Zdravo od mene oficijalno da se prijavam ovde, denes bevme na pregled go slusnavme na bebusko, inaku ifv sum po ciklus 5+3a dr mi rece izgleda kako 6+1.terapijata mi ja prodolzi i za 2 nedeli kontrola.
Денес баш се јавив ,скрининг 4500,приска 4600 ,искрено не ми се јасни тие фази . Кога се јавив денес во систина и прашувам за двете цена и таа ми вели не ти треба приска ,прво се прави скрининг ако има потреба од приска ке ти каже докторот. и ништо не мие јасно
Јас сум малку во паника. Голем сум паничар па како дознав дека сум бремена само бел долен веш носам и на секое претекување трчам во вц. Ми е страв првиот пат уште кога дознав дека сум бремена цело време имав како кафева крв на бришење. Сега од тоа имам упла ми се чини, и сега баш во вц се бришам и гледам како крем боја накај кафеаво срце ми застана а и имам благи болки Ми е страв пак да не се случи исто
Да подобар ефект имаат ако се ставаат вагинално. Ова ми е докторот кога требаше да ставам 3 по 200мг, му реков дека не ми одговара со работата дали може тоа на поручек да го пијам ми рече не, подобро закасни го некој саат одколку да го пиеш. Прњд трансфер јас примав кринон навечер, па од 12та недела ми замени на 3 по 200 утрогестан, од 16та на две, па од 22ра на едно. Сите настојуваше да ги ставам вагинално. Едно кога е се става навечер пред спиење. Плус да си отидеш на контрола и кај специјалист или да ти појачат доза утрогестан или да те боцнат прогестерон депо. Штом имаш исцедок мала ти е терапијата.
Имам читано дека е подобро вагинално ама и првиот пат и сега матичниот ми кажа да ги пијам. Не сум во Мк си одам на 17 затоа ме плаши. До сега немав, еве денес ама повеќе како крем боја беше страв ми е и повеќе да не биде. Ништо ќе му пишам на матичниот да видам што ќе каже.
Па не правиш нешто страшно ако ги ставаш вагинално без консултација. Да промениш доза без одобрување е. Само појак ефект ќе има ништо друго, секако ти се препишани. И кај нас во градот матичните ги даваат за да се пијат, а специјалисти за инвитро ги препорачуваат вагинално да се дтаваат. Пиши и ништо не губиш ама јас да сум и да ми речат пиј ги или ќе барам објанување зошто а ако не добијам добро објаснување на своја рака ќе ги ставам вагинално. Сепак ти си знаеш
Дада знам сепак од нив нема штета, а кога имаат поголем ефект вагинално подобро така, незнам зошто и ми рече да ги пијам кога имам еден спонтан позади мене. Сега веќе го испив и нема да можам вечерва да го ставам вагинално Од утре ќе почнам. Ти благодарам
И мене ми кажа докторот дека вагинално подобар ефект има. Јас би ти рекла да додадеш и плус уште една вагиналет сабајле, по две на ден, нема штета.
Јас ги пијам орално утрогестанот. Имав цервикален полип, и др.ми ги препорача исклучиво орално. За ефектот дали е ист, мојот гинеколог вика дека ефектот е ист, само што орално на некои им прави тегоби во желудникот, јас немам тегоби го пијам веќе подолго време. Сепак консултирај си го лекарот, тој најубаво ке те советува.
Немам ни јас никакви тегоби, ама дека тука по форумот имам читано дека вагинално е подобро. Искрено многу работи научив од тука, во нашиот град има само двајца гинеколози па тој ни е изборот и не сум многу задоволна. Дали сега треба да се прават пап и брисеви во почеток на бременост? Дали и вие чекате по месец ипол за да стигнат резултатите? Или да си одам барем приватно, мислам дека за една недела се готови
Кај мене се испостави дека има само сакус а ембрион нема денес бев во Плодност битола прекинав терапија ако прокрварам добро ако не мора на киретажа ова мие 3 пат со ред
Последен пат ПАП правев пред да забременам, а микробиолошки брисеви во 13 недела. Резултатите ги добив за 3 дена, испитував на државно во институт за јавно здравје Скопје. За ПАП никој не ми кажал сеуште, и со претходната бременост не правев, после пораѓај бев за ПАП. Читам дека некои прават и навистина незнам што е подобро.
Жалам за тоа што ти се случува, има ли барем некое испитување што можеш да го направиш па да се види зошто се повторува оваа ситуација. Ти посакувам во најбрзо време ова да ти биде минато на кое нема да се сеќаваш, и ке ја оствариш целта кон која си тргнала
Приска на клиника јас правев. Бесплатно е. А скрининг прво кај матичниот па Систина. Иначе да, прво оди скрининг се гледа нухален набор и носна коска, па ако нешто не им штима во Систина праќаат и за Приска (преку крв оди нели), а мојата како и да е по протокол си праќа на клиника.
Пап плати го приватно, добиваш сигурни резултати за неколку дена. Јас прв пат ќе правам брисеви во 18 недела, не знам дали е ок тоа, така ме води докторот. И од 2 утрогестана нема штета.
Здраво труднички! Вчера бев на преглед, едно бебе ќе имаме дефинитивно, со Господ напред, другото не се развива и ќе се губи, така ни кажа др. Е сега сакав да прашам тие што сте со ивф до кога примавте терапија? Естрофемот ми кажаа до 9 недела, кринон до кај 12.. Скрининг закажан кај Петрова во Ремедика на крај на мај тогаш ќе сум 11+4 па ваљда ќе е ок терминот не знам, прва бременост ми е, се ново 11+4 значи дека ќе ја терам 12 недела?