помош се ќе е во ред. Јас пијам фемибион, дабростон и аспирин 100. Дали правеше испитувања после спонтаниот?
Не таман работа не ми се мешаш. Договорена сум со докторот прво преглед зошто сега ги правам на 1 месец контролите и ми рече на денот на преглед ќе се соговориме за скрининг која ден ќе правиме. Терапија примав кринон до 8 недела адо 9 пролутекс имприл аспирин и цикло прогинова. Сега сум само на аспирин и прегназон
Ти благодарам, честитки и до тебе! Немам правено испитувања искрено и не бев многу запознаена. Сите па и докторите ми рекоа дека така требало да биде, дека на скоро секоја втора се случува и јас си го земав здраво за готово. Е, подоцна нонстоп читав по форумот и многу работи дознав од тука и ме фати многу страв. Се молам само сега да биде се во ред и ние да се радуваме барем на една среќа! А ти дали правеше испитувања?
Јас само брисеви, пап тест и ТОРЧ.Испадна на брисевите дека имам уреаплазма и ја лечев 4 месеци. Ајде само позитивни мисли и се ќе биде во ред
Да и јас правев пап и брисеви после прва менс. И кај мене имаше уреаплазма примав терапија и на последните брисеви пред Нг немаше ништо се беше чисто. Само сакав да кажам не сум правела поголеми испитувања, само основните.
Дали имате зголемен исцедок? Јас го имам нонстоп, незнам дали е во ред? Последната менструација ми беше на 1ви Април, сега како се фаќа 5 недела сум? Мачнини немам, од кога се појавуваат буцка сум морам да пазам на исхранатасамо се да биде во ред!