Не се секирај. Јас стигнав до 11+4, ретко ги имам ама сепак се јавуваат. И мене ме вознемируваат и покрај тоа што велат дека е нормално. Баш утрово имав на моменти. Ама мене и со вртење на коски од нестабилното време ми е проследено. Страшен метеопат сум, сега уште повеќе сум мислам.
Здраво мешиња како сте? Контрола имам закажано за една недела, едвај чекам. Имам слушано разни муабети, ама што мислите за лакирање на ноктите и за депилирање на надусните со вит крема, има штета ? Или подобро да си купам ленти?
Мене ми препорача членка Лидера..во прав е сама си правиш крем од него ..едноставно брзо и нема толку киселина во него
Ајде ке почекам и јас додека да си прашам, да видам мислење да не ми е премисла подоцна. Не ми е за рацете, барем на нозете да ми се средени ме нервираат вакви пола налакирани
Исто и јас, се лакирам и фарбам (со истата фарба од претходно без амонијак) депилирам надусници со ленто Веет, а мишки,раце и нозе со депилатор. Никако да се решам да отидам на топла депилација за препони и стомак
Ние вчера бевме на првото ехо, го видовме ембриончето прв пат и срценцето го слушнавме... Не сум доживеала поубав момент... Дури и сега додека пишувам ја чувствувам истата радост и возбуда... За жал и едно хематомче ми најдоа... Ама засега не е страшно како што кажа докторот, да се надеваме дека плодот ќе расте и ќе се развива нормално, а хематомот ќе го снема...
Која недела си @Thallia , многу ми е мило за тебе. Јас додека да отидам на контрола ќе скренам. Значи два дена нема и третиот обавезно ми се појавува исцедок со сменена боја еднаш дневно. Синојка така пред спиење ме извади од памет. Значи незнам точно каква боја беше, дали ептен бледо розе или крем Во мала количина што не се приметува многу, ама доволно да ме извади од такт Некој од вас има ли болки во јајници, незнам дали е нормално ама десниот некогаш повеќе некогаш помалку ми реагира. Дали од промена на времето Отсекогаш ми е поосетлив тој.
Седма недела сум јас Болки во јајниците не сум почувствувала, само повремени грчеви ама тие ги имам од денот на ембрио трансфер, во почетокот беа почести, првите две недели до тестот, сега се поретки и поблаги. Исцедок имам од кринон гелот што го ставам секоја вечер, со друга боја или конзистенција не сум забележала досега,иако откако ми кажа докторот за хематомот почнав некако да се плашам и гледам и по три пати да не забележам нешто како што не треба
Фолна се препорачува да се зема уште кога планираш да правиш бебе. Јас пиев фемибион 1 месец дена пред да почнеме со бебе, по препорака на гинеколог. И на самите апчиња си пишува дека се за од момент на планирање на бременост до крај на прво тримесечие.
Кофеинот е штетен по плодот и треба да се избегнува. Нема точна количина што е безбедна за плодот, затоа се препорачува да се исфрли од употреба. Дури и други продукти се препорачуваат да се избегнуваат како чај, енергетски пијалоци и сл. Замисли како делува кофеин на возрасен човек, и замисли кало би делувало на мало бебе во рана бременост. Јас пред да останам трудна прекинав со консумирање на кофеин, и заради мерак некогаш ќе се напијам безкофеинско кафе. Не е голема жртва, за таква награда.
Вчера бев на гинеколог ми ги даде истите Фемибион па си почнав од денеска.. Иначе не сум некој фан да пијам али сеа мора
Да имам читано дека не се препорачува во големи количини, и останав на едно дневно. Затоа и пишав тука за мислење. Не ми е проблем и воопшто да не пијам, само да биде се во ред. Чај пијам само од брусница и природен сок од брусница.
Девојки јас сум во рана бременост со ИВФ,но ме наболува левиот јајник,секундарна болка како нешто да ме боцка за аекунда,а на контрола сум за 2 недели,дали е тоа нормално,секој симптом ме плаши после миссабортусот во 9та недела ве молам за мислењр
Да имав и менструални болки поготово на денот кога требаше да добијам,сега се намалени,но ова боцкање во јајникот дури ме штрекнува
Девојки, Два дена имам болки во грлото се чуствувам како преладена земам чајчина такви раб, дали смеам за грлото од Др. Цаис од бонбоните што се?
Devojki tie sto se so ifv da prasam ovie dva dena od krinot imam kako belo so crno ili temno kafeno kako topcinja, porano bese samo belo i nekako bev mirna deka toa e visokot od krinon gelot, dali e vo red ili da go baram doktorot, a imam zakazano vo vtornik kontrola.